БЕНКИТЕ ЈА ОТКРИВААТ ИДНИНАТА Пишува: Илија Бошков – Крајнички
БЕНКИТЕ ЈА ОТКРИВААТ ИДНИНАТА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Бенкитепосрединатанаградите навестуваат материјално обезбеден живот, макар и без големо богатство.
Бенкитенадеснатаграда означуваат склоност кон чести успони и падови.
Бенкитеналеватаградаозначуваат дека нејзината стопанка има бурен темперамент, а честата промена на машките партнери означува склоност кон неразумни врски.
Бенкитенадланкитеилинадесноторамо ветуваат успех во животот.
Бенканавратот оддава човек којшто е принуден да се мачи на млади години за да биде материјално обезбеден во зрела возраст. Можно е да добие богатство од наследство.
Бенкавообластанагрлото покажува дека тој човек како карактерни особини поседува: честољубие, упорност, истрајност да се постигне она што го наумил(а). Таквите луѓе обично склучуваат брак од сметка.
Бенканагорнатаилинадолнатавилица покажува дека нејзиниот сопственик страда од некаква болест.
Бенкананосот покажува дека нејзиниот сопственик има голема иднина, го очекуваат големи патувања. Таквите луѓе имаат силен сексуален магнетизам.
Бенкаоколуустата припаѓа на човек со добродушен карактер, но понекогаш ваквата бенка е белег на излишна чувствителност.
Бенканалевиотобраз сведочи дека нејзиниот сопственик постојано мора да поминува низ тешкотии, оти цело време се наоѓа во борба.
Бенканадесниотобраз значи дека тој човек ќе биде среќен во бракот, и дека ќе му врви во животот.
Бенканаувото често имаат луѓето што не размислуваат многу, туку се залетуваат.
Бенкаоколулеватавеѓа предупредува дека е можен несреќен брак. Таквите луѓе повеќе се раководат од своите чувства отколку од разумот, па дури отпосле ја согледуваат погрешноста на својот избор. Меѓутоа поседуваат непокорлив дух, па го кинат брачниот јазол.
Бенкаоколудеснатавеѓа покажува голема приврзаност, љубов којашто не ослабува дури ни по многу години.
Бенкаоднадворешнатастрананаокото пред вас е урамнотежен човек, којшто не троши пари напразно; напротив, којшто умее да работи со нив, а се облекува скромно.
Бенкаодлеватастрананачелото се среќава кај човек со слаба волја, којшто лесно потпаѓа под туѓо влијание, склон кон екстравагантни постапки.
Бенкаоддеснатастрананачелото му припаѓа на човек со силен ум и проникливост. Тој постојано се стреми да ги продлабочи своите знаења, и грижлив е во с# што прави.