Многумина од нас се свесни дека во нашите глави речиси без прекин се одвива внатрешен дијалог. Разумот е зафатен со “разговор” со самиот себе си. Тој дава бесконечни објаснувања за животот, за светот, за нашите чувства и проблеми, за однесувањето на другите луѓе итн. Зборовите и претставите кои минуваат низ нашето размислување се многу важни.
Овој тек на мислите воопшто не го забележуваме свесно, а начинот на кој ја осознаваме нашата стварност произлегува од тоа што “интимно себеси си раскажуваме”. Ова внатрешно коментирање влијае на нашите забележувања и нашиот систем на мислење, во краен случај, е одговорен за она што ни се случува и тоа што го доживуваме.
Насочувајќи се кон афирмациите, ова брборење во својата глава, можеме да го замениме со позитивни идеи и мисли. Оваа ефикасна техника може за кусо време целосно да ги измени нашите ставови и очекувања во однос на животот, и со тоа да го измени од корен.
Афирмација на латински значи: потврдување, засилување, согласност, сигурност. Секоја афирмација е искажана решително и подразбира дека нешто веќе сега е така.
Афирмациите можат да се извршуваат молчешкум (во себе) или да се изговараат, да се пишуваат или пак дури и да се пејат. Ефикасните афирмации кои се практикуваат само 10 минути дневно, можат да ги изменат повеќегодишните навики и размислувања. И, се разбира сопствената стварност и свест ќе ги менуваш кон позитивно само доколку цврсто се насочиш кон позитивното и бираш најпозитивни и инспиративни зборови и мисли.
Секој израз може да биде афирмација, било да е воопштен или прецизно дефиниран. Постојат неограничен број можни афирмации. Ќе наведеме неколку, за да може да се стекне претстава за нив:
Во однос на афирмациите, треба да се поведе сметка за следните важни поединости:
Афирмацијата секогаш се формулира во сегашно време, а не во иднина. Појди од тоа дека нешто што го посакуваш веќе сега постои. Не вели: “Ќедобијамодличноработноместо!” туку: “Јасимамодличноработноместо!”. Со тоа не се лажеш самиот себе си, туку прифаќаш дека ситеработипостојатнајпрвонамисловно–духовнониво, пред појавата на објективната реалност.
Афирмацијата треба да се формулира што е можно попоттикнувачки. Изрази го она што госакаш, а не она што негосакаш. Немој да велиш: “Веќе не сакам наутро да се успивам!” туку: “Секој утро станувам навреме полн со енергија”.
Правилото гласи вака: колкуепокусаипоедноставнаафирмацијата, толкуепоефикасна. Афирмацијата треба да биде јасна изјава која овозможува појава на интензивно чувство. Колку чувството е посилно, толку посилно ќе биде втисната афирмацијата. Афирмациите кои се долги, разлеани и шпекулативни ја губат својата сила.
4. Секогаш бирај афирмации за кои ќе почувствуваш дека се вистински за тебе Она што е добро за еден човек, не значи дека е добро за друг. Афирмациите мораат да бидат инспиративни, ослободувачки и полни со поддршка. Ако афирмацијата со која работиш нема такви одлики, обиди се да ја прилагодиш и да ја смениш
.
Нормално дека секоја нова афирмација, дури и ако е вистинска за тебе, најпрво ти создава отпор. Тоа особено се случува ако таа афирмација треба да доведе до битни промени во твојата свест. Тоа е вообичаен почетен отпор на твоето “јас” во однос на промената и развојот. Но, не се откажувај.
Кога ја извршуваш афирмацијата, интензивно труди се да создадеш атмосфера на увереност. Верувај твојата афирмација е вистинита! Одвреме – навреме исфрли ги своите сомневања и вклучи ја својата емоционална и интелектуална енергија во афирмацијата.
Афирмациитенетребадабидатмеханички, тукутребадапретставуваатобиддасоздадешчувстводеканавистинарасполагашсосиладагопостигнешонаштогосакаш. Од тоа зависи колку некоја афирмација ќе биде ефикасна.
Афирмациите често се многу ефикасни и инспиративни ако се однесуваат на духовнитеизвори. Доколку веруваш во Бога, споменувањето на Името Божје на твојата афирмација & дава дополнителна духовна енергија. Можеш да кажеш: “Божествената Љубов”, “Светлината во Мене” или “Универзалната Интелигенција” – во зависност од тоа кој израз ти се чини најприкладен:
– “БОЖЕСТВЕНАТА ЉУБОВ ДЕЛУВА СЕГА НИЗ МЕНЕ!”
– “СВЕТЛИНАТА ВО МЕНЕ ПРАВИ ЧУДА ВО МОЈОТ ЖИВОТ!”
– “МОЕТО ПОВИСОКО “ЈАС” МЕ ВОДИ ВО СЕ’ ШТО ПРАВАМ!”
– “УНИВЕРЗАЛНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ПРЕКУ МЕНЕ СЕ ПОКАЖУВА НА СВЕТОТ!”
– “БОГ Е СЕГДЕ КАЈ ШТО СУМ ЈАС!”
Какоикогадасеизведуваатафирмациите?
Секогаш кога си опуштен или додека се опушташ, повторувај ја афирмацијата повеќе пати, било во себе, било полугласно, било гласно. Можеш да ги шепотиш, да ги изговараш кратко пред спиење или веднаш по будењето – тивко или гласно. Афирмациите можеш да ги кажуваш кога возиш автомобил или велосипед, кога работиш дома, едноставно додекаш вршиш каква било рутинска дејност.
Изговарај ја афримацијата гласно додека се набљудуваш себеси во огледало. Оваа метода е посебно ефикасна при афирмациите кои што треба да ти ја засилат самодовербата и да ти ја зголемат љубовта кон себе. Гледај се директно в очи и зборувај си сбе си дека си убав, љубезен, вреден. Не се грижи ако додека го правиш тоа се чувствуваш непријатно. По извесно време ќе ја совладаш таа пречка и нема да ти биде тешко да се гледаш. Можеби ќе утврдиш дека преку оваа вежба во тебе настануваат некои нови пријатни чувства.
Своите афирмации можеш да ги снимиш на касета, на цеде или во МП3 плеерот и аудиоснимката да биде пуштена додека си во сон (нека ти помогне некој близок), додека возиш и слично. Афирмациите формулирај ги во прво лице еднина (така е најефикасно), но можеш и во второ или трето лице и тоа секогаш со твоето име: На пример:
“Јас, Петар, секогаш сум опуштен и добро се чувствувам!”
“Ти, Петре, секогаш си целосно опуштен и добро се чувствуваш!”
“Петар секогаш е целосно опуштен и добро се чувствува!”
Името Петар е земено случајно – при извршувањето на афирмациите секој треба да го изговара своетоиме.
На лентата можеш да снимиш и некоја изјава во неколку реченици, со која дефинираш каков би сакал да бидеш или да ја прикажеш ситуацијата која целосно им одговара на твоите желби.
Афирмациите можеш и да ги пишуваш, особено доколку додека ги извршуваш се појавуваат сомневања, отпор или негативни мисли.
Избери определена афирмација и напиши ја 10 или 20 пати. Сконцентрирано размислувај за смислата на зборовите додека ги пишуваш. Тоа е една од најефикасните техники кои досега се пронајдени.
Афирмациите можеш да ги напишеш било со рака било на компјутер па да ги испечатиш. Малечките ливчиња можеш да ги носиш со себе или да ги поставиш на различни места во твојот дом или на работното место. Погодни места се: фрижидерот, телефонот, огледалото, компјутерот, покрај креветот итн.