ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Дали Палчо е нуклеарката за престојните избори? Прислушкуваните разговори што ги поседува, многу работи ќе урнат како кула од карти….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Пријатно ме изнанди писмото на Љупчо Палевски – Палчо од затворот во Турција.
За Палчо се „бара“ екстрадикција поради „двојното убиство“ од Турција, но по „можност“ да се не добие пред изборите да се добие по изборите.
Веројатно од тие причини Палчо тврди дека нашата амбасада мне сакала да воспостави контакт со него – не знам дали постапката на амбасадата е законска, несум правник, новинар сум.
Техничкиот министер од ВМРО ДПМНЕ Панче Бошковски побара да се привери дали постапката за двете убиство на Паначе од Велес и Вања е законски водена.
Веднаш по овој грзноморен настан на овој начин јас го објавив текстот
http://horoskop-krajnicki.mk/?p=10552
на мојата веб страница, во кој јасно кажав дека моите анализи зборат дека Љупчо Палевски Палчо не стои зад двојното убиство, но истрагата која ќе трреба со докази да го потврди тоа, ќе покаже дали моите анализи се точни или не.
Еве го писмото на Љупчо Палевски од затворот во Турција во целост.
Од писмото веднаш се забележува информацијата дека не уапсен на автопат, туку во ресторантот, каде се хранел.
Но, исто така самиот кажува дека побарал од судските органи побрзо да го екстрадираат, за да докаже пред нашите сусдките органи да ја докаже својата невиност.
Добро е познато дека Љупчо Палевски Палчо ако стаса пред изборната кампања ќе предизвика нуклеарка во изборниот процес бидејќи посесдува прислушкувани разговори, кои ги доби од синот на Верушевски.
Тука се поставува прашањето и во колку се приемероци ги има, но истите ќе бидат нуклеарка, особено воизборната кампања за СДСМ, делумно и ВМРО ДПМНЕ не е исклучено.
Не е исклучено на СДСМ да му случи реприза „бомви“ на сега по нивниот двор, од сопствените бомби. Случајно не кажав во 2015 во мојот настап на „ТВ СИТЕЛ“ кога Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“ дека на крајот ќе еклодираат во негови раце, во дворот на СДСМ.
Еве го целост писмото на Љупчо Палевски Палчо од Турскиот затвор.
Фитилот е запален, се очекуваат големи експлозии:
„Палчо се јави, навистина се јави “
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 25/02/2024
Денес е 80ти ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи САМИЦА, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.
Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.
Некако успеав да обезбедам АДВОКАТ, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.
Адвокатот ми презентираше неколку одпринтани пресконферанции и интервјуа на министерот СПАСОВСКИ и потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога.
Бев шокиран од купиштата на ЛАГИ и манипулации од страна на СПАСОВСКИ кои лесно се докажуваат.
Атмосферата на ЈАВЕН ЛИНЧ која ја произведе министерот СПАСОВСКИ има неколкукратна политичка корист, токму за него како голем политички АУТИСТ од Куманово.
Но, пред да ги презентирам лагите на СПАСОВСКИ сакам да изразам длабоко сочувсто за смртта на ВАЊА и ПАНЧЕ, посебно за ТАТКОТО на Вања, кој во моментот кога го загуби детето, монструмите го осомичија дека тој бил во контакт со мене и давал информации.
Токму овој пример е одлична илустрација за умот на СПАСОВСКИ и неговите истражители, но за тоа детално ќе објаснам подолу.
Прво и основно, Палчо не бегал од МК, туку регуларно патувал за Белград (четврток), а во петокот после 18 часот за Турција, со регуларна патна исправа, на регуларен начин, со патничко возило.
Информацијата, дека полицијата ме бара кај брат ми, а не во Центар, каде после два дена правеа претрес ја добив одкако пристигнав во Турција.
Тоа значи дека лицето Димковски Стефан, не е шофер господине Спасовски, туку добар другар, партиски член и успешен бизнисмен со хемиски суплементи во земјоделието.
Бруталноста на СПАСОВСКИ оди до таму што Стефан исто така е притворен неколку месеци, иако во моментот додека ме возеше кон Турција не постоеше потерница или пак контакт од органите на прогонот.
