ЉУБОВНИК СПОРЕД КАЛЕНДАРОТ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Понеделник е тежок ден, петок (особено ако е 13-ти) – уште повеќе. Секој месец не’ пречекува бројот 13 (независно во кој ден од седмицата е), а да не ги споменуваме црните вторници или разните ужасни четвртоци. Може да се каже дека истото го забележуваме и во поглед на личните односи. Токму ќе се опуштиш и во умот веќе и’ благодариш на судбината дека си сретнала “маж од своите фантазии” и… Се покажува дека си западнала повторно во опасни води…

За да се избегнат слични недоразбирања и разочарувања во иднина, послушајте што советуваат цифрите. Кога се запознавате со некој маж, прво што треба да дознаете е на кој датум е роден. И тоа не за да го зарадувате со поздрав или со подарок. Едноставно, тоа ќе ви помогне да востановите доста точно дали воопшто се исплатува да започнете врска со тој човек. Кога ќе го дознаете датумот кога е роден, лесно ќе ја пресметате определената бројка на вашиот нов познаник или можеби иден партнер. Треба само да ги соберете цифрите од неговиот датум на раѓање. На пример, ако вашиот нов познат е роден на 1 јули, нема зошто толку да се мислите и да сметате – неговата определувачка бројка е единица. Ако е роден на 25, ги собирате 2 и 5 и го добивате бројот 7. Има и два исклучоци – не треба да ги собирате цифрите ако тој е роден на 11 или 22. И така…

Број 1

(за родени на 1, 10, 19 и 28 во месецот)

За да го разберете до крај тој маж, треба да поседувате пророчки способности и да користите кристална топка. Едноставно никогаш нема да разберете што се врти во неговата глава. Сепак, едно претскажување: тој не е толку ненавредлив, како што се обидува да се претстави пред Вас. Бидете нежни со него и вашата врска ќе биде романтична и убава. Тие момчиња знаат точно што сакаат од животот. Така што, ако имате потреба од водач, бројот 1 е сосема соодветен за вас.

Број 2

(за родени на 2, 20 и 29)

Тој е непоправлив романтичар. Не го терајте да брза, тој се насладува на играта наречена љубов. Шампањско, еротска масажа и незаборавни доживувања во креветот – тоа со сигурност ќе го имате.

Број 3

(за родени на 3, 12, 21 и 30)

Креативен и восхитувачки. Но ако се решите на врска со тој маж, треба да знаете дека неговото внимание нема да биде насочено само кон Вас. Ќе се наложи потребата да го делите со околниот свет.

Број 4

(за родени на 4, 13 и 31)

Воопшто не е романтичен. Наместо цвеќе, тој поскоро ќе Ви донесе домати. Не чекајте од него да Ви донесе гривна или друг накит, но со него можете смело да влезете во продавница за мебел или за бела техника. Ако живеете со него, со овој маж чешмите никогаш нема да капат, вратите нема да крцкаат… итн. Ако сте практична личност барајте маж со определен број 4.

Број 5

(за родени на 5, 14 и 23)

Тој е вистински сексуален гангстер. Се’ што може жената да добие в кревет, Вие ќе го добиете токму од него. Но внимавајте: се’ брзо му здосадува, така што за да го задржите треба постојано да сте еден чекор пред него.

Број 6

(за родени на на 6, 15 и 24)

Уште еден романтичар. Тој ќе Ве проучува долго, за да го одбере најсоодветниот клуч. Ако сакате некој да Ве носи цел живот на раце, овој маж е за Вас. Но, понекогаш совршенството заморува повеќе отколку порокот.

Број 7

(за родени на 7, 16 и 25)

Велат дека 7 е среќен број, но од тој “мислител” наскоро ќе се уморите. Ќе оди со мрачна физиономија како да го храните само со лимони. Ако му обрнете внимание за тоа, тој ќе биде крајно зачуден: едноставно тие мажи никогаш не мислат да ги изразат своите чувства. Им се чини дека штом живеете заедно, значи дека се’ се разбира само од себе.

Број 8

(за родени на 8, 17 и 26)

Тој не се бори за количество, туку сака да дејствува според принципот: “подобро малку, но убаво”. Затоа пак комуникацијата со тој маж ќе Ви подари не само физичко задоволство, но и храна за умот.

Број 9

(за родени на 9, 18 и 27)

Тој навистина е како некој сочувствителен лекар. Ги преживува сите неволји на пријателите, познаниците и во неговиот дом постојано гостуваат неговите роднини од сите краишта на земјата. Едноставно, затоа што тој не може да каже “не”. Понекогаш поради сите свои благотворни дела може да заборави на Вас. Сакате ли да сте пријателка на тој голем хуманист? Тогаш тој е за Вас.

Број 11

(за родениот на 11)

На светот нема понежен маж од бројот 11. Тој е способен најнеочекувано да Ве одведе некаде во Париз или во Венеција. Но, е и чувствителен, ранлив и многу сака тој да е оној што страда. Така што бидете подготвени постојано да го утешувате и трпеливо да ги поднесувате сите удари со кои (се разбира од голема љубов) тој ќе Ве наградува.

Број 22

(за родени на 22)

Ако во животот го цените оној комфор кој што може да се купи со пари, тогаш овој број може да ги оствари сите Ваши желби. Помирете се со тоа дека во креветот не е толку интересен, дека неговото расположение брзо ја менува насоката, а настапите на раздразливост (особено со одминување на возраста) ќе бидат се’ почести. Простете му го сето тоа, тој едноставно е финансиски гениј.

Тоа е се’. Доста е едноставно. Во годината има 365 денови, некои се успешни за нас и сакаме да не свршат никогаш. Други обратно – ни носат болка. Треба едноставно правилно да го избереме денот. Исто така е и со мажот: ако комуникацијата со него не Ви носи радост, скинете го тој лист од календарот и обидете се со друга дата.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20