ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИПишува: Илија Бошков – Крајнички

ТИПОВИ СОПРУЗИ И ОДНОСИТЕ МЕЃУ НИВ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИПишува: Илија Бошков – Крајнички

Поаѓајќи од претставата за сопрузите за нивната ролја во семејството можат да се направи следната класификација на мажите и жените.

ЧЕТИРИ ТИПА ЖЕНИ

домаќинка, воин, награда и муза

            ДОМАЌИНКАТА – се “капе” во домашни дејности, реализирајќи се себеси во нив, создава свој дом и пријатност во него. Во работата таа жена можеш да ја познаеш по тоа што на колегите им носи да пробаат нешто кое што го приготвила или ја претвора канцеларијата во оранжерија со цвеќе или пак и едото и другото.

            Жената ВОИН сака да завладее со с#, па и со мажот. За неа е карактеристична големата општествена активност, а домашните задолженија ги префрла на други. Мажот треба да биде или “коркач” или ривал во борбата.

            Жената НАГРАДА не пројавува талент да се претставува доста добро, ја знае својата цена. Се гледа себеси како “украс на природата”. Ако кај ДОМАЌИНКАТА масата е преполна со с# и сешто, тогаш кај НАГРАДАТА е оригинална и ефектна.

            Во однос на мажите НАГРАДАТА не пројавува активност, чека да ја заслужат. Таа умешно создава атмосфера на конкуренција на мажите околу себе, тие се вртат околу неа, а таа се прави дека не ги забележува. Всушност целата работа е во нивото на наградата. Може да е на ниво на улицата, а може и на олимписко.

            Жената МУЗА ја движи вдахновеноста и таа му се поклонува. Тоа се поетеси, сликарки, претставнички на светската уметност, талентирани научнички. Тие жени можат лесно да се навикнат на самотија.

            Ако жените од различни типови живеат заедно, тогаш тие можат успешно да се надополнуваат една со друга. На пример, ако наскоро дојдат гости, тогаш ДОМАЌИНКАТА ќе го доведе домот во ред и ќе зготви храна, а НАГАДАТА ќе се доведе в ред првин себеси, а потоа ќе ги забавува гостите, а за тоа време ДОМАЌИНКАТА ќе го доврши приготвувањето на храната. Но тоа не секогаш е така и ако претставничките на различни типови живеат заедно (снаа, свекрва, мајка, ќерка, сестри) тогаш често доаѓа до конфликти: ДОМАЌИНКАТА ја смета НАГАДАТА за “лекомислена”, а таа ја смета ДОМАЌИНКАТА за “проста”.

ТИПОВИТЕ МАЖИ И НИВНИОТ ОДНОС СО ЖЕНИТЕ    

домаќин, воин, подарок и авантурист

            ДОМАЌИНОТ е сличен на домаќинката. Тоа е случај кога “мојот дом е мојата тврдина”. Сите негови мисли се насочени кон тоа како да го обезбедат својот дом. Обично с# прават сами. Домот им е полн со пријатели и тие се радуваат на се.

            Мажот домаќин и жената воин можат да живеат добро ако мажот не е љубоморен на успехот на неговата жена во општеството и дека таа заработува повеќе од него.

            Голема опасност за таа двојка е мислењето на околината. Како така? Тој готви? Кој се занимава со домашните задолженија? Се смета декаа не случајно Маргарет Тачер во времето на нејзиното владеење на прашањето кој готви во куќата, одговорила – “природно јас”. Голем број од гледачите кон та изјава се однесувале со недоверба, споредувајќи ја нејзината ангажираност со релативно непознатиот господин Тачер. Тие нејзини зборови покажуваат дека со ништо не сака да го повреди машкото достоинство на сопругот и на тој начин да ги изгуби гласовите на избирачите – мажи.

            Мажот ВОИН е постојан борец. Се зависи од тоа каков е предметот и целта на неговата борба. Ако целите и успесите се големи, тогаш тој е воин-победник и да се живее со него е престижна работа. Но ако целите му се ниски, ситни, тогаш тој е незадоволен, импулсивен, дволичен. Кон таквите мажи повеќето жени немаат симпатии.

            Жената домаќинка може да го сожали, да го успокои. Жената воин ќе го остави тој губитник. Ако воинот се реализира во животот, тогаш двојката домаќинка – воин сосема си одговараат. За тоа е нужно само таа да осознае дека не може да го приврзе кон домаќинството. Тој треба да заработува пари и да &  дозволи да повика мајстори кога има потреба, отколку тој самиот да поправа. Домаќинката е идеална жена за мажот воин. Таа му ја штити позадината, му дава потпора. За неа мажот е како дете. Тој е најценетата работа од нејзиното “домаќинство”. Добриот однос на домаќинката кон мажот означува не само вкусно да го нахрани, но и да му создава пријатност. Но ако тоа не е доволно за мажот, тогаш таа треба да се обиде да внесе елементи на воин и награда.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

ВОИН И НАГРАДА

            Тоа е стимулација за натпревар. Ако мажот е генерал, тогаш и наградата треба да е на олиписко ниво. Ако тој е каплар, тогаш и наградата е капларска. За таква двојка може да чуеш: Тој (таа) не ти одговара кога нивото на добивката не соодветствува на реалноста.

