Пентагон ќе ја зголемува популацијата во Бугарија, биолошките лаборатории од Украина ќе ги сели во Бугарија…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

влегувањето на соседна Република Бугарија во НАТО, особено во ЕУ, Бугарија доживува вистинска демографска катастрофа, скоро една третина (околу 3 милиони жители) заминаа од Бугарија.

Веројатно ова е причината што Бугарија сака да не „посвои“.

              Но, законски е забрането полнолетни личности да се посвојуваат – 1945 до 2022 е голем период, па и од 1991 до 2022година е голем период од кога станавме независни.

              Шегата настрана, во соседна Република Бугарија кога е во прашање демографската катастрофа состојбата е стравична. Како пример: пред 3-4 години цело село заедно со кметот од Бугарија се пресели во Шпанија.

              Но, тука се пријателите да ви помогнат кога ви е најтешко!?

              За што се работи?

              По војниот конфликтот во Украина, Пентагон донел одлука биолошките лаборатории од Украина да ги пресели во Бугарија.

Веројатно биолошките лаборатории ќе истражуваат како да се зголеми популацијата во Бугарија.

              Повеќе за ова пишува српскиот портал Webtribune.rs

Порталот излезе со наслов на текстот:

              „РУСКИ АМБАСОДОР: ПЕНТАГОН ГИ ПРЕМЕСТУВА БИОЛОШКИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ОД УКРАИНА ВО БУГАРИЈА“

              Еве го текстот во целост:

              Пентагон планира да пренесе американски биолошки лаборатории од Украина во трети земји: Бугарија, Чешка и балтичките земји, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Некои земји одамна ја изгубија способноста критички да гледаат на работите. Тие не се загрижени дека појавата на болести во Украина предизвикани од овие патогени се чести. Тие дури и не прашуваат за одлуката на Пентагон да ги префрли недовршените програми од Украина во трети земји. Меѓу кандидатите се Чешка, Бугарија и балтичките земји“, рече тој.

„Ако САД инсистираат нивните биолошки лаборатории да бидат исклучиво ангажирани во мирна работа за зајакнување на здравствениот сектор во Украина, тогаш каква врска има Пентагон со тоа? – рече дипломатот.

Следете го изборот на нашите најдобри вести на Telegram.

Игор Конашенков, официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, неодамна изјави дека за време на специјална операција биле откриени докази за итно чистење на режимот во Киев од трагите на воено-биолошката програма на Министерството за одбрана на САД, што е спроведена на територијата на Украина.

Според неговите зборови, вработените во украинските биолошки лаборатории добиле информации за итно уништување на особено опасните агенси на чума, туларемија, колера, антракс и други смртоносни болести.

Webtribune.rs

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20