13 ТАЈНИ ЗНАЦИ НА ЛИЦЕТО ЗА ВАШИОТ КАРАКТЕР

Пишува. Илија Бошков – Крајнички

Физиогноматиката (или уште физиогномија, физиономика), односно определување на карактерот на човекот според лицето, е најстарата гранка на науката за човекот. За нејзина татковина се смета Кина.

Бројот на карактеристични знаци подлежни на изучување во оваа наука изнесува 130. Само за очите Јапонците забележале 40 одлики. Сите знаци се формираат дури кон 40-тата година од животот.

Очите се огледало на душата

 

Големите очи оддаваат чуствителност, доста често мажественост, но и квалитети на лидер. Многубројните брчки по очните капаци го потцртуваат стремежот за власт. Премногу широките округли очи одразуваат мечтаење, но зборуваат и за мрзливост, а можеби и лажење. Не многу големите очи припаѓаат на стабилните, често саможиви и тврдоглави луѓе.

Малите, предимно црни, очи оддаваат љубопитност и темперамент. Тие се често сведоци и на слаткоречивост. Ако се округли и доста подвижни, живи,  пазете се – може да се на цинична личност и измамник.

Издолжените очи оддаваат ум. Свиените вдлабнати очи покажуват проникнувачки карактер, недоверливост, а понекогаш и итрост и завист. Вдлабнатите, длабоко затворени очи говорат за животни преломи. На тоа се должат недоверливоста,  итрината и алчноста.

Не многу широките, отворени, неокругли очи, расположени на една линија, со тенки брчки како вртелешка на крајот на очите на надворешната страна, се карактеристични за умниот, разумномислечкиот и проникнувачки човек. Ако очите се лесно закосени (се отклонуваат од хоризонталата) зборуваат за решителност кај мажите и неразумност кај жените.

Деликатните карактери имаат очи со издолжен разрез со подигнати краеви (агли) нагоре.

Важна информација за карактерот на човекот дава носот

 

Долгиот нос сведочи за силна индивидуалност. Ако тој е совршено прав и долг, може да се работи за материјалистички начин на размислување, за рамнодушие кон сѐ што е возвишено. Во комбинација со сини очи, тој човек е со многу големи барања, стремеж кон недостижното. жРскавичен, долг и подгрбавен нос имаат мрачните луѓе. Тие се надмени и нечувствителни луѓе.

Краткиот нос говори за отвореност и оптимизам. Широкиот нос одразува добродушност, а понекогаш и нерешителност. Луѓе кои имаат широка основа и грбка, никогаш не го губат присуство духот и имаат силна волја. Такви носови имале, ако судиме според скулптурите, Сократ, Кромвел и Петар Први.

Луѓе со непропорционални мали и неправилни носови имаат ограничени интереси, саможиви се. Широките увиснати ноздри говорат за живост и оптимизам.

Носот со свиткан надолу врв, како клун на орел, оддава проникливост, итрост, а понекогаш и злопамтило. Подигнати нагоре ноздри се знак на лесноверие. Прчестиот нос со испакнати ноздри означува каприциозност, невоздржаност.

Раздвоениот крај на носот е знак за нерешителност. Премногу малите ноздри на носот се знак на отстапување и на поводливост. Широките ноздри на носот се знак за сомневање.

Малата уста покажува слаб карактер

Малата уста кај маж зборува дека нејзиниот сопственик е проголтан од борбата за егзистенција и има слаб карактер. Големата уста е знак за мажественост. И кај жените е слично.

Чуствителните природи имаат неголеми усти со опуштени агли. Тенката линија кај свитканите усни говори за принципиелност на нивниот сопственик. Таа е белег на внимателност.  Испакнатите полни усни се белег на животен успех.

Хоризонталната линија на устата е знак за емоционална рамнотежа. Извивката на устата сведочи за претовареност на нервниот систем и за упорност. Испакнатата горна усна оддава нерешителност, а испакнатата долна усна – егоизам.

Ако при смеење човекот ја сокрива со рака устата, тоа значи дека не е уверен во себе, дека сака да остане во сенка, дека е склон кон самоанализа и преголема критичност.

Ако ја отрга при смеење главата, човекот соопштува дека е недоверлив и лекомислен.

При смеење, мечтателите и фантазерите го допираат лицето или главата со рака. Ако при смеење човек го брчка носот, погледите и чувствата брзо му се менуваат. Тој се подава лесно на моменталното расположение.

Високо, со полн глас се смее темпераментниот човек.

Ушите се индикатор на интелектот

Високо поставените уши се признак на голем интелект. Ако интелектот е поголем од просечниот, тогаш височината на ушите е на ниво на очите.

Ниските уши сведочат за средно и скоро недоволно развиен ум. Големите, тенки и уши кои штрчат, говорат за музички способности, особено ако се повлакнести. Малите, дебели уши говорат за слаби музички способности.

Уште помалите дебели залепени уши понекогаш оддаваат ситничавост, непостојаност, одмаздливост и неискреност. Долги и тесни уши имаат лекомислените, неспособните да се сконцентрираат; љубоморните и зајадливите. Ако се пак и дебели, тоа значи дека пред Вас стои ограничен човек.

Кај надарените луѓе ушите се широки и тенки. Ушите што штрчат како волчјите оддаваат грубост и жестокост. Мовта во ушите е знак на страсни природи. Отсуството на долниот дел на увото е знак на суровост во карактерот.

Колку е подолг долниот дел на увото, толку попаметен е човекот. На Исток луѓето со такви уши се сметаат за мудреци. Малку подигнат долен дел на увото значи богат духовен живот. Внатрешно задебелено уво е знак на емоционален човек. Ако нема такво внатрешно задебелување, тогаш гледаме сигнал на воздржаност. Испакнатото задебелување зборува за импулсивност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20