КАКО ГИ ПОДНЕСУВАТЕ РАЗДЕЛБИТЕ…

ХОРОСКОП кРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Без оглед на примерот за раздвоеност од саканата личност, чувствата кои ја следат оваа одвоеност можат да се движат од непријатност до чувство на јад и несреќа, но секој од нас може да се потруди на најдобар можен начин да се избори со оваа ситуација додека трае. Астролозите често се во прилика на оние на кои што бараат од нив совет да им објаснуваат дека дури и така неповолна ситуација може да има позитивен ефект и исход. Многу од тоа ќе зависи од тоа до која мера сте во состојба да владеете со своите чувства и разум додека вие и личноста која што ја сакате сте далеку една од друга.

ледните Сончеви пораки нека ве упатат и охрабрат како да поминете низ периодот на раздвоеност кој што понекогаш е неминовен и пролазен, иако изледа како вечност.

ОВЕН-Вие не сакате да бидете раздвоени од личноста која што ја сакате и која сте ја избрале за свој животен партнер, но ако често имате на ум дека причните се оправдани и дека двајцата имате свој интерес во тоа, ќе се натерате себе со ова чувство да се изборите со позитивна енергија. Обично имате доверба во чувствата на саканата особа, подобро речено довербата е најчесто обострана. Најтежок дел од оваа ситуација се однесува на секојдневните обврски и задоволства; ќе ви недостасуваат секојдневните тривијалности кои ги делите единствено со другите, затоа што телефонските разговори ќе ги ограничите на најважните случки. Некои Овнови ќе одат дотаму да водат дневник додека се сами и подооцна да уживаат сите забележани случки и размислувања да ги поделат со саканата личност. Ова за вас ќе претставува специјален доказ на љубов на оној што ви е најблизок до срцето.

Има Овнови кои што уживаат во заминувањата затоа што тоа им служи како прилика повеќе да заштедат и помалку да ризикуваат. Меѓу Овновите има личност на која и малите разделби ќе влијаат да се почувствува многу осамена, па понекогаш дури и работата во разични смени кои не им дозволуваат да бидат заедно онолку колку што сакаат. Меѓутоа тоа ги инспирира времето проведено заедно да го направат што поквалитетно и од тие моменти да живеат и кога не се заедно.ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

БИК-Познавајќи го Бикот слободно можеме да кажеме дека раздвоеноста ја разбуктава неговата љубов. Бикот е склон да ја идеализира личноста која што ја сака, а раздвоеноста воглавно ќе ја искористат цело време да сонува за среќно проведени моменти и слатки лудости кои што заедно ги правеле. На Бикот ужасно му недостасува личноста која што ја сака и со која дели секојдневните радости, а тоа ќе и стави и до знаењее. Тој својата љубов не ја крие. Кога повторно ќе се спојат Бикот едвај ќе чека да ја опсиме со внимание и подароци и да ја размази на секој начин. Сепак, морате да водите сметка да на претерате со желбата од саканата особа да не се раздвојувате, затоа што тоа може да ја наведен онаа другата страна да бара начин малку од вас да се одмори, како и од ситните препирки кои се неминовни.

Ако сепак дојдете во ситуација на одредено време да се одвоите од саканата личност, вие ќе уживате во негувањето на спомените на заедничките моменти и ќе издржите и самите, иако уживате да бидете заедно по цели денови. Ќе одолеете на секое искушение, а дури и личноста која што ја сакате и таквите приказни ќе ги прераскажувате, иако постои опасност погрешно да ве разберат. Ќе продолжите со работата и со водењето на истиот начин на живот и додека сте сами, и трпеливо ќе ги чекате моментите на среќа за кои што сонувате. Бикот обично е сигурен во своите чувства и само во тие ситуации ќе биде спремен заради вистинската љубов да остане верен додека неговата љубов не се врати.ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

БЛИЗНАЦИ-Личноста родена во знакот на Близнаци, ќе успее да се избори со привремени разделби од саканата особа, но многу е важно нагласокот да биде на привременоста, бидејќи за Близнаците нема тешки ситуации ако знаат дека тешкотиите се пролазни. Се можат да издржат ако знаат дека нема долго да трајат.

Кога сте раздвоени од саканата личност, склони сте да се грижите и повеќе отколку што е потребно. Може да ве фати и вознемиреност и неизвеснност по прашање на заедничака иднина. Ако се свртите кон пријателите, ќе сфатите и тие дека имаат свои проблеми, можеби не од иста природа, но нив многу значајни. ќе се посветите на тоа потполно, за нешто што отсекогаш го интересирало а не сте имале време да го проучите. Тоа најдобро ќе ви помогне побрзо да ви пројде времето до повторната средба.ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

РАК-Кога сте одвоени од личноста која ја сакате, лесно е да ви надојдат солзи на очите. Станувате нерасположени и молчаливи при наговестувањето на некоја кратка раздвоеност. Обидете се да не се занесете со толку лошо расположение заради саканата личност, дури да заборавите кога треба да се врати. Многу нешто сакате да направите за него/неа, но можеби тоа сепак не е најдобро време за потполна промена на средината во која живеете. Обидете се промените да не опфатат исфрлување на работите за кои вашата љубов е врзана, бидејќи тие претставуваат стари семејни спомени и се дел од пријатни атмосфери дома во кои двајцата уживате.

