КРСТАЛЕН ОРАКУЛ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува. Илија Бошков – Крајнички

На почетокот од секоја култура, човекот користел различни средства за гатање, барајќи одговор на секојдневните проблеми или за донесувањето важни решенија. Обично мудрецот, или старешината на племето се консултирал со прашувачот. Но демес одговорите на прашањата, често ги бараме кај прорекувачи или јасновидци. И ние сами можеме да се научиме и да ги прошириме нашите психички способности со помош на кристалите, користејќи наш сопствен Кристален оракул.

Во текот на вековите, кристалите се користеле за гатање, за магични ритуали и за лечење. Кристалите пртетставуваат осум камени води – комбинација на вода со определени природни елементи од осум различни состојки. (температура, притисок и другу). На пример од комбинацијата меѓу водата и песокот се формира кварцот.

Кристалите содржат необична енергија и можат да ги прошират нашите психички и исцелителни способности. Тие не го прават човекот јасновидец, туку му помагаат да ги отвори каналите на сопствените способносити.

Корените на Кристалниот оракул, којшто ви го предложуваме се длабоко вкоренети во во Келтската традиција на Феите. Прашувачот вади 9 камења од торбата во која има 12 и ги реди врз бархетна покривка во три колони по три камчиња. Па така, вам ви се потребни 12 камчиња, три парчиња црн бархет, 13 * 13 см лента за врзувања и игла со црн конец.

Направете торбичка на следниов начин: земете две парчиња платно и обработете им ја површинската страна. После тоа зашијте ги останатите три страни, свртувајќи ги на лице и прикрепувајќи ги со лентата. Останатото парче обработете го од четирите страни тоа е ваша покривка. Можете да ја ставите заедно со камчињата заедно во торбичката.

Како да го искористите вашиот кристален оракул?

Мислете на прашањето и без да гледате во торбичката извадете 9 камења и поставете ги во три колони.

Долниот ред – претставува прашувачот, очекувајте грижи и проблеми.

Средниот ред – одот на животот, лекции и случки.

Горниот – можни решенија и резултати.

После тоа интерпретирајте го значењето на камењата, користејќи ја својата интуиција.

Но, пред да започнете да гатате со своите камења веднаш после нивното собирање, треба да ги исчистите во солена вода. Ова треба да го правите и после тоа еднаш седмично, за да можат камењата да ја зачуваат максимално својата енеригја, бидејќи тоа ќе влијае врз исходот на вашето гатање.

Авантјурин – прашувачот го очекуваат сомнежи и опасности.

Аквамарин – ситуација има преграда пред вашето изобилство.

Аметист – покажува загуба или урок. Неопходност од научување.Нужни се промени.

Ахат – површност. Треба да се опуштите. Движење напред. Потребна е поголема верба во себеси.

Карнеол – самиот прашувач, увеличување на психичката енаргија и на извесноста.

Кварц прозрачен – добро здравје, прозрачност, енергичност, оттргнете се од стариот багаж. Успех во животот. Постигнување на целите.

Кварц розов – плодороден период , вообразба, слобода. Љубов, задоволство мир, баланс, одобрување, преминување, лечење.

Месечево камче – лојалност, здравје љубов долг живот, нов проект, брак, сојуз, духовно пробудување, се е убаво тука.

Тигресто око – промена, прогледување, гледање на нештата во нова светлина, раширување на светогледот, нова насока, позитивно движење.

Хематит – прашувачот има потреба од забавување и самоконцентрирање. Небалансираност, хаотични енергии. Задкулисни дејства, недостојна ситуација, треба да барате мир, болест, изневерување, лага.

Јаспис зелен – откажувања, неблагопријатен период во работата и дома, трба да сте попозитивни, потребна е чесност.

Јаспис црвен – страст, љубовен роман, нова кариера, пат или патешествие, промени кон подобро, средби.

Вие можете да искористите и други камења, но пред тоа треба да им го проверите значењето и влијанието во практиката.