Дента, мислам дека е 3. или 4. Декември, се едно, по дознавањето дека се прави претрес кај мене дома и во партијата Десна, во истиот момент Стефан замина за МК за да не направи КРИВИЧНО ДЕЛО, но за бадијала, бруталниов политички АУТИСТ Спасовски го држи во притвор не дирекно, нормално преку послушниот Гаврил Бубевски. Морам да објаснам бидејќи овие типови ја МЕШАА ТРИВИЈАЛНОСТА со ГЕНИЈАЛНОСТА, така се програмирани.
Не сум уапсен на АВТОПАТ, туку во ресторан, каде тој ден, 5. Декември по втор пат дојдов за да вечерам и да се појави полицијата за да ме упаси. Тоа беше мојот последен контакт со интернет каде видов една одвратна изјава на еден исто така политички АУТИСТ, Александар Николовски. Келнерката беше полицаец од оделот на ИНТЕРПОЛ во БАЛИКЕСИР. Чудно беше што 7-8 полицајци се уредно снимаа со мобилни телефони.
Бев однесен да го земеме големиот куфер со опремата за подкасти каде исто така се организира фото сесија и уредно испратена на АУТИСТОВ.
Фотографијата која ја покажува АУТИСТОВ е сликана истото попладне во просториите на интерпол во Баликесир, во ходникот од еден полицаец и истата веднаш преку ВОТЦАП беше препратена на Спасовски. Во пасошот постојат куп податоци, но ете Оливер да проверел да не е некој друг Палевски.
Понатака, АУТИСТОВ продолжува, па во интервју објаснува дека јас сум симулирал бекство од Баликесир со такси што е брутална лага. ТАКСИ користев од куќата каде што бев сместен до центарот каде пазарев.
Имав извадено АВТОБУСКА карта за Истамбул која не ја искористив токму од причина на потерницата на ИНТЕРПОЛ бидејќи апсењето е исвесно и поубаво е да се малтретираш по пат од 200 км. Токму затоа и бев уапсен во Баликесир, а не на АВТОПАТ.
Јавноста треба да знае дека во моментот кога дознав за претресите и потерницата, јас организирав враќање на Стефан Димковски, но и враќање на интернет картичка која беше потребна за планираниот КРШ 112 од Турција, но исто така, одкако преспав во изнајмената куќа платена за еден месец однапред, го вратив кључот од куќата на посредникот за недвижности и раскин на договорот во кој се моите податоци од мојот пасош, што значи не сум се криел, туку сосема спротивно се организирано регуларно.
На сите турски телевизии беше објавена мојата слика со напомена дека сум двократен убиец. Во истиот момент, дури мислам АУТИСТОТ беше побрз во ТУРСКИВЕ ТЕЛЕВИЗИИ и од самиот ИНТЕРПОЛ.
Во сите случувања кои во ова писмо ги објаснувам се гледа ЈАСНО и ГЛАСНО потписот на КАЛЕТО, преку политичкиве АУТИСТИ внимателно распоредени во КУРТО и МУРТО СИСТЕМОВ.
Но, да бидам конкретен.
Аутистот не знае дека со мене се две цедеа од магнетна резонанца на мојата кичма од 2016 и второто од 2020 каде јасно се гледа сериозноста на оштетеното здравје, губење на контрола врз екстремитетите, народски кажано нозе.
Проф. Др. Лочанче сакаше да ме оперира во 2020, но ја одложив операцијата и сакав да слушнам второ стучно мислење пред да одлучам околу оперативниот зафат. Зошто токму сега, па затоа што после успешната ПРВА ГОДИНА од делувањето на ДЕСНА, за која, регистрација и формирање изгубив цели 5 години, најдов време да одморам и си го средам здравјето. Да, остварени се и неколку политички средби во Белград без особено значение.
– ЛИНЧ: Овој сериозен, можеби и најголем политички јавен Линч на една личност се нема случено во поновата историја, вклучувајќи ја и госпоѓана од ТАТ.
Кренар ЛОГА глупакот дури бара СМРТНА КАЗНА за Палчо монструмот, а воедно жали што законодавството не дозволува такво задоволство за АУТИСТИВЕ во ТАНДЕМ со СПАСОВСКИ.