            Да се вратиме на сојузот меѓу два воини. Тоа е ситуација кога ниту домот, ниту домаќинството, ниту устројството на домот ги интересира. Тоа се луѓе со општи идеи. Но во нивната општа идеја влегува и домаќинството – префрлаат с# на бабите и дедовците – и напред во бој. Обично тие се истомисленици, тие се воини во една иста сфера. Но ако нивното поле на битки се различни, тогаш тие заминуваат заедно на одмор, ги споделуваат постигањата еден со друг и одново тргнуваат во различни насоки. Секој добива плус од постигнувањето на другиот. Ним им е сеедно што мебелот е стар, што носат конфекција, а не облека шиена по порачка. Среќата за нив не се состои во тоа. Тие немаат време да седат навечер дома и да водат долги разговори. Тие се среќни поради своите постигања. И кога другите ги укоруваат дека немаат ниту семејство, ниту дом, тие не можат да ги разберат и ги прашуваат: “А што е тоа?” Тие дома навратуваат изутрина на кафе, алиштата ги даваат на хемиско,  а децата ги гледаат доцна навечер, се хранат во ресторан, не наоѓаат врема да поседат пред телевизорот… но ним ТАКА ИМ Е УБАВО! А кога на луѓето им е убаво, тогаш и на тие околу нив треба да им е убаво од фактот што околу нив жиеат луѓе задоволни, среќни, безконфликтни.

            Сојузот меѓу мажот воин и жената муза – тоа е “сојуз” краток и импулсивен. Се сретнуваат, се реализираат, таа го инспирирала за некакви нови подвизи и повторно заминале некаде.

ПОДАРОК И НАГРАДА

            Ситуацијата на мажот ПОДАРОК е соодсветно со она на жената НАГРАДА. Тие мажи не прават кариера на вообичаениот начин, зголемувајќи ја цената на сопствениот подарок. Ти го зголемуваат обемот на своите знаења и умеења и знаат колку вредат. Светот реагира така што им отстапува се повеќе и повеќе место и повеќе можности. Таквото однесување е тешко за жените. Но пријатно е да се гледа заедништвото меѓу мажот подарок и жената награда. Фантастична двојка. Жалнио е само што тие бргу ќе се разделат. Под нозете немаат ништо, обајцата летаат во облаците. Но колку време можат да бидат таму? Неопходни им се нови стимулации. Наградата треба постојано да се зголемува.

            Кај домаќинките подарокот природно ќе процути, ќе сјае или ќе расте, ако неговите вредност соодветсвуваат на нејзините. Ако тоа се случи, тогаш домаќинката ќе смета дека мажот е достоен за тоа да се грижи за него без да обрнува внимание на зебелешките и незадоволствата на околината. И ако таа е убедена дека тоа е правилно, тогаш с# е во ред. Какви да бидат нивните односи, тоа си е нивна работа… Природно е дека од такви мажи не може да се очекува да се ангажираат со домаќински дејности. Кај нив дури ќе почне да дејствува механизмот на раздразнување, ако некој се обиде да ги вовлече во тоа.

            Со жената воин се е многу едноставно: го покорила и продолжува понатаму. И ако тој по некое време с# уште е заинтересиран за тоа за кое што таа војува, тогаш с# е нормално. Но ако на хоризонтот се појави нешто позначајно, тогаш мажот терба да биде многу внимателен. Или бргу треба да го зголеми обемот на својата вредност, или да биде подготвен да премине во други раце. Тој тип мажи обично често минуваат од едни во други раце по најбезболен начин за околината.

            Подарок и муза – овде речиси  е невозможен нормален сојуз и најчесто тој е само формален.

АВАНТУРИСТОТ И…

            Тоа е тип на маж кој ретко може да го сретнете во полето. Тој е некаде во гората, понекогаш јавајќи на коњ се симнува низ падините, носејќи со себе: кога рози, кога рани, но никогаш не е јасно каде ќе се појави следниот пат. Домаќинката ќе го чека, ќе гледа низ прозорецот дали доаѓа. И како вистинска домаќинка секогаш ќе е готова за средба.

            Со жената воин се возможни само краткотрајни битки, бидејќи тие немаат заеднички идеи кои можат да бидат повод за средба.

            Средбата меѓу музата и авантуристот е супер љубов за два-три дена, силни изблици на страст и толку. Тоа е многу убаво, а три дена – тоа и не е така малку.

            Мажот авантурист се среќава ретко исто како и жената муза. Дури и на општеството му се нужни токму такви луѓе, тоа се патеписци, истражувачи, научници… Потребно е некој да ја бара  Атлантида и да го истражува Антарктикот. Авантуристот се среќава како главен лик на романите. Тоа се оние јунаци кои ги гледаме во холивудските филмови на кои понекогаш им завидуваме. Се восхитуваме на нивната интелигенција, талент, блесок, галантност кон дамите. Тие ни даваат импулс за растеж. Како што жената муза ги поттикнува мажите на нови подвизи, така и мажот авантурист со својот стремеж кон ризик, со ефектните гестови ги поттикнува жените кон неочекувани постапки.

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ.  ЦЕНА – САМО 1500 денари                                   ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20