Се прашувам, дали да барам надомест од Путин за авторски права? Мојот предлог парламетарците и државните службеници да не нможат да имаат двојни држвјанства, Путин воведе таков закон во Русија!!…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
На председателот на Руската Федерација Владимир Путин не му се лутам за превземање на мои авторски права.
Кога излегоа списсоците со парламетарци и политичари со двојни државјанства во македонскиот парламент, јасно кажав:
Треба да се донесе закон со кој пратениците и државните службеници, како и општинските не можат да бидат со двојни државјанства.
Не помина ни 2-ва месеца, председателот на Руската Федерација потпиша таков закон за руските државни службеници.
Со законот руските државни службеници не можат да имат двојно државјанство, само руско.
За позајмување на моите авторски права повеќе пишува порталот:
кој излезе со наслов:
„Во Русија стапи на сила закон со кој им се забранува на државните службеници странско државјанство“
Еве го текстотт во целост:
Владимир Путин потпиша закон со кој им се забранува на вработените во државните органи или локалните самоуправи да имаат странско државјанство или дозвола за престој во странство.
Според законот, вработените во државните органи и локалните власти ќе бидат обврзани да пријават дека немаат руско државјанство, односно дека имаат странско државјанство или дозвола за престој во друга земја.
Во сите три случаи, договорот за вработување со нив ќе биде раскинат ако позицијата што ја имаат подразбира пристап до државните тајни.
Законот исто така го обврзува раководството да го извести раководството за стекнување странско државјанство од страна на брачниот другар или други документи што овозможуваат постојан престој во странство.
Законот нема да важи за жителите на Крим, кои не се во можност да го формализираат одрекувањето од украинско државјанство.
Мојот предлог претоптен во руски закон, со исклучок за Крим.
Моите авторски права се превземени, се надевам дека председатрелот на Руската Федерација Владимир Путин, ќе испрати некое шише водтка, како благодарност за советот (превземен за Македонија), преточен во рускиот нов закон.
Ако настојува, да ме покани на ручек во Москва, да наздравиме со некоја чашка водка за новиот закон, не ќе можам да го одбијам!…