КОЕ ОКО ТИ ТРЕПЕРИ…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Многу од деловите на телото некогаш ни даваат знак по кој што може да се ориентираме во дадена ситуација. А тоа чувство што го создаваат тие всушност е плод на претскажувачко сознание. Мнозина од нас го искусиле тоа чуство, и понекогаш веројатно сме се прашувале на што не предупредува тоа, а некогаш можеби и сме сфатиле за какви всушност предупредувања станува збор. Ако пак не го разбираш говорот на твоето тело, напомените наведени подолу ќе ти бидат од голема помош.

Ако ти затрепери врвот на главата – ќе се соочиш со своите непријатели, но ќе излезеш од тоа здрав и неповреден.

Темето на главата од левата страна – те очекува веселба.

Челото – ќе слушнеш лоши вести.

Тилот – ќе те разжалости лоша вест.

Средината на главата – ќе доживееш патешествие.

Десната страна на челото – некому ќе му сториш добро.

Левата страна на челото – се што си почнал ќе го доведеш до добар крај.

Ако ти ѕуни (зуи) левото уво – ќе слушнеш лоша вест.

Ако ти трепери левата веѓа – те чекаат мали непријатности.

Ако ти трепери десното око – она што го планираш ќе се оствари.

Ако ти затрепери левото око – силно ќе се јадосаш, но ќе ти помине бргу.

Долната клепка од левото око – чекај поткрепа од влијателен човек,

Ако ти трепери грлото од двете страни – голема печалба.

Десно рамо – те чека добро здравје.

Лево рамо – навреда од близок пријател .

Десен лакот – победа над силен непријател.

Лев лакот- ќе добиеш големи почести и ќе оствариш.

Целата околина на левото око – те чека радост.

Ако целиот нос ти истрпне – унапредување на работа.

Горниот дел на десната рака – пријатни новости.

Левата рака – почести и слава.

Големиот прст на десната рака – остварување на твоите надежи.

Вториот прст на десната рака – клетви на твоја адреса.

Третиот прст на десната рака – ќе дадеш помош на несреќно семејство.

Четвртиот прст на десната рака – лоша вест.

Малиот прст на десната рака – чувај се од предавство.

Десниот образ – ќе бидеш нападнат од разбојници.

Левиот образ – тага по загубен пријател.

Горната усна – весел помин со пријателите.

Ако ти треперат двете усни – запознавање со нови пријатели.

Брадата – ќе добиеш полезни совети.

Десната дланка – ќе сториш нешто богоугодно.

Големиот прст на левата рака чувај се од непријателски напад.

Вториот прст на левата рака – ќе се расправаш или ќе се судиш со некого, но набргу ќе се смирите.

Третиот прст на левата рака – те чека долг пат.

Четвртиот прст на левата рака – информација од далечни места.

Малиот прст на левата рака – ќе најдеш пари што се загубени, но за брзо време ќе ги потрошиш.

Десната мишка – пофалби на твоја адреса.

Горниот дел од градите – средба со сакан човек.

Целите гради ако ти треперат – ќе се здобиеш со пари за кои што не си морал да се мачиш.

Десниот дел од градите – нема да отидеш таму каде што си планирал.

Левиот дел од градите – ќе добиеш пофалба од човек на висока позиција.

Левата страна на утробата – те чека висока служба.

Ако ти затрепери папокот – радост и голема печалба.

Десното колено – те чека ново големо богатство.

Коленото – непријателите ќе те озборуваат.

Жилата (тетивата кај лактот) на левата рака – разделба со близок човек – засекогаш.

Десното бедро – ќе најдеш пари во земја, но ќе бидат проколнати.

Левото бедро – те чека долго патување со пријатели, од кое што ќе се вратиш со брачен другар, здрав(а) и богат(а).

хороскопи со предвидување.

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20