астро фитнес
Ѕвезден фитнес
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Една од пооследните страсти на Холивуд е фитнес – астрологијата. Тоа претставува точно разработена програма врз основа на личниот хороскоп…
Се започнало со тоа што, пред неколку години специјално за снимките на филмот “Бетмен” на Ума Турман и се наложило сериозно да поработи на својата фигура. Според сценарито, таа требало да го облече залениот гумен костум на својата хероина Појзн Ајви. И тоа и се наложило благодарение на новата фитнес – програма.
Барајќи ја космичката фигура, таа се обратила до Сири Дхарма Галиано, којашто живее во Лос Анџелес. Сири е популарна, како прекрасна фитнес тренерка, но освен тоа е позната и по своите познавања во областа на астрологијата. Сири е убедена од неопходноста, дека за составување на индивидуална фитнес програма, треба да се потпреме и на хороскопот. Според неа, занимавањето со спорт е ефективно, само ако тоа одговара на астролошкиот знак.
Во согласност со хороскопите таа веќе составила програми за Шерон Стоун, Дарил Хана и Џесика Ланг. А на Ума Турман, Сири Галиано и посоветувала да се занимава со Пилејт. Својот избор, таа го објаснува со тоа што Биковите, кои се земни знаци, треба постојано да ја чувствуваат својата врска со земјата. Нив им се соодветни вежби во сала и со не многу брзо темпо. Пилејт, тоа е програма за силни раздвижувања, коишто бараат концентрација на вниманието, многу тешка, тонизирачка и закрепнувачка. Со Пилејт може да се занимавате во сала на тепих, а може и на свеж воздух, како што претпочитала Ума. “Покрај другото, ова е многу точно и прецизно разработена програма, којашто бара постојана концентрација, што на Ума и помогнала умствено да се приземји” вели Галиано.
А на Шерон Стоун, како што се покажало и биле потребни активни кардио тренинзи. Шерон е родена под знакот на Риби. Нејзина стихија е водата. Тоа значИ, дека во организмот на Шерон има многу течности. Впрочем во женското тело можат да се задржат до два литри вода. А, за да се избавите од вишкот течност, треба малку да се поиспотите. “Затоа јас избрав за Шерон секојдевен едночасовен активен трнинг со кардио натоварување, споделувајќи ја својата теорија на астролошките тренинзи” вели Галиано.
ЗНАЦИ НА ВОЗДУХОТ
Терезија, Водолија, Блинаци
Дури и за време на занимавање со спорт, тие продолжуваат да работат со главата, па затоа е нужно разнообразие. А, за да не се изгуби спортската форма, ви се неопходни чести тренинзи. Идеална варијанта е четири пати седмично. Тоа ќе ви помогне не само да ја зачувате вашата фигура, туку и да се оттргнете од стресот и од напрегнатоста. Запрашајте ги новите суперсовремени тренери, кои имитираат грабање или ски – бегање. Истовремено со телото тие го тернираат и мозокот.
Избери вежба, којашто ќе ја стимулира мозочната дејност во духот на Дзен – кинеската гимнастика Тај Чи или Јога.
Занимавајте се на свеж воздух. За вас е соодветен таков вид на спорт, којшто ја обединува координацијата на умствената дејност, на пример одбојка или тенис. А на плажа може да поиграте и фризби или “летечка чинија”. Тежнеете кон многу добра координација на движењата, па затоа научете да играте хип – хоп. Добри се и вежбите во коишто учествуваат и двете раце истовремено, како скокање на јаже или кикбокс.
ЗНАЦИ НА ОГАНОТ
Овен Лав Стелец
Вие сте полни со живот и сакате да добиете максимум задоволство од се, со што се занимавате. Во вас има толку многу енергија, што вие можете да тренирате дури и пет пати седмично. Но, за да ја одржите формата доволни ви се и две до три посети на спортската сала седмично, ако преку останатите денови на неделата водите активен начин на живот. По карактер сте комуникативни и ви одговараат исто таков вид спортови.
Ве привлекува се што е ново, па затоа следете го последниот глас на фитнес модата – бразилскиот танц ка – поејра, каде што ритуалните движења се сметаат за современ аеробик или пак источен бој со мечеви. Застанете на прв ред. Вас ви одговара да ги вдахновувате другите. Заедно со тоа не заборавајте, дека силните напрегања во салата ве бодрат.
Играјте во екипи. Запишете се во клубот за кошарка. Предложете им на пријателите да возите велосипеди или да одите пешки на прошетка.
