Од 36 до 30 бода: Слободно може да се каже дека с# во животот Ви врви релаксирано, и во с# успевате од прв пат. Но, не смеете да заборавите дека сепак с# зависи од Вас. Сепак, верувајте во успехот и настојувајте да останете весели и релаксирани во секоја ситуација, па дури и во оние посебно тешките.
Од 29 до 20 бода: Благодарение на својата упорност и на трудољубивоста честопати сте успешни, и покрај тоа што понекогаш има малку непријатни периоди на неуспех. Но, понекогаш целата работа пропаѓа поради Вашата претерана самоувереност и тврдоглавост. Обидете се да бидете подипломатични и ќе видите дека работите одеднаш ќе почнат полесно да Ви одат од рака.
Од 19 до 13 бода: Претерано сте се отпуштиле, а и некако работите ги водите во неправилна насока. Застанете и подразмислете зошто постапувате како што не треба. Со овој ритам не можете да се ориентирате и да увидите правилно што се случува околу Вас. Обидете се да си ја смените тактиката – и тоа целосно!
Под 12 бода: Претерано сте агресивни и нетрпеливи, и навистина не треба да им завидувате на оние на коишто им оди подобро отколку на Вас. Преиспитајте си ги од корен позициите на коишто сте сега и обидете се да разберете што се случува со Вас и околу Вас – и, впрочем, зошто работите стојат вака! Немојте да очајувате ако нешто не Ви оди во животот. Подобро само насмевнете се, извлечете поука и обидете се да почнете отпочеток. Наскоро ќе Ви тргне.