Знаејќи ве, никој нема да очекува да скокате од радост заради позив за излез со пријателите, но можеби за момент можете да престанете со размислувањето и ќе останете во врска со најинтимните пријатели. Зборувајте со нив за тоа што ви годи и што ве забавува да работите додека чекате саканиот/саканата да ве врати. Пријателите сигурно ќе ве разберат додека им се жалите и ќе ги почитуваат вашите желби.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ЛАВ-На саканата особа оставате впечаток како да ви одговара изреката “Далеку од очите, далеку од срца”. Но, вистината е така далеку од тоа. Вие интензивно размислувате за личноста која ја сакате а која е привремено далеку од вас, тоа размислување да ве натера од ден во ден да сакате се повеќе. Вие вистински ја познавате желбата за саканото суштество, а макар и краток телефонски позив многу би ви значел. Размената на видео касети со љубовни пораки или пишување писма ќе ве усреќи, иако вам понекогаш може да ви натера и солзи на очи.

Го цените секое наговестување дека разделбата ќе трае што пократко. Многу би ви помогнало да знаете точен датум на повторната средба и нетрпеливо ги броите деновите.

Ако сте раздвоени заради брачните проблеми, тоа ќе ве натера да се запознаете себе и да ги согледате можните начини на измирување, заеднички да побарате пат животот да го направите што поубав.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДЕВИЦА-Вие сакате даа се држите во постојани форми на животот и однесувањето, а промените не ги сакате ни кога се најдобри а камо ли кога тие значат раздвоеност од личност со која го делите животот. Вие ќе се навикнете на осамен живот, па дури можете да најдете и нешто позитивно во привремена раздвоеност. Вие сте склони да пуштите некои работи да се одвиваат по инерција додека чекате саканата личност да се врати, а договорите за евенални промени ќе ги оставите за заедничка одлука.

Грижата за децата и одржавање на дисциплиината можат да бидат проблематични во вашиот брак, па со тоа е многу подобро секако да изберете нажин на живот и работа кои ќе гарантираат што поретко раздвојување. Вие сте способни да ја чувате и одржувате куќата исто како што би се бореле за слобода во некоја далечна земја. За вас во тоа нема разлика.

Времето како да се влече додека сте сами, додека очајнички чезнеете и сакате да бидете со оној што го сакате, но тоа ситуацијата не го дозволува. Не можете себе да се изолирате и да се тргнете од сите искуства кои љубовта ги носи со себе; морате да се научите како да се прилагодувате и да поминувате низ добро и зло, баш како што сте си ветиле еден на друг.ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ТЕРЕЗИЈА- Вие најдобро се чувствувате кога сте среќно заљубени или во среќен брак, па така и самата помисла на раздвоеност од саканата личност за вас личи на претење. Се плашите од промени кои би можеле да се случат, посебно ве плаши љубомората и финансиските проблеми ки од раздвоеноста можат да произлезат. Таквата ситуација може да пројде само како неизбежна или наметната, а никако како ваш избор.

Ноќите ви се најтешки бидејќи тогаш саканата личност највеќе ви недостасува. За вас е најубаво кога сте толку блиску со оној што го сакате, да го почувствувате мирисот кој што ви е добро познат и во кој уживате. Само еден посебен момент ви е доволен да ви ја ублажи усаменоста кога сте раздвоени и да ви ја врати надежта дека се брзо ќе помине. Морате да се убедите дека блискоста не може да ја снема само зарати тоа што меѓу вас се испречиле километри. Наместо тоа бидете среќни што живеете во време кога постојат безброј начини да бидете во постојана врска со саканата личност која е на пат.

Вие сте личност која што на сиот глас и на сите ѕвона ќе објави колку е осамена и тажна, но тоа секако нема да биде тајна за оние кои што добро ве познаваат.ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

СКОРПИЈА-Ако сте претставник на својот знак, некогаш раздвоеноста може и да ви годи. Секој понекогаш сака да биде сам, но важно е да се почувствува колку некому му е до самотија и понатаму да ја почитува. Многу е веројатно дека вие сте прилично самостојна личност која што на најдобар можен начин ќе ја прифати привремената раздвоенот од саканата личност. Својата емооционална енергија ќе ја искористите за самоусовршување на својат аичност и појачување на карактерот, бидејќи вие уживате во чувството да сте вредни за почитување кое што саканата личност ви го укажува. Вие не сте личност која ќе седи со скрстени раце и ќе чекате времето да помене, туку ќе се позабавувате со своите хоби или со некоја друштвена обврска. После тоа двајцата ќе бидете задоволни од резултатите кои сте ги оствариле.

Вашата силна желба да бидете со личноста која што ја сакате баш кога тоа е невозможно, ќе остане длабоко скриена во вас, но останува вашата верба дека набрзо повторно ќе бидете заедно. Вие сметате дека е подобро да сакате па макар и да морате да жртвувате и да бидете некое време раздвоени, отколку никогаш да не ги доживеете така драгоцените моменти. Вие сте сентиментални кога се во прашање некои датуми кои ве врзуваат, на пр. Денот кога сте се запознале, родендени ии некој друг значаен датум.