Ти многу ги сакаш натпреварите, распрашај се за се уште неизвесниот тип на борба, на пример окинавско карате, едно од најубавите воени искуства на истокот.
ЗНАЦИ НА ВОДАТА
Рак Скорпија, Риби
Ти си мечтателна природа, па повеќе претпочиташ масажа, отколку да се занимаваш со спорт. Но треба да се движиш, бидејќи твојот организам е склон кон задржување на вода (одлик во којшто се појавува и вашата природа). За да ја исфрлите истовремено и потта, треба почесто да правите физички оптоварувања. Ако не ви се оди постојано во фитнес сала, трчајте наутро или правете гимнастика.
Сконцентрирајте се врз стомакот. Тоа е центарот на вашето суштествување. Правете стомачни вежби, лежејќи на грб и движејќи ги нозете нагоре до висина на лактите. Правете два пати дневно по дваесет повторувања.
Запишете се на индивидуален тренинг, за да се стимулирате себеси, да продолжите да тренирате. Оддавајте им внимание на аеробните вежби и гледајте, колку што е можно повеќе да се потите за време на вежбањето. На пример обидете се да направите тај – бо, но доволно е и трчање на енергична музика.
Одете на базен не поретко од еднаш седмично, бидејќи водата е вашата втора природа. Пливање, одење на водени скии, потопување со акваланг, сурфање – сето тоа е добро за тебе.
ЗНАЦИ НА ЗЕМЈАТА
Јарец , Бик, Девица
Вие сте силни, како и самата земја, а тоа значИ, дека според силите ти одговараат секакви спортски и вежби. Вие сте воздржани и спокојни и затоа теба да планирате вежбите да ги правите порано. Потрудете се да се занимавате со вежби три пати седмично по 45 минути. Имате силна волја да го исполните замисленото. Ако решите да истрчате 5 километри, ќе ги истрчате. Искористете ја таа особина за постигнување на спортски цели.
Бидејќи вас ви е важен миговен резултат, можете да се замимавате со вежби во сала или да правите комплексни вежби за целата група мускули со програмата на Пилејт.
Доволно сте издржливи и затоа често претерувате со вежбите. Но внимавајте на мускулите. Обидете се да се занимавате со спорт на чист воздух, трчање или долги прошетки, коњски спорт или голф. Не губете време за водните видови спорт: нозете треба постојано да ја чувствуваат тврдата почва.
Сакате вежбите да ви бидат прости, но доволно тешки. И ако групата во којашто сте не одговара на вашите барања и очекувања, вие се разочарувате. Така можеби ќе се погрижите правилно и ќе си најдете инструктор.
СРЕЌА ДВА ПАТИ ВО СЕДМИЦАТА
Ако направите работна или љубовна средба во својот среќен ден, наполно возможно е да бидете многу подобри, отколку што очекувате. Нели ви помага и вашата среќна ѕвезда. Па така:
Овен – вторник и недела
Бик – понеделник и петок
Близнаци – среда и недела
Рак – вторник и сабота
Лав – недела
Девица – среда и петок
Терезија – петок и сабота
Скорпија – вторник и четврток
Стрелец – четврток
Јарец – вторник и сабота
Водолија – среда и сабота
Риби – понеделник и петок
ОДНЕСУВАЊА, СПОРЕД СЕЗОНАТА НА РАЃАЊЕ
“ЗИМНИТЕ” се целосно насочени, имаат силна волја и се необично издржливи. Да се живее со нив не е лесно, тие си држат до своето.
“ПРОЛЕТНИТЕ” се многу навредливи, нерешителни, каприцниозни, неуверени во себеси, често се надарени со талент.
“ЛЕТНИТЕ” луѓе се штедри натури, брзо го забораваат лошото.
“ЕСЕНСКИТЕ’’ се луѓе, кои се штедливи и обмислуваат се. Често се големи дипломати и со јасен ум.
Според спроведеното истражување на 20.000 семејства, научниците стигнале до развод, бидејќи браковите меѓу двајца, коишто се родени во текот на зимата се најнеуспешни ( на 5.000 бракови 4.450 разводи односно 89 проценти). Најуспешни се браковите меѓу родените во текот на зимата со оние, кои што се родени во текот на летото (на 5.000 бракови – 1.500 разводи или 30 проценти. За успешни се сметаат, исто така и браковите меѓу “летните” и “пролетните” и “летните” и “есенските” луѓе.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се обратете контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денари ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911