Растенијата помнат музика и звуци

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Светот на растенијата е полн со чуда и волшепства, коишто не доаѓаат од светот на приказните. За нас луѓето, природата е како живо суштество, кое не омајува со живи звуци и проникнува во најдлабоките катчиња од нашиот разум и душа. Секој ја слуша музиката на природата од својата појава на овој свет и ја помни вечно. Но, понекогаш се прашуваме, дали природата слуша?

Психијатарот Ван де Касал се занимавал со променливите состојби на сознанието и се обидувал да ги изучи условите, под кои се појавува хипнотизирачкиот транс. Откако набљудувал некои племиња, коишто живееле во Африка во услови блиски до првобитните, тој забележал, дека ударите на тамтамите не само што предизвикуваат различни реакции кај луѓето, туку и влијаат врз расположението на многу видови смолести растенија и ги тераат да ја променат својата арома.

Реагираат ли растенијата емоционално на музиката?

Дали можат да слушаат без уши, како што претпоставуваат многу научници? Практичните истражуваања даваат еден одговор: растенијата имаат осетлив дури и музикален слух. “Грозјето ја сака музиката и расте подобро под мелодични песни и чуруликањата на птиците, тврди лозарот Бертус Мејер, којшто живее во една област близу Кејптаун. Над неговата лоза постојано се пеат птичји песни. Според зборовите на јужноамериканскиот фармер, таквата реколта е побогата, а зрната на плодот се многу поголеми и посочни, за разлика од плантажите на неговите соседи. Бертус започнал да го испробува овој метод наречен “Звучен бум” во текот на август 1997 година и веќе постигнал забележливи резултати.

Важните откритија по правило настануваат случајно и неочекувано дури и за самиот откривач. Таков е и случајот со ученикот од колеџот “Темпл Буел”, Дороти Ретлок. Таа била привлечена од музиката, но требало сериозно да се занимава со биологија за да успее во своите испити и да ја заврши учебната година. Дороти не покажувала никаков интерес кон ботаниката и биологијата и се чудела, како да го поврзе проучувањето на растенијата со она што неа ја привлекува – музикта. Судбината точно тогаш и ја пратила книгата на Лорел Елизабет Кејс “Тоналитетите – загубен свет?” каде што се спомнувало за влијанието на молитвите и на музиката врз растенијата. Таа решила со свои очи да види, како цветовите ја примаат музиката. Во почетокот почнала секој ден по 15 минути да им ги свири на колекцијата растенија тоналитетите си бемол и ре. Веднаш забележала, дека темјанушките, коишто биле овенати, оживеале и се претвориле во убавици. Во текот на 10 дена сите растенија расцветале бујно, но после две недели започнале различни промени. Лисјата на здравецот пожолтеле и на крајот од третата недела овенале. Репите, коишто пораснале 5 сантиметри, секогаш се обидувале да се скријат од звукот и се вртеле во спротивна насока од изворот на музиката. Тревата филадендрона и репите загинале на крајот од третата недела. Контролната група на растенија не претрпела никакви измени. Подоцна Дороти продолжила со истражувањата на колеџот, користејќи ја опремата од лабараториите. Таму таа го направила следниот обид. Во три соби поставила по четири растенија од сите видови, освен темјанушки. Овојпат таа им го приложила тоналитетот фа. Во едната соба записот на тонот бил пуштен непрекинато 8 часа, во другата соба 3 часа, а во контролната просторија било сосема мирно. Во првата соба растенијата овенале после две недели, а во втората растеле, подобро отколку во тивката соба. Дороти повторно забележала, дека растенијата се обидуваат да се отстранат од извортот на звукот.