Истиот СПАСОВСКИ не знае и не е способен да ги организира ХРВАТСКИТЕ, СРПСКИТЕ и нормално сите ТУРСКИ МЕДИУМИ во еден ист ден, како по ноти да истурат куп ЛАГИ и КОНСТРУКЦИИ.
За домашниве медиумски шутраци немам ни време, ниту хартија. Ќе напишам со големи букви ГНИДИ!
Докази и сведоци за 26/11/2023 и 27 имам, но за тоа на СУД, не во ОЈО на Гаврил Бубевски, НЕ! .
Се надевам дека читате дека не се мешам во ИСТРАГАТА затоа што тоа ЗАКОНОТ не го дозволува, но за ПОСТАПКАТА и НАЧИНОТ на кој АУТИСТОТ СПАСОВСКИ во иста реченица почнува со МОНСТРУМОТ ПАЛЕВСКИ за глупакот да ја заврши истата реченица со констатација дека сум ОСОМНИЧЕН, (презумција на невиност ??) треба да се објасни.
Во суштина ова е ВТОР ОБИД на СЈО, да, да СЈО, но овој пат организирано во ОЈО да наместат, конструираат случај против мене, за што поседувам и докази дека се служат со тортури и уцени на луѓе за да конструираат предмет.
Секако и ова на СУД, не во ОЈО на Бубевски, шанса нема, тие веќе ми пресудиле.
СЈО на Бејли и Рикер, составот на послушници денес владее со ПРАВОСУДНИОТ систем во МК.
Недостасува уште Фатиме или Ленче Ристовска да ми СУДИ, Гаврил да ме брка, а Бејли и Рикер задоволно да се смешкаат на КАЛЕНО !!
Сите спомнати СЕВЕРЏАНИ во писмово треба да знаат дека на 5. Декември кога бев уапсен и изнесен пред СУДОТ во Баликесир бев прашан за следново:
Господине Палевски дали сакате БРЗА испорака со ваша ВОЉА, СОГЛАСНОСТ или пак регуларна, во која имате право да го оспорувате барањето од „северниов МОНСТРУМ (ова последново е мој превод)?
Мојот одговор беше дека со моја слободна ВОЉА сакам, веднаш, хитно да бидам испорачан, за да можам да се одбранам на СУД.
На 23. Декември на Вишиот СУД во Баликесир исто така одговорив, со забелешка дека овој пат судијата ме праша дали постојат шанси да бидам МАЧЕН, УБИЕН, јас го дадов следниот одговор:
Постојат шанси да бидам мачен и убиен, но ЈАС веќе одлучив да се бранам на СУД и барам ХИТНА, КРАТКА постапка на ЕКСТРАДИЦИЈА (испорака).
Целата постапка заврши на 17. Јануари, предметот е на маса кај колегата на КРЕНАР ЛОГА во Турската влада во Анкара. Јас се уште чекам во САМИЦА 100% бетон.
За жал на АУТИСТОВ, се пишано погоре на коректен АНГЛИСКИ, со потписи на СУДИИ со ПЕЧАТ како сублимат ми е доставено во ќелијава, официјално како доказ дека Пачло НЕ БЕГАЛ.
Исто така носам и писмо од МУДУРОТ на ЗАТВОРОВ во Баликесир, дека моето барање контакт со Амбасадава на СЕВЕРЏАНИЈА во АНКАРА е одбиено со изговор: „НЕ САКАМЕ КОНТАКТ со тој ЧОВЕК“ !!
Турци, затворени на 30 години заради учество во пучот од 2014 во ТУРЦИЈА, полковници во Турската армија, се ДРЖЕА за глава и се прашуваа дали ова е можно кога го преведуваа писмото од МУДУРОТ и АМБАСАДАВА СЕВЕРЏАНСКА на Англиски за да го разберам.
Драги мои МАКЕДОНЦИ, не ништат и ќе продолжат да не ништат и тоа не можете да го избегнете, да го одложите, не се лажете себе си, не ви дошол редот. А ќе ви дојде.
Гледате дека со сино пенколо од 2 лири и еден тефтер од 6 лири во бетонска самица од цели 6 м. квадратни може да се покаже вистината и да се руши овој ДУШМАНСКИ систем на КУРТО и МУРТО.
