ТАИНСТВЕНИ ЗНАЕЊА, ДРЕВНО НАСЛЕДСТВО: РЕЦЕПТИ ОД ФАРАОНИТЕ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

РЕЦЕПТИ ОД ФАРАОНИТЕ

Како се лекувале луѓето во Стариот Египет? Уште пред пет илјади години лекарите извршувале операции на мозокот, скршениците на коските ги местеле со помош на посебен рентген, а за долговечност препорачувале употреба на обичен брич…

Пред извесно време до грандиозниот комплекс од храмови Абу Симбел британска археолошка екипа пронајде гробови со три мумии стари околу 4.500 години.

Но, тоа не е ништо посебно ново. Ново е тоа што черепите на мумиите носат големи златни плочки, имплантирани уште во времето додека биле живи. Тоа е доказ за триумфот на староегипетската медицина, а потврдено е дека уште во 2500 г.п.н.е. сложените операции на мозокот не биле проблем за египетските хирурзи.

– За нас тие откритија одамна не се сензација – изјавува професорот Абдул Вахид ал Масари.

– Уште во 1862 година египтологот Едвин Смит купи во Луксор дел од древент папирус со медицински рецепти од пред 5.000 години.

Сега во тоа е тешко да се поверува, но уште во 3.000 г.пр.н.е лекарите оперирале тумори на мозокот, отстранувале апендикс, ампутирале нозе и раце и ги заменувале со протези.

Траги од такви операции носат многу мумии.

ПРВ МИНИСТЕР И ПРВ ЛЕКАР

Во 2630 г.пр.н.е. жрецот на богот Ра, Имхотеп имал функција на премиер. Имхотеп соопштил дека боговите му ја откриле вештината на човечкото лечење и основал медицинско училиште.

Примале и мажи и жени.

Првите операции на черепот, жрецот ги изведувал лично. Наместо анестезија читал молитви и му давал на пациентот некаков напиток со наркотички билки.

Златните плочки во мозокот биле поставувани за да го спречат заразувањето на крвта.

Недостасуваат какви и да се докази дека некој пациент починал при шок за време на операцијата.

Денес ни се чини дека не можеме да преживееме без аспирин, кардиограм и рентген, но во Стариот Египет прекрасно живееле и без нив.

Главоболката ја надминувале со жешка бања со билки. Аритмијата пак ја дијагностицирале слепи девојчиња со остар слух.

Наместо рентген, музичари со чувствителни прсти го набарувале местото на скршената коска.

По смртта на Имхотеп, фараонот Снеферу им заповедал на лекарите да направат се што е можно да го продолжат човечкиот живот.

Најверојатно побудите му биле пред се практични – бидејќи колку подолго поданиците живеат, толку подолго ќе му плаќаат даноци.

КАПЕЊЕ – ТРИПАТИ ДНЕВНО

Рецептите за долговечност препорачани од египетските лекари се малку чудни, или барем нам ни изгледаат така.

За продолжување на животот тие препорачувале трипати дневно измивање на телото – наутро, на ручек и навечер и постојано бричење на сите влакна освен косата, за да се спречат микробите да навлегуваат преку кожата.

Било забрането свинско и сурова риба, од кои “се крева температурата и срцето се распарчува”.

Денес тие рецепти може да изгледаат примитивни, но факт е дека благодарение на овие едноставни процедури, должината на животот се зголемила.

На пример фараонот Пепи Втори се миел трипати дневно и управувал со државата 94 години. Месо јадел само еднаш месечно и тоа од млада кокошка.

При крајот на своето управување (2184 г.пр.н.е.), фараонот собрал во дворецот одлични лекари – специјалисти, вклучително и гастроентеролози.

Некои од нивните препораки биле:

* Животот се олеснува и продолжува со смеса од кравјо млеко, јаткасти плодови и мед.

* За да се избегне рак на градите се носат масивни златни украси – “златото ги убива туморите уште на почетокот”.

Услугите се наплаќале, и меѓу лекарите најбргу се збогатувале очните лекари и заболекарите.

Очните инфекции се лечеле специфично: “Земете половина мозок, смешајте го едниот дел со мед и поставете го врз очите наутро. Другиот дел исушете го и истријте го и поставете го врз очите навечер.” – советува древниот папирус.

Многу се употребувал суровиот лук. И денес популарнотото средство против настинка, лук со мед, е измислено во Стариот Египет.

Се сметало дека демоните на настинката се плашат од лук и се разбегуваат при неговото појавување.

Во Стариот Египет постоела и егзотичната специјалност наречена проктолог или “чувар на анусот”.

ЕГИПЕТСКАТА МЕДИЦИНА УНИШТЕНА ЗА ЕДЕН ДЕН

Својот врв египетската медицина го достигнала за време на фараоните од Деветнаесеттата династија (1295 – 1186 г.пр.н.е).

Во Европа уште не бил изграден Рим, а Египќаните веќе биле добро запознати со медицинско осигурување, па дури и болнички лист.

Според лекарите-жреците и пациентите, причините за болестите без никакво сомневање биле исклучиво демоните. Тие биле прогонувани со баење и магиски амајлии.

Високо развиената египетска медицина исчезнала буквално за еден ден.

Во 525 г.пр.н.е персискиот цар Камбиз Втори го разурнува Мемфис, ги гори болниците и ги убива лекарите.

Илјадалетната медицинска наука исчезнува и дури во 20-от век излегува на бел свет информацијата за неа – од петте свитоци кои на чудесен начин биле спасени.

Ако не била чудната и необјаснива постапка на персискиот цар, којзнае каков ќе беше развојот на денешната медицина – а некои болести веројатно одамна ќе беа победени…

Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се обратете на тел.

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20