Небеските тела објаснуваат

ВО КОЛКУ ЧАСОТ СТЕ РОДЕНИ?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува. Илија Бошков – Крајнички

Како што годината, месецот и денот на нашето раѓање даваат одредени нумеролошки вибрации, така и часот на нашето раѓање има сосема одредена и прецизна астролошка и нумеролошка фрекфенција. Часот на нашето раѓање кај многумина влијае на осцилациите на сите наши био енергетски набои. Тоа се толкува со фактот дека небеските тела кои имаат влијание врз нас, постојано се во движење и од час во час се менуваат. Поради тоа многу автори сметаат дека одредениот период од денот или ноќта е од значително значење за објаснување на некои наши постапки, ставови, расположение…

 Значи, познавајќи ги нумеролошките вибрации на часот на нашето раѓање можат на многумина да им помогнат подобро да се разберат и запознаат, како самите себеси, така и другите личности во нашата средина или било кој во видикот на нашите интереси.

Кругот од 24 часа е замислен како магичен круг на часови во денот. Поделен е на шест одговарачки нумеролошки станици.

Секоја од наведените нумеролошки станици на родените во одредениот дваесет и четири часовен период дава одредени карактеристики, па интересно е во нив да ги побарате одговорите за некои ваши постапки и двоумења.

ПРВА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 00 до 04 часот)

Ако сте родени помеѓу полноќ и четири часот, би требало да сте тивки и смирени по природа. Карактеристино е да сакате да фантазирате и речиси секојдневно да градите нова кула во облаците. Тоа само потврдува дека имате многу бујна фантазија и често и давате да се расплини и не се срамите од тоа. Меѓутоа, таквото ваше однесување често ве хендикепира и доаѓате во ситуација многу тешко да се снајдете во светот на физичката и материјалната реалност. Многу се уверени дека сте роден фантазер и поет и дека тоа е единствената причина што другите не ве разбираат. Склони сте да се однесувате како друштвен и животен месечар и дека многу почесто, отколку што треба, сте непоправлива ветрушка. Исто така е извесно и дека имате крајно оплеменета душа.

ВТОРА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 04 до 08 часот)

Овие ранобудци се карактеризирани како личности кои, по правило, се одликуваат со голема итрина и потполна складност. Се смета дека се упорни и истрајни во сите работи, а тоа посебно доаѓа до израз, ако во прашање е практичната работа и секое друго конкретно ангажирање. Им се припишува максимална способност оптимално да се снаоѓаат во светот на секојдневата реалност. Тие ни во најтешките ситуации не попуштаат и не паѓаат во депресија, туку успеваат да изработат опипливо и животно разрешување на проблемот. Тука има и нагласена желба да се истакнат и да се наметнат на другите како пример. Тоа ги тера од момент во момент да се докажуваат и потврдуваат, настојувајќи и другите да ги вовлечат во тоа животно и убиствено темпо.

ТРЕТА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 08 до 12 часот)

Сите оние на кои часот на раѓање им е предпладневниот дел од денот, во себе имаат изразена црта на вера, надеж и оптимизам. Велат дека душата им е создадено од тоа. Се забележува нивната нагласена живост, кон се приоѓаат со оптимизам, постојано се во петта брзина на создавачки занес… Тоа ги прави многу впечатливи и и убедливи во сите можни односи со луѓето и им дава голем друштвен и хуманистички кредит. Изгледаат како насекаде да зрачат со несебична љубов и магнетна топлина (што би требало да е вистина). Имаат нагласена чувствителност и презентираат најфина продуховеност. Евидентно е дека одгледуваат голема наклоност кон уметноста и филозофијата.

ЧЕТВРТА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 12 до 16 часот)

На родените попладне им е наменето секогаш да бидат ведри, весели, способни за се, максимално подвижни, полни со здрава енергија… И за нив сите работи, дадени од Господ, се практични. Заедно со тоа, по правило, се одлични говорници, математичари и физичари ( доколку запловат по тие води). Истото важи за можноста да се обидат да се изразат како писатели или новинари. Доволно е само дел од својата енергија да ја насочат во тој правец и да го остварат тоа за што другите сонуваат. Се работи за сестрано надарени и способни личности и прашањето е само за нивниот избор во која област, занает… успешно ќе го исполнат својот креативен дух.

ПЕТТА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 16 до 20 часот)

На родените во предвечерјето им се препишува немирен и лутачки дух. Исто така ги сметаат за латентни нервозни личности, но и големи ветрушки. Се одликуваат со динамични движења, употреба на силни и остри зборови (дури кога и за тоа нема потреба), пред се, многу брзо мислат и делуваат (веднаш и одлучно). Карактеристично за нив е што сакаат секогаш да зграбат што повеќе од животот и да се во состојба исотвремено да извршуваат повеќе разновидни и исклучителни работи. Напросто го сакаат животот во сите видови и облици и не се двоумат во него да учествуваат без остаток. Само на другите им се чини дека често ги менувате одлуките и ставовите, вие всушност адекватно се однесувате, во зависност од бројот на преземените работи. Секој кој добро ве познава, знае дека никогаш не сте брзоплети (како што тоа им се чини на неупатените) туку дека потполно концентрирани, свесни и совесни одите од проект во проект.

ШЕСТА НУМЕРОЛОШКА СТАНИЦА (родени од 20 до 24 часот)

Овие, ќе ги наречеме ноќни птици, со самото раѓање добиле упорност и истрајност во се и на сите полиња. Затоа се случува и искрено да тежнееат кон остварување на доминацијата во сите работи и ситуации. Тоа знае некојпат да биде многу непопуларно и да предизвика спонтани отпори кај соработниците и блиските. Овие личности имаат голема склоност кон филозофија и книжевност. Вистински претставници се на рационалноста и продуховеноста. Им се припишува магнетно дејство врз околината (другите самоиницијативно се лепат за нив или се одбиваат). По правило се апсолутен авторитет во семејството и друштвото, меѓу своите пријатели и своите роднини. А овие, иако им се потчинуваат, често им зборуваат зад грб и сонуваат да им наштетат. Родените пред полноќ делуваат надмено, а тоа е последица на тоа што апсолутно веруваат во себе и своите способности, па зрачат со пренагласено самодоверба и вистинска животна (креативна) енергија.

Подетално што ве интересира, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

Споделете
Tweet 20