Авантјурин – измамништво, лага, недостојна ситуација.

Аквамарин – лагата или итрината ќе излезат на јаве. Сите тајни ќе се разоткријат. Хармонија во семејството.

Александрот – ве очекуваат несреќи и испити на издржливост. Можни се проблеми со крвта и крвотокот.

Алмандин – (разновидност на граната) ве очекуваат радости, веселби и добро здравје.

Амазонит – спокоен животен период, може да се чувствувате подмладени.

Аметист – духовен растеж, благоразумност, зачувување на социјалната положба. Ѓаволите ќе ве избегнат. Можат да изникнат прашања поврзани со наркотици и пијанство: болест, лечење и кај самиот човек и кај неговите блиски. На примерт во ситуација со алмандин може да значи спремање на банкет со алкохол или наркотици. Со александрит можете да се борите со овие пороци и во вашиот живот и во животот на вашите блиски.

Ахат (бел) – долговечносдт, благосостојба, успех.

Ахат (црн) – беспокојство тага.

Берил (жолт) – ве очекува интелектуална работа, учење, благопријатни долги патувања, врски со влијателни луѓе.

Црн јаспис – несреќна љубов, лаги, кармични проблеми.

Кехлибар – добро здравје, спорт, закрепнување на вербата.

Корал – каприци, претенции, патешествија. ЗанчИ, дека жената ќе дејствува како маж, а мажот како жена.

Котешко око – спокојство во семејството, благосостојба.

Крвав хематит – Ѓаволите ќе се обидат да ви наштетат. Но вие треба да бидете силни, во спротивно сами ќе паднете под ударите на својата судбина.

Месечево камче – мечти, претпазливост, добра интуиција и сништа. Може да покажува млад неомажен човек.

Малахит – За момче може да значи можно насилство, груби држења. Дејности сврзани со искуството. Бидете внимателни со детето може да има потреба ваша помош.

Нефрит – треба да се промените себеси, а не да стоите на едно место. Може да покажува и козметички порецедури, обврски за подмладување. Непријатности во љуботва, осаменост, загуба на пријатели.

Оникс – инает, упорност, намалување на интелектуалните способности.

Опал – благосотојба, бременост

Зачљаден кристал – разочарувања, бегање од обврсклите, наркоманија алкохолизам.

Бисер – илузија, лага, несреќа. Советува да се избегнуваат љубовните романи и да се сосредоточите врз еден човек. Оние кои имаат странична врска, ќе бидат откриени.

Пирит – опасност, застрашен жиовт, отстапка и отстапувачки мисли.

Прон – власт над луѓето, авторите, правилни дејствија.

Планински кристал – подобрување на паметот, концентрација, нови духовни искажувања. Предвидување, интуиција.

Сардоникос – благопријатни патешествија, подмладување, спокојство.

Серпентин – грев, искушение.Постапете обратно од она што ви го наложуваат ситуациите.

Тигресто око – Стабилна мисла, педагошки способности. Пристапи кон ревност, конкуренција. Може да значи и жена, добра домаќинка.

Турмалин – Љубовни романи и победа за мажите. Ако сте жена и се потчинувате на волјата на мажите и играте по нивна свирка. Зголемување на потентноста кај мажите. Деца, бременост кај жените.

Хиацинт – тага абортус, бездетност, поматување.

Хелиотрон – недостасува љубов, љубовен роман, бездетност, сиромаштија. Успех во битка, во активни дејства. Може да значи и војник.

Хризоберил – за неомажените покажува брак. Спокојство хармонија.

Хризолит (оливине) – период на испрашување, треба да се движите напред, а не да ве обзема мрза.

Циркон – Покажува агресија, заплашување, убиства, несреќни случаи. Зацврстување на верата во себе.

Цитрин – приходи од работа, нова информација, патување. Нова претприемничка дејност, можности. Чувајте се од измамници и од лажливци.

Јаспис – го подобрува односот со началниците, го зголемуба чувството на осдговорност, а може да покажува и социјален растеж.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20