Заев ќе ги скара Грција и Бугарија! Македонското небо го дал на тендер: на Борисов му ветил, ако Бугарија ги купи авионите Ф-16 Бугарија да го чува македонското небо… ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Заев ќе ги скара Грција и Бугарија! Македонското небо го дал на тендер: на Борисов му ветил, ако Бугарија ги купи авионите Ф-16 Бугарија да го чува македонското небо…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
На пат се Бугарија и Грција да се скарат. Не е во прашање Гоце Делчев, македонското небо е во прашање. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека премиерот Зоран Заев му ветил, ако Бугарија ги набави или купи авионите Ф-16 Бугарија ќе „го чува“ македонското небо. Се прашувам, како ова информација ќе ја примат во Грција.