ДЕТСКИ ХОРОСКОП

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Со помош на овој детски хороскоп ќе може да дознаете многу работи за своето малечко дете. А нашите совети може многу да Ви помогнат да изберете погоден начин да го воспитувате Вашето дете. 

Овен

              Основна црта на родените во овој хороскопски знак е секогаш да се борат и да бидат први. Позитивни црти на овие деца најчесто се: независност, енергичност, претприемчивост, целенасоченост, силни и  уверени се.

Негативни црти најчесто им се:  самоволност, егоцентричност, по секоја цена сакаат да бидат пред сите останати, непостојаност, грубост, самоувереност.

Научете го детето да ги исполнува своите цели и да ги дозавршува започнатите работи. Нескротливата енергија на Овенот пренасочете ја во друг (корисен) правец  и дајте му добро образование, тоа ќе му треба многу.

Бик

              Основната црта на децата, но и општо на родените во овој хороскопски знак, е да изградуваат и да заштитуваат некого и нешто. Позитивни црти им се следниве: упорност, верност, го сакаат комфорот, музиката, ликовната уметност, постапуваат смислено, решително, трудољубиво, не пребрзуваат. Негативни црти им се: инаетливост, го сакаат раскошот и задоволствата, бавни се.Немојте да го/ја терате да брза. Не му/& зборувајте дека треба да постапува “вака и никако поинаку. Дајте му/& можност да се изрази себеси во уметноста. Овој знак има има редок дар да ги спојува практичното и убавото.

Близнаци

              Основна црта им се: пронаоѓаштвото и комуникацијата. Позитивни црти им се: интелектуалноста,  во состојба се да прават неколку нешта истовремено, тие комуницираат лесно,  возвишени се.

Негативни црти им се: инфантилност, непослушност, противречност, непостојаност, почнуваат многу нешта одеднаш, а ништо не завршуваат до крај.Не го лажете, тоа не е умно. Научете го да го концентрира своето внимание на едно нешто и да ги постигнува своите поставени цели. Ова дете постојано има потреба од умствена храна.

Рак

              Основна црта им е: пророштвото и воспитанието. Позитивни црти им се следниве: восприемливост, развиена гордост, одговорност, домашари се, се јавуваат на повик, загрижени се, внимателни, романтични, тактичари, деликатни.

              Негативни црти им се следниве: умисленост, несамостојност, скржавост, плашливост,  таинственост, зајадливост, злобност, саркастичност, острина, немилосрдност, лесно се навредува.

              Не плашете го, не му се подсмевајте, не откривајте ги сите Ваши, ниту пак негови тајни. Тоа треба да е уверено дека го сакате. Организирајте му редовно забави за секој роденден, но и за други поводи, и често пати изнененадувајте го.

Лав

Основна црта: сила, големина, моќност, власт.

Позитивни црти им се следниве: гордост, искреност, артистичност, позитивност, добро расположение, штедливост, одговорност, сериозност.

Негативни црти им се следниве: каприциозност, егоцентричност, славољубливост, суетност, празнина,  површност.               Никогаш не го повредувајте физички. Не зголемувајте му ја желбата да владее над сите. Не го понижувајте пред никој, а особено не во присуство на неговите пријатели. На детето Лав најмногу му е потребно:  добро воспитание и одлично образование.

Девица

Основна црта на Девиците им е: да критикувааат с#, секого, сешто и секогаш, и да усовршуваат што е можно повеќе.

Позитивни црти им се следниве: спокојност, работоспособност, практичност, одговорност во работата , со развиено чувство за  должност и преданост.

Негативни црти им се следниве: неемоционалност, ограниченост,  замисленост, критичност, суетност. Не е добро да се нарушуваат, нивните гласни друштва со многу гости. За овие деца многу се корисни  занимавањата со музика  и други вакви видови искуства. Најдобро речно е овие деца да се обидете да ги воспитувајте  со сопствениот пример.

Терезии

              Основни црти им се следниве: справедливост, усовршување.

              Позитивни црти им се следниве: комуникативност, шармантност, елегантност, добар вкус, статичност, неконфликтност, со практичен вредносен систем.

              Негативни црти се овие: нерешителност, не сакаат самотија, а исто така ниту гордост, склони се кон чести промени на расположението. Спремни се да вршат насилства, како физички, така и психички.Имаат потреба од Вашето општење и внимание во пријатна домашна атмосфера, подредена убаво и со вкус.

Скорпија

              Основна црта им е: да испитуваат с#.

              Позитивни црти се овие: целенасоченост, имаат воздржана, пасивна, независна и развиена интуиција; трпеливост, решителност, одговорност, лојалност.

              Негативни црти им се следниве: властољубивост, сакаат да поседуваат, се лутат лесно, одмаздливост, таинственост. Воспитувајте го ова дете само со силата на убедувањето. Пробудете го во него чувството за справедливост. Погрижете се неговата агресивност да ја пренасочите на интелектуален план. Научете го да биде трпеливо кон другите луѓе и во различни ситуации.

Стрелец

              Основна црта им е да советуваат и да раководат.

Позитивни црти им се следниве: активност, отвореност, искусност, знаат да му се радуваат на животот, дружељубиви се, храбри, љубезни, целенасочени.

              Негативни црти се овие: површност, нетрпеливост, нетактичност,  љубопитност, гласност, егоистичност, инфантилност. Воспитувајте го со љубов кон чистотата, редот и дисциплината, читањето уште од рана возраст.

Јарец

              Основна црта им е да се движат постојано и единствено нагоре и напред со малку чекори, но кон веќе избраната насока.

Позитивни црти се овие: целенасоченост, внимателност, трудољубивост, одговорност, постојаност.

Негативни црти им се следниве: непопустливост, упорност, конзервативност, се лутат многу брзо, пресметливи се, склони се кон осаменост, меланхолични се.

Никогаш не го изедначувајте со другите деца. Не разоткривајте ги пред него неговите, ниту пак Вашите неуспеси. Општете се со него како со возрасен, детето Јарец навистина е сериозно.

Водолија

              Основна црта: насоченост кон иднината.

              Позитивни црти се овие: независност, оригиналност, комуникативност, хуманост, постојаност.

              Негативни црти им се следниве: индивидуалност, егоистичност, екстравагантност, неодговорност.

Не спорете со него ако појави упорност или гнев. Оставете го, после извесно време, тој (таа) ќе заборави на тоа. Детето Водолија има потреба од умствена работа и занимавања со спорт.

Риби

Основна црта – интерпретација.

Позитивни црти се овие: мекост, емоционалност, чувствителност,  идеализирање,  спремност секогаш да притрчаат на помош.

              Негативни црти им се следниве: нерешителност, се поддаваат на влијание, непрактичност, штедливост, осаменост.

Овие деца многу често имаат потреба од тивка, спокојна атмосфера (па тие се риби, рибите живеат во водата, а таму с# е тивко), од некое занимање и уметност, дружење со домашни галеничиња. Научете го да  да се насочува кон целта и да го разликува мечтаењето од реалноста.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20