МЕНТАЛНИ ВЛИЈАНИЈА,

ВАШИТЕ ДВА ДЕНА –

НА ПОЛНА И НА МЛАДА МЕСЕЧИНА!

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Овен – Полната месечина ќе Ве стави во центарот на Вашите проблеми, а Ваши проблеми во овој момент претставуваат Вашите чувства. Ќе бидете потполно заљубени, а човекот којшто го сакате целосно ќе завладее со Вашите мисли. Таа апсолутна вљубеност ќе Ви повлијае, така што тешко ќе ги извршувате речиси сите семејни задолженија.

Младата месечина ќе предизвика речиси невидена криза во Вашите односи со луѓето коишто Ве опкружуваат – и воопшто со сите луѓе. Станувате жртва на вистински интелектуален експлозив и ќе имате тешкотии при контрола на своите мисли. Ќе Ви се чини дека не можете  да се владеете себе си – можна е бессона ноќ.

Бик – Полната месечина ќе стави акцент на Вашата ризична ситуација, којашто можете да ја избегнете само ако дејствувате во  соодветност со финансиските закони. Избегнувајте да извлекувате поволности коишто на другите би можеле да им донесат штета, зашто наскоро ќе ве сполетаат непријатни последици.

Младата месечина ќе Ви даде можност да ги анализирате уште еднаш Вашите финансиски работи и воопшто, целата Ваша финансиска ситуација. Бидете особено внимателни во сите зделки и трошоци. Откажете се од секоја блескава можност доколку таа од Вас бара да престанете да бидете чесни.

Близнаци – Полната месечина ќе Ве вовлече во криза во поглед на Вашите чувства и ќе Ве направи променливи и неделотворни. До бескрај ќе си поставувате прашања во врска со Вашиот партнер и за Вашите односи.

Младата месечина ќе Ве направи жртва на Вашите заблуди и прашања за коишто сепак немате одговор. Тоа може да Ве опустоши, зашто големата гордост ќе Ви ја изостри чувствителноста.

Рак – Полната месечина кај Вас ќе предизвика чувство на отстварени желби и совршена љубов. Ќе се запрашате можно ли е тие мечти да се реалност? А човекот којшто Ви е во мислите ќе биде восхитен од Вас.

Младата месечина ќе Ве потопи, ќе Ве потисне во ментална лутина во каква што не Вие барем досега не сте западнале. Таа ментална лутина  ќе Ви предизвика на моменти заборав. Затоа пак Вашите умствени способности ќе се зголемат.