За 4-ри години од 2013 до 2017 година 260 000 албанци добиле државјанство на некоја земја од Европската Унија….. ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ Пишува: Илија Бошков – Крајнички
За 4-ри години од 2013 до 2017 година 260 000 албанци добиле државјанство на некоја земја од Европската Унија…..
Агенцијата за европски статистики објави дека во периодот 2013-2017 година, околу 260.000 Албанци добиле државјанство на една од земјите на Европската унија.
Огромното мнозинство Албанци или околу 92 отсто од оние што добиле државјанство на ЕУ станаа граѓани на Грција или Италија.
Само во 2017 година, околу 59.000 албански државјани станаа државјани на една од земјите на ЕУ, со што албанската заедница стана втора по добиени државјанства во ЕУ, веднаш по Мароканците со 68.000.
Грчката влада им додели државјанство на 30.000 албански државјани, додека Италија има 27.000, според Еуростат.
Голем број албански државјани, исто така, бараат азил во земјите на ЕУ. Во периодот од 2013 до 2017 година, 157.000 граѓани на Албанија аплицираа за азил.