Престанете да ме советувате за АЗИЛ, тоа е кукавичлук и признание на злостор кој НЕ сум го направил.
Цената е СТРАШНА, ОДВРАТНА, но во исто време и СЛАТКА.
Аутистот СПАСОВСКИ не разибра што е СЛОБОДА, не разбира дека тоа не е материја, дека не е ИЗЈАВА. Глупакот СПАСОВСКИ не рабира дека СЛОБОДАТА е НАГОН кој се сонува, за кој се бориш, СЛОБОДАТА е причина за постоење, но за да ја сакаш СЛОБОДАТА треба прво да се родиш како МАКЕДОНЕЦ, па после се друго.
Нереализираниот ПОП Спасовски треба да знае и пренесе на неговата ЉУБОВ, Љупче Путер, дека …
Атмосферата на јавен линч на една ЛИЧНОСТ е голем ризик за организаторот на тој ЛИНЧ затоа што сепак на крајот мора да покаже ДОКАЗИ на оваа бруталност.
Мојот ризик е фактот што не бегав, туку чекав да се појави ИНТЕРПОЛ за да почне постапката за екстрадиција.
Мојот ризик е и фактор, написмено, на Англиски што барав ХИТНА, КРАТКА постапка за екстрадиција, но за бадијала, се уште чекам во Турција, за АУТИСТОТ ако може да исфабрикува уште некоја приказна.
Многу подржувачи се загрижени за мојот живот СПОМНУВАЈЌИ „кофа со вода во ЗАТВОР“, позната реформа на правосудниот систем од минатото, па АЗИЛОТ го гледам како спас, а во суштина АЗИЛОТ е бекство од одговорноста, од вистината.
Судењата во СЕВЕРЏАНИЈА аудио се снимаат и на хартија се ставаат, така да што и да се случи во СЕВЕРЏАНИЈА, аудио запис ќе има, тврда копија ќе има од она што ПАЛЧО ќе покаже како ДОКАЗ и од она што од СВЕДОЦИ ќе слушнат.
На АУТИСТОТ му поставувам само едно прашање, јавно: „Дали притворените осомничени се Тепани? “.
Во моментов АУТИСТОТ СПАСОВСКИ се труди, многу се труди да конструира МОТИВ за овие УБИСТВА, зошто се убиени ПАНЧЕ и ВАЊА.
Брутално импровизира и ќе повторам, затварање на ТАТКОТО на ВАЊА во моментот кога дознава дека неговата ќерка е убиена, е портретот на АУТИСТОТ СПАСОВСКИ, кој е емотивен ИНВАЛИД, без елементарни човекови ЕМОЦИИ.
За крај на ова мое обраќање со кое ја објаснив постапката за екстрадиција на мојата позиција, при тоа да не ја загрозам истрагата, јавно изразувам благодарност до членовите на ДЕСНА кои се загрижени за мојот живот и секојдневно помагаат, посебно на моето семејство.
Бидете сложни, солидарни и помагајте се меѓусебно, со ова што во моментов се случува околу вас и ДЕСНА ќе помине, дури некои монструми ќе заборават, но борбата на Македонецот да биде слободен, на сопствена територија на која е мнозинство, да поседува и сопствена Македонска држава мора организирано да ЗАПОЧНЕ
Не губете време со ПОЛИТИЧКИТЕ ЛАМПИОНИ (украси) кои со деценија лијат крокодилски солзи над судбината на МАКЕДОНЕЦОТ, а при тоа не им фали влакно од главата од овој БРУТАЛЕН АТЛАНТИСТИЧКИ СИСТЕМ, СПРЕГНАТ во КАУЗАТА на ЦИОНИСТИТЕ, да владеат со сите нас.
Газа е загарантирана за нас Македонците, но БОРБАТА за СЛОБОДА е единствениот пат за МАКЕДОНЕЦОТ. Не се плашете, борете се, за себе, за Македонците, за Македонија.
Додека ја чекам судската постапка, далеку од Македонија, ве поздравувам и ќе повторам, ПАЛЧО не киднапира, убива деца и старци, тоа треба АУТИСТОТ да го запомни.
Турција 25/02/2024 Баликесир
Поздрав
Палчо с.р.