ШТО ЦРТАМЕ –
ДОДЕКА ЗБОРУВАМЕ ПО ТЕЛЕФОН
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Кога зборуваме по телефон , или за време на некој здодевен состанок, не ретко, без за тоа да мислиме започнуваме да цртаме на лист хартија секакви мотиви, физиономии, геометриски фигури, цвеќенца или обични чкртаници. Не брзајте да го исфрлите своето „дело“. Имено тие чкртанициможат да раскажат не малку за вашиот каркатер или за вашето расположение во тој момент. Ако сте нацртале:
СПИРАЛИ, КРЖНИ ФОРМИ, БРАНОВИДНИ ЛИНИИ
Не сте многу загрижени за туѓите проблеми, ви пречат или ви прават дополнителен притисок. Ако сте принудени да се занимавате со за вас заморувачки работи, сакате што побрзо да откачите од туѓите проблеми. Зошто? Целото ваше внимание во тој момент е сосредоточено врз вашата сопствена персона. Можно е да миувате низ некоја криза или од вас да се бара да донесете некакво решение. Ако забелечите дека сте почнале да цртате спирале, имајте во предвид дека за вас во моментот особено е важно да се контролирате, за да не избувнете и да го изненадите тој што седи до вас.
ЦВЕЌИЊА, СОНЦЕНЦА, ЗРАЦИ
Во душата не ви е весело како што изгледа на прав поглед, баш напротив. Повеќе од се мечтаете за вистинско пријателство, нежност, а зборовите кои ви се вртат низ главата и без да знаете ги пренесувате врз лисотот хратија: “ Обрнете ми внимание! “ Ако вашата рака започне да црта вакви мотиви побрзајте да се стретнете со вашите пријатели или погрижете се во блиска иднина да се најдете меѓу луѓе.
МРЕЖИ
Вие се чувствувате како да сте западнале во ризична ситуација или во некоја неповолна ситуација. Секоја линија претставува напад, кој вие не не се решевате да го примите. Ако на крај цртежот го ставите во рамка, тоа значи дека вие сте расчистиле со проблемот, барем во вашите мисли,ез разлика дали навистина е така. Вие најчесто сте склони кон тоа да ја анализирате вашата нервоза. Тоа во себе крие опасност: во душата ви се натрупува разочарување и и се чуствувате се понесреќен.
ПРЕПЛЕТЕНИ СРЦА
Вие сте преисполнети со чувства. Сакате ако е возможно да поделите бакнежи на целиот свет. Обрнете внимеание: колку поостри и построги зборови кажувате толку повеќе фантазија добива цртежот. Не треба да се држите толку строго и студено, за да ги сокриете чувстсвата. Покажете ги.
МОТИВИ КАКО НА ЅИДНИТЕ ТАПЕТИ
Остри агли и кругови кои се соединуваат во еден мотив,што се повторува до бескрај. Овој мотив говори дека вас ви е досадно, дека телефонскиот разговор ви омрзнал, аможеби и воопшто начинот на живот. Обидете се да започнете со некоја ситница: да речеме некоја ектравагантна постапка, нешто кое штосекогаш сте сакале да го направите, но сте немале храброст. Тоа ќе ви го наруши еднобразието, Што ви дејствува потиштувачки.
КРСТОВИ
Се среќаваат доста често. Жените ги претвораат во украси, а кај мажитетие имаат построги линии. Како и да е, и во двата случаи крстовите се израз за чувство на вина кои се појавило најверојатно за време на телефонскиот разговор. Нешто ви тежи: или самите се чувствувате виновни или тоа чувство ви го наметнал соговорникот. За причината во секој случј мора да се рзговара, во спротивно ви претстои долго измачување.
ЧОВЕЧИЊА
Не се залажувајте со нивниот весел изглед. Ткви цртежи се предзнак набеспомошност или желба да се извлечете од некакво задолжение. Луѓето вообичаено цртаат човечиња, кога треба да кажат решително “ не “, но не можат да соберат сила да го кажат тој збор. Значи човечињата треба да ги сватите како предупредување и да си кажете: „Не се предавај. Откажи се, инаку после ќе страдаш од сопствената слабост!“.
КВАДРАТИ, ТРИАГОЛНИЦИ И ДРУГИ ГЕОМЕТРИСКИ ФИГУРИ
Едно е јасно: човек не може да ве заведе лесно. Имате јасни цели и убедувања, пред никој не ги сокривате своите ставови Ретко се чувствувате заплашени пред противниците и конкурентите. Вообичаено сте сконцентрирани Колку поагловити геометриски фигури цртате, толку сте поагресивни, макар што тоа надворешно можеби не се забележува.
ПЧЕЛНИ КЛЕТКИ
Тие говорат за стремежот за спокојство, хармонија и подреден живот. Може да означуваат и желба за создавање на семејно гнездо. Размислете убаво за последново толкување. Веројатно вашиот проблем се состои во тоа што вие пред самите себе не сакате да признатете за ваквата желба. Цртежот ги издава вашите скриени мисли.
ШАХОВСКО ПОЛЕ
Најверојатно вие сте се нашле во мнпогу непријатна ситуација. Мечтаете за јасен и надежен пат, кој ќе ве одведе од такавата положба. Во дадениот момент не треба да било што да премолчувате или сокривате. Ако вакви цртежи се поојавуваат почесто веројатно страдате од скриени комплекси.
КРУГОВИ ШТО СЕ ПОКЛОПУВААТ
Мислите за стабилна врска? Можно е. Но најчесто овој мотив ја открива желбата да се учествува во нешсто. Во тој момент вие се чувствувате како да сте надвор од случувањата. Можеби сакате да му помогнете некому, но не знаете како? Или едностевно не ве поканиле на некоја забава. Обидете се да увидите зошто сте надвор од играта и како да ја поправите таквата ваша позиција.
Подетално каков каков ви е карактерот, каква ви е пожбата на планетите и што можете да очекувате, можете да се информирате во редакцијата на „ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари