Тест (за претставничките на понежниот пол)
БРАКОТ И ИНДИВИДУАЛНОСТА
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Бракот е институција во која стапуваат две единки од различен пол заради остварување на одредени цели и интереси. Некои единки се трудат во бракот да ја зачуваат својата индивидуалност, но и покрај тие нивните напори, условите (економски, културни итн.) не им го дозволуваат тоа. Ова особено важи за жените. Други пак (и мажи и жени) стапувајќи во брак, и буквално се збогуваат со својата индивидуалност.
Но, отсекогаш постоеле и такви (и мажи и жени – затоа едни без други не можат, зарем не) кои, иако во брак, имале свои љубовни партнери надвор од бракот. Какво е вашето искуство во тој поглед? На кој тип жени припаѓате кога се во прашање “излетите” од бракот ќе дознаете ако искрено одговорите на следниве 10 прашања.
1. Што претставува бракот за вас:
а) Институција во која секој од сопружниците, а особено жената, ја губи својата индивидуалност,
б) Можност за постигнување на некои цели кои ни мажот ни жената, како единка, не би ги постигнале
в) Нужно зло
2. Додека на улица разговарате со пријателот, ве забележува сопругот и ви приговара поради тоа. Вие:
а) Му се лутите на сопругот поради претераната љубомора
б) Му се лутите на пријателот што ве задржал на улица
в) Се лутите на самата себе што сте се довеле во непријатна ситуација
3. Кога ќе заѕвони телефонот, што најпрво помислувате:
а) Тоа е саканиот
б) Сигурно е некој од роднините или пријателите
в) Пак некој ќе ми досадува
4. Какви врски претпочитувате:
а) Сексуални
б) Сентиментални (емоционални)
в) Емоциите, особено љубовта, се убави работи, но можат да предизвикаат проблеми, а сексот е чисто задоволство
5. Замислете се во улога на мажена жена засипана од сите страни со љубовни понуди. Што мислите за ваквите додворувања:
а) Тоа е товар со кој секоја убава жена мора да научи да живее
б) Тоа е најважниот и најубавиот сегмент од животот на секоја жена
в) Тоа е навреда за мажена жена
6. Што мислите за женетите мажи кои трчаат по други жени?
а) Воопшто не можете да ги сфатите
б) Ги сфаќате, но не ги оправдувате
в) Ги оправдувате, затоа што треба да се искористи се што се може од овој краток живот
7. Свесни сте дека многу мажи, после средба со вас на улица, се воздуваат до тој степен што после тоа бараат спас во “рачно задоволство”. Како делува на вас ова сознание?
а) Ве остава рамнодушна
б) Ве возбудува, но не премногу
в) Ве возбудува до тој степен што доживувате оргазам
8. Некој човек, упорно и долготрајно, ви нуди љубов. Како ќе реагирате?
а) Иако не е некој убавец, би ја прифатиле неговата љубов да не живеевте во малограѓанска средина
б) Можеби, во некој посебен момент на емоции, би прифатиле да водите љубов со него; но после тоа ќе се трудите на секој можен начин да го задржите постојано и само крај себе, а тоа воедно ќе значи и крај на вашиот брак
в) Никогаш не сте помислиле на такво нешто (вонбрачна врска); вашата совест едноставно не ви го дозволува тоа
9. Мислите ли дека и во зрели години човекот (жена) може да се заљуби “до уши”?
а) Да, и тоа како!
б) Не знам, мене тоа не ми се случило
в) Каква љубов, сето тоа се само приказни!
10. Кога би се одлучиле за вонбрачна врска, тоа би го направиле со човек:
а) Кого сосема добро го познавате и за кого сте сигурни дека искрено ќе ве сака секогаш
б) со кого одлично сексуално се сложувате; при тоа неговиот изглед, чувства и материјален статус се на втор план
в) кој добро изгледа и материјално добро е ситуиран
Р Е З У Л Т А Т И
Прашање 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
Број С а 1 5 10 5 5 1 10 10 10 5
на б 5 10 5 10 10 5 5 5 1 10
поени в 10 1 1 1 1 10 1 1 5 1
ако имате:
До 20 поени: Вие сте тип на жена во чиј живот емоциите играат главна улога. Кога ќе се врзете за некого, тоа е предавање без остаток; буквално ги препуштате и душата и телото во рацете на саканиот. Од моментот кога сте го кажале судбоносното “да”, вашиот индивидуален живот престанува; понатаму вие сте само сопруга и мајка. Ако наидете на маж со слични особини – вашиот брак може да се прогласи за идеален. Доколку, пак, не успеете да најдете хармонија со сопругот, утеха за неовозвратената љубов ќе побарате во одгледувањето на децата и извршувањето на домашните задачи. Но, никогаш нема да помислите да побарате утеха надвор од бракот.
Од 21 со 50 поени: За вас се подеднакво важни и бракот и личноста. Желбата да се задржи индивидуалната слобода и потребата да се задоволат сите обврски кои поизлегуваат од брачниот живот во вашата свест водат жестока битка па често пати, и буквално, ве боли главата поради тоа. Но, не е тоа борба на лични желби и натурени обврски! И едното и другото се составен дел на вашата личност. Вие сакате целосно да му се оддадете на семејството, но во исто време и да останете максимално “своја”. А тоа, без одредени попуштања на едната или на дугата страна, е невозможно. Треба да се биде вистински уметник за да се знае во кој момент на која страна да се направи отстапка и колку. Доколку поседувате ваква способност, ќе воспоставите каква-таква рамнотежа во вашиот брак. Во спротивно тој ќе биде преполн со конфликти.
Над 51 поени: Вие сте жена која не може да се поседува. Од се, па и од љубовта, знаете да го извлечете максималното, но со што помалку лични вложувања. Сакале тоа да си го признаете или не, вие им се препуштате на љубовните уживања затоа што наоѓате лично задоволство во тоа а не и затоа што со тоа го задоволувате партнерот. Сметате дека со самото тоа што е со вас тој треба да е презадоволен. во љубовта вие го давате само телото но не и душата. Вашиот духовен живот е нешто до кое буквално никој нема пристап. Од него покажувате само онолку колку што вие сакате а не и она што некој, па било тоа да е и сопругот, ќе го побара. Настојувањето на вашиот партнер да проникне во вашата психа ве вознемирува и ве оддалечува од него.
Може да се каже дека вие паралелно живеете два живота: еден за оние околу вас – за јавноста, а друг за себе. Од јавниот живот се трудите да го апсорбирате само она што вам ви се допаѓа, а за туѓите желби и потреби многу не се грижите, иако понекогаш се трудите да го докачувате спротивното.
Во бракот се трудите да бидете добра сопруга и мајка, во целост да ги исполните сите обврски кои произлегуваат од него и од вашиот дом да направите пријатно катче за живот. Доколку вашите најблиски го ценат само тоа, бракот ќе ви биде близу до идеален. Но доколку, на некој начин, ја нарушуваат вашата индивидуалност ќе настанат проблеми. А, бидејќи вие не сте свикнати да живеете со проблеми…
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
контат. тел 078 215 911
ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денари ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911