ШТО Е ПОДЗНАК? Како да го пресметате подзнакот?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Пошков – Крајнички

Подзнакот е фактор на хороскопот кој ги означува надворешните карактеристики на личноста: физичкиот изглед, однесувањето, изразувањето. Се толкува како дополнување на сончевиот знак, но често во значењето го преовладува.

Подзнакот е посебно силен ако се наоѓа на почетокот на знакот.

Сите знаеме дека животот е многу посложен отколку што покажува наизглед едноставната шема на хороскопот и дека меѓу луѓето постојат далеку поголеми и побројни разлики од оние што ги сугерира поделбата на Зодијакот на дванаесет знаци.

Астрологијата е систем кој, како и секој друг систем, се состои од ограничен број на елементи, кои понатаму се комбинираат скоро до бесконечност.

Подзнакот или асцедентот е втор важен елемент на секој хороскоп.

Додека Сончевиот знак “знакот во кој сте родени” е токму знак кој се наоѓал во Сонцето во моментот на раѓање, асцедентот е знак кој во тој момент се издигал над хоризонтот.

Асцедентот условно значи “оној кој што се воздига”, па понекогаш се нарекува и “растечки знак”. Бидејќи Земјата се врти околу својата оска, на источниот хоризонт за 24 часа се менуваат сите дванаесет знака.

Со тоа постојат вкупно 144 (12х12) комбинации на Сончевиот знак и асцедентот, а дури кај секоја дванаесетта личност тие два знака се совпаѓаат.

Така имаме на пр. “двоен Овен”, личност чиј што Сончев знак и подзнак е во

Овен. Третиот важен фактор е положбата на Месечината, така “чист тип” на знакот е само оној кој што ги има сите три фактори – Сонце, асцедент и Месечина – во ист знак.

За да ве утешиме, таков е само еден од 1726 луѓе!

Ова зборува за голема важност на асцедентот или подзнакот.

Подзнакот игра голема улога и кога ги читаме хороскопите во весниците и списанијата.

Прогнозите или предвидувањата во весниците се прават под претпоставка дека личноста има ист знак и подзнак.

Се поаѓа од претпоставка ако вие сте родени во знакот на Овен дека и подзнакот ви е во Овен, поточно дека првата куќа ви започнува во Овен, втората во Бик, третата во Близнаци…

Од овие причини ако сакате да имате што поточна прогноза или предвидување побарајте го својот подзнак, прочитајте и за него, па од знакот и подзнакот можете да извлечете еден пресек.

Мора да се напомене дека е многу важно на кој степен ви се наоѓа подзнакот или асцедентот, а тоа може да се открие само со правење на натална карта (животна карта – положба на планетите во моментот на раѓањето) или натален хороскоп, кој што е појдовен за сите индивидуални предвидувања, основа за вашиот хороскоп.

Додека припадноста на Сончевиот знак е податок кој лесно се утврдува со гледање во календар, без потреба од консултирања со посебни астрономски табели (освен ако сте родени на ден кога се менуваат знаците), за утврдување на подзнакот (асцедентот) нужно е да се примени формулата која што ви ја даваме овде.

Како прво, потребно е да се побара “ѕвездено време” во табелата А, според датумот на раѓање. Ѕвезденото време е посебна нумеричка вредност со чие значење нема во овој момент да ве оптоваруваме. На вашето ѕвездено време од табелата А одземете еден час, доколку се работи за личност родена во летниот период (кое кај нас се применува од 1983 год. па натаму). На тој број додајте го времето на вашето раѓање, потоа додајте го временскиот додаток за местото на раѓање од табелата Ц.

Ако излезе повеќе од 24 тогаш одземете 24 од вкупниот број.

Откако ќе го добиете резултатот послужете се со табелата Б и дознајте го подзнакот!

