Домашна магија

МАГИЈА НА МЕБЕЛОТ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајни;ки

Ако верувате дека секој предмет кој го допирате има определена енергетска карактеристика со која дејствува врз околната средина, во тој поглед и врз вас, тогаш, запознавајќи ги особеностите на тоа дејствување, ќе може да научите да го хармонизирате својот живот.

Мебелот обично се прави од дрво или во комбинација со дрво. А сите дрвени предмети се под влијание на енергијата на дрвото од кое се направени. Но, нивните својства зависат и од формата што ја имаат. Ако ви се чини дека сте изложени на нечие негативно влијание, добро е да набавите маса со шест ногарки. Седнувајќи под неа, ќе се избавите од малите магии и енергетските влијанија. А да не зборуваме за тоа дека вашето семејство многу ќе го расположите кога ќе ве здогледа во таа необична положба!.

ОГЛЕДАЛО

Одамна има репутација на магиски атрибут. Според верувањата, ако го кршиме не чекаат 7 несреќни години. Но, тие ужасни последици можете да ги избегнете извршувајќи го следниот ритуал: фрлете сол преку своето рамо, завртете се трипати во насока спротивна на вртењето на стрелката на часовникот, а потоа во оган изгорете парченца од огледалото. Парчињата потемнети од огнот се чуваат една година, а потоа се закопуваат. Доколку го извршите погоре наведеното ве очекува само една несреќна година, наместо седум. Но, ако не сакате да ја трпите несреќата цела година, обидете се со следново: заборавете на постоењето на тоа суеверие и продолжете да си живеете со песна на усните.

Како и да е, се смета дека огледалото носи среќа – затоа колку повеќе ги имате дома, толку подобро. Во ходникот огледалото е посебно неопходно: тоа ја одбива негативната енергија која можат да ја внесат во домот домашните и гостите. И, уште нешто – не е без основа верувањето дека ако се вратиш од полпат оти си заборавил нешто да земеш, кога ќе влезеш дома задолжително погледни во огледалото и внимателно загледај се во очите. Расположението ќе ти се подобри.

Се препорачува огледалото да се закачи спроти масата во гостинската соба и во кујната, за да привлече во домот изобилство и богатство. Никогаш не поставувајте го огледалото во положба да ја “отсекува” главата на некој од семејството. Во таков случај тој ќе страда од главоболка. Но не чини ниту да го закачувате премногу високо.

КИЛИМИТЕ

Енергетските својства на килимите во голема мерка зависат од нивната форма. Кружните килимчиња симболизираат спокојство и духовност. Најдобро е ако се постелат на подот во спалната, гостинската, дневната, односно таму каде што треба да царува спокојна атмосфера. Квадратните и правоаголните килими се поврзани со материјалната, интелектуалната и технолошката сфера. Тие се соодветни за кабинети, канцеларии, библиотеки, ходници, скалила и салони. Тркалезните килими поседуваат универзална енергија и затоа насекаде стојат добро, особено ако успеете да ги впишете во интериерот. Ако имате финансиски тешкотии, ставете под килимот парче исушена мов или морска алга. Тоа ќе привлече пари. Во никој случај не треба да го превртувате килимот ако случајно сте го постелеле наопаку. Да се оди по обратно поставен килим значи среќа. Не треба да го поставувате килимот на неизмиен под – заедно со правот под него тој ќе ја впие и натрупаната негативна енергија. Пред да го исчистите килимот со правосмукалка, посипете го со ароматични треви и ставете сол. Тоа исто така ја неутрализира негативната енергија.

ВО КУЈНАТА

Од гледна точка на биоенергетиката многу важни се предметите кои се наоѓаат во кујната, бидејќи тие влијаат на животно важниот процес на хранењето. Печката е поврзана со елементот на огнот. Кинезите сметаат дека таа треба да биде свртена со предната страна кон југоисток, и како свет предмет, треба секогаш да биде чиста. Според верувањето, околу печката не би требало да плачеме, да се караме, да се бакнуваме. Не би требало ниту да сечеме кромид – ни на печката, ни близу неа.

Не помалку важен атрибут во магијата на кујната е масата. Таа го симболизира домашниот олтар, па затоа треба да биде поставена паралелно со ѕидот, за да може енергијата која тече низ основите на домот, да тече и околу неа. На масата не би требало да се седи, ниту да се ставаат пари и клучеви. Тоа може да навлече несреќа.

Различните технички апарати одамна станале дел од нашиот живот и голем дел од нив ја зафатиле токму кујната. А ние честопати забораваме дека машините исто така имаат “душа”. Техничките уреди се наоѓаат на многу повисоко енерго-информационо ниво отколку обичните предмети, благодарение на можностите на динамичното дејство. Затоа, техниката поседува некои црти, кои почесто се својствени на живите суштества. Типична ситуација: кујнскиот миксер не сака да го измати тоа што сте го ставиле во садот за матење, и почнувате да се лутите. Тој и понатаму е нем.

Но, ако му се помолите со убави зборови: “Ајде, мило, оправи се. Ајде заврши ја таа работа, гулапче” итн., туку гледаш – проработел! – без да го носите на поправка.

Сите кујнски апарати испуштаат зрачење кое воопшто не е корисно. Затоа не е пожелно постојано да престојувате во соба каде што има телевизор, компјутер или микробранова печка. Повеќето луѓе откако ќе минат четири-пет часа пред телевизорот се чувствуваат уморно. Многу често откако ќе се вратиме од работа, веднаш го вклучуваме телевизорот и с# правиме додека тој е вклучен – се преоблекуваме, зборуваме по телефон, вечераме. Во таква состојба ние практично не добиваме друга информација, лесно се дразниме од ситници, не можеме да се сосредоточиме врз нешто. И сето тоа поради енергетското влијание на екранот.

КОМПЈУТЕР

Тој е најсложениот од сите апарати. Затоа и неговиот енергетски потенцијал е за неколку степени повисок. При комуникацијата со компјутерот на сила е законот за обратното заемно дејствување, т.е. ние со компјутерот разменуваме информација. Човекот се приспособува кон машината и машината се приспособува кон него. Како резултат на сето тоа, се чувствуваме не комфорно работејќи на туѓ компјутер. А ако на нашиот компјутер седне друг човек, тој може да почне да се “откачува”. Не чудете се – овој феномен е повеќепати проверуван… Ако сакаме да ја неутрализираме негативната енергија од компјутерот, би требало крај него да поставиме мала пирамида или некој друг предмет што поседува својство да штити од патогени зрачења.

ТЕЛЕФОН

Тој е исто така многу чувствителен механизам. По телефонската мрежа се пренесува дел од нашиот био енергетски потенцијал. Затоа често кога ја креваме слушалката, однапред знаеме кој не бара. При телефонски разговор со непријатен човек се чувствуваме толку лошо колку и при лична комуникација со него. Ако телефонот ѕвони, а вие којзнае зошто не сакате да ја кренете слушалката, тогаш послушајте си го внатрешниот глас и не правете го тоа.

Најдобро е да живеете во мир со своите блиски и со домашните предмети и тогаш нема да им причина да се плашите од незгоди и нема да се заморувате со некакви си суеверија.

Подетално што ве очекува, можете да се информирате на контакт тел. 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања:

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ.  ЦЕНА – САМО 1.500 денари                                   ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20