Иронија на судбината

(НЕ)СРЕЌНИОТ БРОЈ 23

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

За бројот 23 се врзани голем број неверојатни и бизарни приказни. Колку во сето тоа има случајно совпаѓање на поединечни случаи, надувување на фактите или реална основа да се биде што подалеку од овој број, проценете самите.

Пред десетина години, челниците на најголемиот европски фудбалскиот клуб Реал Мадрид, со гордост на своите навивачи им го претставија новиот член, во тој момент најголемата светска фудбалска ѕвезда – Дејвид Бекам. На општо изненадување, тој се појави во дресот со број 23. Самиот Бекам го посакуваше дресот со број 7, кој го носеше додека играше за Манчестер Јунајтед, но овој дрес веќе му припаѓаше на Раул.

Во светскиот спорт, бројот 23 најмногу го прослави легендарниот Мајкл Џордан. Во дресот со овој број Џордан оствари блескава кариера во Чикаго Булс, а подоцна и во Вашингтон Визарс. Можеби Бекам, имајќи ги во вид успесите на Џордан, намерно го одбрал дресот со број 23.

Но, реалноста му донесе кратки и болни искуства.

Во април 2002, во текот на мечот за Лигата на Шампионите, фудбалерот на Депортиво ла Коруња, Алдо Душер со дрес број 23, ја шутираше топката, која го погоди противничкиот играч со број 23 – Дејвид Бекам. Ударот беше толку силен, што на Бекам му пукна коската на стапалото. Тоа за малку ќе го чинеше откажување на настапот на Светското првенство.

Фудбалскиот клуб Манчестер го исфрли од употреба дресот со број 23, веднаш по необичната смрт на неговиот последен носител – Камерунецот Марк Вивиен Фоа. Половина час пред фаталниот срцев удар во Лион, 27-годишниот фудбалер им кажал на своите соиграчи од камерунската репрезентација: “Момци, дури и ако тоа значи да умреме на теренот, мораме да победиме во ова полуфинале”.

Двете работи се случија – и победата и смртта. Камерун ја победи Колумбија со 1 : 0, а Фоа почина на теренот.

Еден ден пред Бекам да и го претстави на јавноста својот нов дрес со број 23, половина милион луѓе во Хонг Конг излегоа на улиците на овој град, противејќи се на предлогот на новиот Закон за сецесија, предавство, поттикнување на бунт и субверзија. Властите во Хонг Конг објаснија дека нивна должност била овој закон да се подведе под член 23 на пекиншкиот закон за специјалните административни региони.

Критичарите со право се плашеа дека законот би ги загрозил личните и социјалните слободи на граѓаните на Хонг Конг, кој од 1997 година и е вратен на Кина. На крајот властите на Хонг Конг мораа да попуштат пред притисоците на јавноста и се согласија да го одложат усвојувањето на законот.

Доста чудна коинциденција го поврзала бројот 23 и познатиот писател Вилијам Бароуз во 1960 година, додека тој живеал во Танџир. Извесен капетан Кларк, кого Бароуз добро го познавал, еднаш јавно се пофалил дека веќе 23 години плови по морињата и океаните ширум светот, без ниту еден инцидент.

Подоцна истиот ден, бродот на Кларк доживеал страшна несреќа во која загинале капетанот и сите членови на посадата. И додека Бароуз со чашката в рака размислувал за неверојатната иронија на судбината, на радио објавиле паѓање на линискиот авион во Флорида. Пилот на авионот исто така се викал Кларк, а бројот на летот бил 23.

Писателот Роберт Ентони Вилсон почнал да присобира бизарности за бројот 23 уште во 1965 година. Сите заедно со приказните за неверојатни заговори и убиства ги опишал во својата книга: “Илуминатус”.

Ако се свртите околу себе, овој број ќе го забележите насекаде. Примери има толку, што просто е тешко да се поверува.

– Мажот и жената на фетусот му даваат по 23 хромозоми.

– Спиралата на ДНК прави цел обрт на секои 23 ангстрема (десетмилионити дел од милиметарот)

– Човечкото тело има 23 пршлени.

– Во овој момент, нагибот на планетата Земја изнесува 23 степени.

– Покривката на Исус, кој се наоѓа во Торино, се чува на температура од 23 степени.

– Силината на мистериозната експлозија во Сибир од 1908 година е проценета на 10 на 23.

– Јуриј Гагарин, првиот човек кој летна во вселената, се катапултирал од своето вселенско летало на височина од 23.000 стапки, а 23 дена подоцна, Алан Шепард – роден 1923 година, стана првиот Американец во вселената.

За бројот 23 се врзани голем број негативни и несреќни значења.

– Означува пропаст, банкрот, но и прекин на линијата во телеграфијата.

– Хексаграмот 23 во книгата на промени Ји Џинг означува распад.

– Псалмот број 23 обврзно се чита на погребите.

– Јулиј Цезар е избоден со нож, точно 23 пати.

– Во првиот хорор филм на Винсент Прајс “Куќа од восок”, жртвата на убиецот најавува: “сега сум дел од бројот 23”.

– Во третиот дел на филмот “Умри машки”, возот испаѓа од шините во станицата број 23.

– Познатиот криминалец и криумчар Дач Шулц го убил својот противник Винсент Кол наречен Бесниот Пес во 23-та улица во Њујорк. Кол имал 23 години. На 23 октомври Шулц бил убиен од Чарли Воркмен. Убиецот добил доживотна казна затвор, но бил помилуван по 23 години.

– Џон Дилинџер бил убиен во Чикаго на улицата Кларк број 2323.

Подетално каков период ви престои можете да се информирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ –

2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ.  ЦЕНА – САМО 1.500 денари                                   ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20