По западна астрологија

Табела Б – Одредување на подзнакот

Овен 18:00 – 19:04

Бик 19:05 – 20:28

Близнаци 20:29 – 22:18

Рак 22:19 – 00:43

Лав 00:44 – 03:21

Девица 03:22 – 06:00

Терезија 06:01 – 08:40

Скорпија 08:41 – 11:18

Стрелец 11:19 – 13:43

Јарец 13:44 – 15:33

Водолија 15:34 – 16:58

Риби 16:59 – 17:59

Табела А – Ѕвездено време

И ИИ ИИИ ИВ В ВИ ВИИ ВИИИ ИЏ Џ ЏИ ЏИИ

1 6.36 8.38 10.33 12.36 14.33 16.36 18.34 20.37 22.39 0.37 2.39 4.38

2 6.40 8.42 10.37 12.40 14.37 16.40 18.38 20.41 22.43 0.41 2.43 4.42

3 6.44 8.46 10.40 12.44 14.41 16.43 18.42 20.45 22.47 0.45 2.47 4.46

4 6.48 8.50 10.44 12.48 14.45 16.47 18.46 20.49 22.51 0.49 2.51 4.50

5 6.52 8.54 10.48 12.52 14.49 16.51 18.50 20.53 22.55 0.53 2.55 4.54

6 6.56 8.58 10.52 12.55 14.53 16.55 18.54 20.57 22.59 0.57 2.59 4.57

7 7.00 9.02 10.56 12.58 14.57 16.59 18.58 21.00 23.03 1.01 3.03 5.01

8 7.04 9.06 11.00 13.02 15.01 17.03 19.02 21.04 23.07 1.05 3.07 5.05

9 7.08 9.10 11.04 13.06 15.05 17.07 19.06 21.08 23.11 1.09 3.11 5.09

10 7.12 9.14 11.08 13.10 15.09 17.11 19.10 21.12 23.14 1.13 3.15 5.13

11 7.15 9.18 11.12 13.14 15.13 17.15 19.14 21.16 23.18 1.17 3.19 5.17

12 7.19 9.22 11.16 13.18 15.17 17.19 19.18 21.20 23.22 1.21 3.23 5.21

13 7.23 9.26 11.20 13.22 15.21 17.23 19.22 21.24 23.26 1.25 3.27 5.25

14 7.27 9.30 11.24 13.26 15.24 17.27 19.26 21.28 23.30 1.29 3.31 5.29

15 7.31 9.33 11.28 13.30 15.28 17.31 19.30 21.32 23.34 1.32 3.35 5.33

16 7.35 9.37 11.32 13.34 15.32 17.34 19.34 21.36 23.37 1.36 3.39 5.37

17 7.39 9.41 11.36 13.38 15.36 17.38 19.38 21.40 23.42 1.40 3.43 5.41

18 7.43 9.45 11.40 13.42 15.40 17.42 19.42 21.44 23.46 1.44 3.47 5.45

19 7.47 9.49 11.44 13.46 15.44 17.46 19.46 21.48 23.50 1.48 3.50 5.49

20 7.51 9.53 11.48 13.50 15.48 17.50 19.49 21.52 23.54 1.52 3.54 5.53

21 7.55 9.57 11.52 13.54 15.52 17.54 19.53 21.56 23.58 1.56 3.58 5.57

22 7.59 10.01 11.55 13.58 15.56 17.58 19.57 22.00 0.02 2.00 4.02 6.01

23 8.03 10.05 11.58 14.02 16.00 18.02 20.02 22.04 0.06 2.04 4.06 6.05

24 8.07 10.09 12.02 14.06 16.04 18.06 20.06 22.08 0.10 2.08 4.10 6.09

25 8.11 10.13 12.06 14.10 16.08 18.10 20.10 22.12 0.14 2.12 4.14 6.13

26 8.15 10.17 12.10 14.14 16.12 18.14 20.14 22.16 0.18 2.16 4.18 6.17

27 8.19 10.21 12.14 14.18 16.16 18.18 20.18 22.20 0.23 2.20 4.22 6.21

28 8.23 10.25 12.18 14.22 16.20 18.22 20.22 22.24 0.26 2.24 4.26 6.24

29 8.26 10.29 12.22 14.26 16.24 18.26 20.26 22.27 0.30 2.28 4.30 6.28

30 8.30 – 12.26 14.29 16.28 18.30 20.30 22.31 0.34 2.32 4.34 6.32

31 8.34 – 12.30 – 16.32 – 20.33 22.35 – 2.36 – 6.36

ТАБЕЛА Ц

Временски додаток за

место на раѓање

Битола +00:25

Прилеп +00:26

Скопје +00:26

Бања Лука +00:08

Чачак +00:21

Дубровник +00:12

Љубљана -00:02

Марибор +00:02

Мостар +00:12

Ниш +00:27

Нови Сад +00:19

Пеќ +00:21

Приштина +00:24

Риека -00:03

Сараево +00:13

Сплит +00:06

Подгорица +00:17

Загреб +00:04

Зеница +00:12

Зрењанин +00:21