Исцелителни звуци
СЛУШАЈТЕ КЛАСИКА
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
За да може човекот да ги нахрани и исцели суптилните тела не му се од полза некакви си хаотични звуци, туку се неопходни хармонични акорди со различни вибрации. А со тие нешта изобилува класичната музика…
Кон средината на педесеттите години во една болница во Париз се изведувани експерименти со користење на музиката како терапија, и како резултат на тоа осмислени се следните правила за составување музички програми.
1. Неопходен е строг ред во подредувањето на музичките дела.
2. На тажниот не треба да му се пушта весела музика. За почеток тој треба да слуша творба што ја одразува состојбата на неговата душа.
3. Второ, треба да се слуша многу хармонично музичко дело, способно да ги неутрализира премногу длабоките емоции на пациентот.
4. Кога претераното емоционално напрегање ќе биде надминато, треба да се пушти музика која носи основни терапевтски функции.
Музичката програма треба да се менува при секоја сеанса, а основните принципи на избор на материјалот избран од самиот пациент треба да останат постојани.
Во текот на една седмица треба да се спроведат една или две сеанси на музичка терапија. Секоја сеанса треба да трае околу еден час и треба да се состои од два дела: најпрво четириесет минути разговор, а после тоа дваесет минути слушање музика.
Еве еден пример на музичка програма којашто треба да го извади болниот од депресивната состојба.
1. С. Рахмањинов – Концерт број 2 за пијано и оркестар.
2. Ј. С. Бах – Арија за Свита број 3
3.П. И. Чајковски – Концерт број 1 за пијано и оркестар, прв дел (краток фрагмент)
Истражувачите разработиле посебни музички рецепти за различни ситуации.
При депресија и психоза се препорачува да се слушаат елегии, ноктурна и приспивни песни. Таа музика дозволува успешно да му се врати на пациентот смирениот живот.
При несоница добро помагаат творби како “Тажниот валс” на Сибелиус, “Мелодија” на Глук, “Мечтаење” од Шуберт, како и многу пиеси од Чајковски.
При главоболки се препорачува “Унгарска рапсодија” на Лист, “Фиделио” на Бетовен, “Американец во Париз” од Гершвин.
Нервозните можат да се успокојат со помош на “Приспивна песна” од Брамс, “Месечева светлина” на Дебиси, “Аве Марија” од Шуберт. Соодветни за таа цел се исто така валцерите на Штраус, мазурките и прелудиумите на Шопен.
Негативното расположение и раздразливоста се намалуваат со “Месечевата соната” од Бетовен и “Италијански концерт” на Бах.
Музиката од балетот на Чајковски “Лебедово езеро” го намалува крвниот притисок.
Црковните песни ги насочуваат луѓето кон возвишени чувства и им помагаат да воспостават врска со Небото.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911