Гори грчко острво Евија (видео), евекуирани се 4-ри населби…. Во гаснење на пожарот се користат и авиони, 225 пожарникари се ангажирани…. ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Гори грчко острво Евија (видео), евекуирани се 4-ри населби…. Во гаснење на пожарот се користат и авиони, 225 пожарникари се ангажирани….
На грчкиот остров Евија, се појавија неколку пожари, а пожарникарите се уште се обидуваат да ги изгаснат.
Во пожарникарската служба кажаа дека 64-годишен човек бил уапсен под сомневање дека го предизвикал првиот пожар обидувајќи се да го запали сувото плевело во близина на неговата куќа.
Тој ќе биде изведен пред обвинителот на суд, објави АП.
Пожарите почна вчера попладне во Маникија, на земјоделско земјиште, а пожарникарите успеале да го ограничат ширењето на огнот во првиот пожар.
Во четвртокот вечерта, сепак, пожари избија на три локации во Кими, Пиргири и Агиос Георгиос. Од утринските часови во гаснење на пожарите се ангажирани противпожарни авиони, пренесува грчкиот портал “Катимерини”.
Во гаснењето вклучени се 225 пожарникари, четири авиони со вода, три хеликоптери и 100 возила и тешка механизација.
Според веб-страницата, иако пожарите не се закануваат на станбени области, пожарникарската служба нареди евакуација на населбите Гавалас, Дафни, Неохори и Лосфикос, како превентивна мерка.