Вие сакате тајно да припремите изненадување за голем повраток, и моментот на повторна средба да биде величенствен за двајцата. Ако сте за некого цврсто врзани, не постои таа раздвоеност која може да го поремети вашиот однос.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

СТРЕЛЕЦ-Ако личноста која што ја сакате се одлучи или е приморана да оди на пат на подолго време, вашата авантуристичка природа ќе сака да се спакува, па и самите што побрзо да тргнете на пат. Ќе бидете одушевени ако саканата личност ве повика да и правите друштво на службениот пат, но никогаш едноставно не е можно да и се придружите, што сигурно ќе ве растажи. Вие сте познати по своето “лесно ќе” пристапиме кон се, а другите ве гледаат како безгрижна личност, меѓутоа, кога сте раздвоени од личноста која што ја сакате многу ви е тешко таквиот свој став да го задржите. Нне долго по раздвојувањети, вие ќе почнете да се жалите како ви недостасува оној кого моментално го нема. Тоа е искуство кое сите во некое време сме го искусиле и сите ќе најдат разбирање за вашите страдања.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ЈАРЕЦ-Вам самотијата не ви е непозната, но многу подлабоко ја доживувате кога не сте со личноста за која сте емотивно врзани. Како вистински Јарец, вие веројатно се срамите на помислата дека некој може овене од љубов, но вие сте баш како и сите други во состојба да искусите исто, само што ќе го криете и од себе и од другите. Вашата желба може да ги премости и раздалеченоста и времето. Годините не можат да ги избледат вашите чувства ако биле вистински и длабоки, што е во склад со особините на вашиот знак како што сее постојаност, лојалност и верност на оние кои ги сакате без оглед на далечината која ве дели.

Во обидите да бидете практични, ќе се обидете да најдете начини да ја олесните непријатноста која ја чувствувате кога сте одвоени од своите најмили. Кога сте несреќни заради разделба, макар таа била и привремена, а тоа морате да го признаете и себеси и на другите, понекогаш станувате мрзоволни, а понекогаш дури и пакосни. Бидејќи по природа сте многу практични ќе се трудите до разделби да не доаѓа преногу често. Ваквиот начин на раздвоен живот за вас е неприфатлив, не сам заради емоционалната натаженост, туку и заради многубројните трошоци кои што ваквиот начин на живот ги бара.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ВОДОЛИЈА-Според вас, повторната средба со личноста што ја сакате, а од која што некое време сте биле одвоени, носи необичност, возбудување и силен потстрек. Таквото доживување за вас е како повторен меден месец.

И според големото возбудување кои што повторната средба може да ги пружи, фиксната природа на вашиот знак може да копнее по сигурноста на една многу предвидлива врска. Без оглед колку се незаборавни моментите поминати заедно, сепак “викенд љубов” нема да ви биде доволна. Средбата ве весели, но и ве загрижува иднината која што ве чека.

Вие подобро од било кој друг знак ќе се изборите со чести заминувања и враќања на саканата личност. Како поминува времето, некои од вас ќе дојдат воискушение да се препшти кон промена на чувствата и на крај нежниот допир помеѓу вас двајца да биде изгубен. Меѓутоа има и онакви кои што по природа се многу постојани, лојални и верни без оглед колку долго оваа старосна раздвоеност потрајала.

Астролошките транзити можат да ве предупредат на тоа колк евентуалната раздвоеност може да трае. Астрологијата може да ви помогне подобро да се запознаете себеси и ситуацијата во која сте се нашле, да останете доволно јаки, прилагодете се кон она што е неминовно, како и да не се препуштате на брановите на промени кои и претат на вашата врска.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

РИБИ-За вас е потполно нормално да се чувствувате тотално изгубени и збунети кога прв пат ќе се најдете сами, без личноста која ја сакате, се до моментот кога сами себе ќе се уверите дека “некако веќе ќе се изборите со тоа.” Потоа ќе се насочите на работата и ќе гледате што подобро да се прилагодите и ќе пројдете низ се што неизбежно следува. Не може да се каже и да не се чувствува копнеж или страдање, затоа што вие тоа навистина го чувствувате. Ќе има моменти кога вашите емоции ќе бидат искажани силно и и кга ќе ви изгледа дека е подобро воопшто да не се врзувате за никого емоционално. Но и такви кризи се пролазни.

Важно е да избегнете бегање од стравноста, посегање по дрога или алкохол како излез кој што во суштина не е. Креативен и духовенн пристап кон проблемите може да направи чуда и да и го врати на вашата врска некогашниот сјај кога повторно ќе се најдете заедно.

Дури и ако не ви се случува да се раздвоите од саканата личност, вие сочувствувате со оние кои се во таква ситуација. Вие ги повикувате во друштво или се допишувате со оние кои страдаат од носталгија за домот. Вашата љубезност и разбирање ќе бидат со радост прифатени, а ако се укаже потреба и возвратени.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ3.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20