Вие припаѓате на среќниот тип “ рационалисти “, кои секогаш се раководат од својот разум. Се сметате себе си за творец на вашата судбина. Не верувате во виши сили или сметате, дека не се машаат во вашата судбина. Вие сте достигнале или се стремите да достигнете успех во општеството. Во љубовта го цените физичкото задоволство, ги сакате водените процедури, воздушните бањи, спортот. За вас е картактеристичен здравиот начин на живот.
СЛАБИ ТОЧКИ: Вие сте малку посилни од другите, но само до моментот, до кога се владеете себе си. Ако вашите чувства некогаш излезат надвор од контрола (има жешки ситуации, за кои вашиот разум може да се покаже слаб ) за долго време ќе паднете во очај и депресија. Други потпорни точки освен сопствениот ум, вие немате.
ОД 25 ДО 35 ПОЕНИ –СЕСОМНЕВАТЕ–
Вие припаѓате на најраспространетиот тип, во кој сепак преовладува здравиот разум. За разлика од матријалистите, овој тип не е толку уверен во отсуството на виши, таинствени сили. Ако припаѓате на овој тип луѓе, вие може случајно да се најдете кај јасновидец, да прочитате хороскоп, да ја ислушате пријателката, која сака да се исповеда. Но, во вас секогаш има опредеена доза иронија. Вие едноставно немате свој став, но и не ни сакате да имате. Вие им се посветувате на животот, децата, работата, домот и не верувате наполно во она во што веруваат другите.
СЛАБИ ТОЧКИ:
Се јавуваат како продолжение на вашата сила, вашата дејственост. Вие не му верувате така безусловно на својот разум, како материјалистите. Затоа понекогаш не знаете, како да постапите: да верувате или да не верувате? Во тешки моменти ожете да попуштате на влијанието на сугестијата и да преминете во луѓето од следниот тип. Во љубовта се колебате помеѓу душата и сексот, што може да предизвика многу комплекси во вас.
ОД 15 ДО 25 ПОЕНИ –ВЕРУВАТЕ–
Вие верувате, дека вашата судбина се наоѓа во рацете на таинствените, виши сили. Вие можете да бидете православни, баптисти, католици или едноставно да верувате во атролози, гледачи, јасновидци. Материјалното во вашиот живот нема големо место. Вие запазувате некои општествени норми. Вашата карактерна црта е тревожност. Тоа е заради тоа што вашата верба не е апсолутна.
СЛАБИ ТОЧКИ: Во сложени ситуации, вие повеќе се раководите од емоциите, отколку од разумот. Вас ве завладуваат стравови, што при еден разумен пристап не би се појавиле. Вие си ги претсатвувате последиците од ужасот, кои никогаш не се случуваат. Прибежиште од тие стравови за вас е токму вашата верба.
ПОМАЛКУОД15 ПОЕНИ –МИСТИК –
Вие сте длабока интровертна (затворена во себе) личност. Непрекинато имате претчувства. Многу е возможно во детството вашата психа да била трауматизрана. Имате чувство, дека вашиот внатрешен свет е пореален од надворешниот. Околу себе непрекинато гледате “знаци”, “симболи”, опасности. Мислите, дека целосно подлежите на волјата на вишите сили. Љубовта ја доживувате, како соединување со космосот. Но, во животот не ви оди.
СЛАБИ ТОЧКИ: Вие можеби сте и премногу умни, но во вашиот живот разумот, игра скоро незначителна улога, што ви создава проблеми. Понекогаш не ве разбираат ниту најблиските. Вие можете да бидете многу зависни од човек со силно биополе, кој што ќе започне да се занимава со вашата душа. Вашето внатрешно ЈАС има кај вас големо влијание. Тоа секогаш е многу опасно. Во никој случај не затворајте се во круг на луѓе од вашиот тип и консултирајте се со психотерапевт.