Магичен круг на часовите и сезоните

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Како што секој ден од месецот има своја нумеролошка вибрација, така и секој час на деноноќието има своја астролошка честина, којашто влијае врз излачувањето на нашата биоенергија. Важно е да знаеме, дека кога станува збор за часот на раѓањето, влијанието на планетите се променува постојано во текот на 24 часовниот циклус. Постапките, расположението и мислите најдобро можеме да ги разбереме, кога ја имаме во предвид нумеролошка вибрација на часот на нашето раѓање. Тоа е така, зашто луѓето се делат на шест основни групи, според моментот на деноноќието, кога се родиле. Оние пак, коишто се појавиле на бел свет во час, којшто стои на границата меѓу две групи, имаат општи црти и карактеристики од двете групи. На истиот начин има значење во која половина од годишните времиња сте родени – зимната или летната. И според овој признак луѓето се поделени на групи.

Ако сте родени помеѓу 0 и 4 часот

Вие сте тивки и кротки. Сакате да мечтаете и да создавате воздушни кули. Фантазијата ви е богата, но тешко се справувате во светот на реалноста. Вие сте родени фантазери и поети, па затоа луѓето од околната не можат да ве разберат . Спаѓате во чудни птици, но душата ви е пламена и нежна.

Ако сте родени помеѓу 4 и 8 часот

Се одликувате со итрост и штедливост. Упорни сте и трпеливи во сите нешта, што ги работите, а особено во практичната насоченост. Вие живеете во светот на реалноста, повеќе од сите други. Се стремите да бидете пример за луѓето од околината и постојано сакате да се докажувате и потврдувате.

Ако сте родени помеѓу 8 и 12 часот

Исткаени сте од верба, надеж и оптимизам. Вие сте полни со живот и постојано обземени од неспокојство. Изкажувате предана љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте и со отворен дух. Имате склоност кон искуството и филозофијата и се истакнувате со своите дарби и талент.

Ако сте родени помеѓу 12 и 16 часот

Вие сте полни со живот, динамични сте и преполни со енергија. Имате наклонетост сите практични дејности да ги правите прекрасно. Освен тоа сте добри оратори, математичари и физичари. Би биле добри литерати, па добро би било да ја насочите енергијата во таа насока. Вие сте сестрано надарена личност и можете да го реализирате вашиот творечки дух во повеќе професии и дејности.

Ако сте родени помеѓу 16 и 20 часот

Вие сте неспокоен дух, што бара нешто. По принцип сте нервозни и расеани луѓе . Движењата ви се енергични, зборувате со висок глас, користите остри зборови, брзо мислите и дејствувате. Сакате да земете од животот, колку што можете повеќе и копнеете да го вкусите од сите негови страни. Често го менувате расположението и решенијата, и работете по неколку работи истовремено. Оној којшто не ве познава добро, би рекол дека вие сте небрежни, но всушност вие се однесувате многу свесно кон се што правите.

Ако сте родени помеѓу 20 и 24 часот

Вие сте упорни трпеливи и умерени во сите аспекти. Се стремите да доминирате над нештата и ситуациите. Имате склоност кон филозофија и литератра. Рационални сте и полни со дух. Имате магично влијание врз околината и сте авторитет во семејството, фирмата каде што работите, меѓу пријателите и роднините. Имате извесно влијание, но тоа е затоа што сте навистина уверени, дека имате силна и творечка енергија.

ОСНОВНИ НУМЕРОЛОШКИ ТИПОВИ

А Соларен тип- родените помеѓу 4 часот наутро и 10 часот навечер

Карактеристики: ведри, полни со живот, оптимистички расположени, рационални, практични, полни со светла и животнорадосна енергија.

Б Летен тип – родените помеѓу 30 – ти април и 31 октомври

Карактеристики: рационални, земни, практични, урамнотежени, неиздржливи на студ.

В Лунарен тип родените помеѓу 10 часот навечер и 4 часот наутро

Карактеристики: тивки, благи, не натрапливи, лесно суетни, песимистички настроени, родени мечтател и поети.

Г Зимен тип родените меѓу 31 октомври и 30 – ти април

Карактеристики: филозофски настроени, склони кон медитативни состојби, помалку практични, нервозни, еднакво интровертни и екстровертни, лесно поднесуваат студ.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ.  ЦЕНА – САМО 1.500 денари                                   ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20