Од експериментите на Д. Ретлок, биле привлечени и други жени. Вирџинија Смит и Марлен Мејсберг, ставиле во една соба тиквички. Во текот на 8 недели едното растение било озвучуванио со рок, а другото со класика. Музиката се одразувала лошо на првата тиквичка, којашто се обидувала да расте во спротивна насока од звукот. На втората тиквичка класиката и се допаднала и таа се свртила кон изворот на мелодиите и секогаш се грижела да го зачува правецот. Дороти Ретлок го повторила овој обид и уште покатегорично установила дека: рок музиката ги уништува растенијата на необјаснив начин.

Другите видови музика, како класичната или помеки поп мелодии го стимулирале развојот и растењето на растенијата и им помагаат да станат побујни и со потешки лисја. “Растенијата не ја сакаат монотоноста, постојаниот звук или бесмислените звуци” , заклучува Дороти. Таа ги продолжила опитите со други различни видови на тонски записи и установила, дека претставниците на флората таат особена пристрасност кон источноиндиската музика (“Звуците на Индија” од Рави Шанкар) и кон творбите на Бах. Кон западната народна музика останале рамнодушни, но изненадувачки биле наклонети кон ритамот на џезот. Дороти се прашувала, дали музиката не ги полни со некаков вид на енергија.

На ова прашање таа не можела да одговори, но други научници, коишто посветиле внимание на таков вид истражувања, се обиделе да пронајдат одговор. Американците Вудоф и Ројстер раскажуваат за своите опити врз тутун во својот труд “Ефектот на случајниот шум врз растењето на растенијата”. Според нивните податоци звукот може да го забави растењето на растенијата и до 40 проценти. Во лабароториите на универзитетот во Торонто установиле, дека зеленилото расте најбрзо сллушајќи женски соло исполнувања. Краставиците пак го претпочитаат звукот на флејтата.

Доктор Т.К. Сингах спроведувал опити испитувајќи го влијанието на мандолината флејтата, виолината и човечкиот глас врз растенијата. После три недели слушање на свирењето на виолина, и други жичани инструменти, стеблата на пиперките пораснале за 90 проценти а растот на плодовите (пиперките) се зголемил на 103 проценти. Мимозата исто така започнала да расте двојно побрзо под звукот на виолината. Научниците забележале, дека дел од растенијата можат де ги предаваат некои од своите особини на нивните наследници. Според него музиката предизвикува промени во хромозомите.

П. Вејнбергер претпоставувал, дека звучните бранови можат да предизвикааат резонирачко дејаство врз клетките на растенијата, што им дозволува да се наполнат со енергија и да влијаат врз размената на материите.

Група јужнокорејски научиници установиле, дека под влијанието на определени звуци потенцијалот на растењето на многу растенија се зголемува за 44 проценти. Врз растенијата, коишто растат во стаклени бавчи влијанието на лесната музика е со честина од 2.000 херца. Во тој дијапазон звучните бранови активно го стимулираат развивањето на клетките, ја зголемуваат содржината на минералната вода во растенијата и ги зголемуваат нивните пори за дишење, така што плодовите им стануваат посочни и повкусни. Нивните спротивставителни сили се зголемуваат меѓу штетни инсекти. Најсоодветна за нивната цел е класичната музика, установуваат научниците.

Едно е јасно растенијата ја сакаат убавцата музика и со определена честина. Се зборува, дека уште Дарвин пред 130 години се обидувал да и свири на труба на својата обожавана мимоза. Во текот на 1983 година американскиот истражувач Ден Карлсон разработил изворен метод на “акустично цветање”. Тој издавал касета со “зелена музика” и ја испраќал со специјални препораки на фармери од целиот свет.

Се чини, дека растенијата освен што ги паметат звуците и музиката имаат и душа. Тие го запомнуваат и гласот на својот домаќин и подобро растат, кога тој им зборува или или пак го слушаат наокулу (се разбира, ако тој е грижлив и добар човек). Веднаш штом ќе чујат човечки глас, зелените страци никогаш не го забораваат. И уште којзнае, колку тајни се скриени во нивниото помнење.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20