Енергетски вампиризам
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Енергетските вампири се наполно нормални луѓе на прв поглед. Тие живеат и работат заедно со нас. Енергетските вампири, додека не набљудуваат, одземаат од нашата енергија. Од каде, како ја земаат нашата енергија?
Зошто еден човек е донатор (доставувач) на енергија, а друг е оној, кој има потреба од неа (вампир, реципиент)?
Вампирите не се раѓаат. Вампир е човек, којшто не ја исполнува својата предназначеност. Или поинаку кажано човек, кој не оди по својата патека. Нели, секој од нас има свои задачи на оној свет. Еден е повикан да биде готвач, друг поет, трет лекар и така натаму. Тоа може да се нарече кармичен долг (карма значи дејство). Кога човек не ги искористува своите предназначени способности, туку оди по туѓ пат. Човек добива енергија за конкретни цели, а не ја користи за нив, туку за нешто сосема друго. Така енергијата се намалува. И тогаш вампирот извлекува енергија од другите луѓе.
Вампирот просто не ја зема енергија од нас, туку тој застанува пред нас, а ние сами му ја даваме. Обично вампирот прв започнува разговор, потфрла идеи, секогаш, тргнувајќи од себеси. Тогаш донаторот започнува да ја губи својата енергија, којашто вампирот моментално ја лови.
Сончеви вампири (“Јас сум те видел некаде”)
Тие обично ја користат фразата: “Јас сум те видел некаде”. За овие луѓе обично се вели дека се жестоки. Тие сами не провоцираат да го отвориме нашиот извор на енергија за нив. Дури и ако се потрудиме да не ги провоцираме, за да не изгубиме рамнотежа овие агресори се способен и да не удрат, само и само да го привлече нашето внимание кон нив и да искористат од нашата енергија за себе.
Месечеви вампири
(“Господи, колку сум несреќен”)
Ќе ги препознаете од изразот “Господи, колку сум несреќен”. Тие се спротивни на првите, според начинот на своето однесување и добивањето енергија. Тие не се жестоки, ниту пак се развиени. Напротив, постојано кукаат и се жалаат, колку судбината е несправедлива кон нив. Колку таа не е на нивна страна. Но при тоа тие тајно, скришум ја крадат нашата енергија.
“Дрвени” вампири
(“На никого и во ништо не верувам”)
Оваа категорија на луѓе постојано сакаат докажувања, на никого не му веруваат ништо. Дури и кога ќе чујат “железни” аргументи, тие пак остануваат на својата позиција. Кон оваа категорија луѓе спаѓаат и љубоморните. Тие го држат во постојана напрегнатост објектот на својата љубов и на тој начин ја извлекуваат енергијата од него.
Како да го лекуваме вампиризмот?
Духовното заболуње не подлежи на лекување од лекар во клиника. За среќа има не малку методи, коишто можат да се искористат, за да се подобри ситуацијата. Најважно е да определите, што е и кое е вашето предназначување и да да го следите. Ако имате талент да цртате, правете го тоа и не обрнувајте внимание на стравот. Не прашувајте се, дали тоа се прави така и дали ќе можете да се храните од работата што ја сакате. За тоа можете да искористите некои од многубројните техники и разработки на докторите и психолозите.
Методи на енергозаштита
Смислено направете помеѓу вас и вампирот напробивен ѕид и не оддавајте се на провокации. Запомете, за да земе од вашата енергија, вампирот мора да ја наруши вашата рамнотежа. Има и едно многу ефективно предупредување: застанете до отворен прозорец. Ритмично дишете две – три минути. При вдишувањето замислете си, како животната енергија се натрупува во сончева низа. При издишувањето излегува од сончевата низа во вид на енергетста нишка и го обвиткува целото ваше тело создавајќи еден вид појас, што ќе ве заштитува од надворешните влијанија. Добро е при атакот од страна на енрго вампирот да ги прекрстите рацете на градите и да ги исправите рамењата.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишано, можете да се обратете на контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари