ДЕВОЈКИТЕ МОЖАТ ДА ВИДАТ –

СО КОГО ЌЕ СЕ ОМАЖАТ!

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Низ вековите магијата била нешто без кое не се можело. Магијата пред се божја уметност чија цел е да воспостави контакт со универзалната душа и преку неа , да доминира со духовните сили кои се невидливи како во просторот така и во материјата”. -Тоа се зборови на Езен Канзели, современ алхемичар, кој сосем сигурно имал право. Сега еве неколку рецепти од народната магија која, се надевам ако ништо друго ќе ве расположи и забавува.

Девојките може да видат со кого ќе се омажат

Треба да имате до себе едно гранче од топола. Нека тоа гранче го заврзат со бел конец за своите долни алишта. Потоа да го ставите под перница на која ќе спиете таа ноќ. По слепоочниците , пред да заспијат да се измасираат неколку пати со крв од птицата пупавац. За тоа време додека се подготвуваат да легнат, нека ја кажуваат оваа молитва:

КЅРОС ЦЛЕМЕНТИССИМЕ ЉУИ АБРАХАМ СЕРВО ТУО ДЕДИСТИ УЏОРЕМ САРАМ? ЕТ ФИЛИО ЕЈУС ОБЕДИНТИССИМО ПЕР АДМИРАБЛЕ СИГНИУМ ИНДИЦАСТИ РРЕБЕЦЦАМ УЏОРЕМ; ИНДИЦА МИХИ АНЦИЛЛАЕ ТУАЕ ЉЕМЕСИМ НУПТУРА ВИРУМ ПЕР МИНИСТЕРИУМ ОУОРУМ СПИРИТУМ Б АЛИДЕТХ? АБУМАЛИТХ. АМЕН.

Следното утро треба да се сетите што се случило во текот на ноќта, а ако никој не се појавил во сон, треба сето тоа да се повтори секој петок следните три недели.

Во тие темни простории е опасна секоја игра, некои настрадале но, ги има и тие што успеале. Но, ако сепак сакате да се занимавате со тоа, а непознавате ниедна дама на магијата или не би сакале да ја посетите, Хороскопот е вашата забава.

На неговите страници ви откриваме љубовни тајни и магии.

Што ќе направите кога ќе се појави некоја друга или кога љубовта е еднострана?

На оваа страница се дадени магични знаци кои ни ги открива една дама, не сакајќи да се споменува нејзиното име.

(да се вметнат знаците)

Во ноќите на младата месечина, точно на полноќ, треба да седнете пред огледало и во женскиот знак да го напишете своето име. Исто така на полноќ, кога е млада месечина  но со чаша во која има вода од река, пред себе, во машкиот знак треба да го напишете неговото име и потоа полека да ги исечете и двата знака. Потоа тие знаци залепете ги на задната страна од својата и неговата  фотографија (но, на фотографиите да нема други ликови, само вашиот односно неговиот лик).

Кога тоа ќе го направите земете конец во кој има барем парче врзано од неговиот или вашиот костум  и тие две фотографии по ширина и должина три пати врзете ги со лицата свртени еден кон друг  изговарајќи три пати:

На првото врзување:

Не ги врзувам сликите туку н# врзувам нас.

(три пати кажете)

На второто врзување:

Како што стојат овие слики така да стојат срцето мое и твое.

(три пати кажете)

На третото врзување:

Судбината нека не спои нас и нека н# врзе во овој час

(кажете три пати и дувнете на крај во нив)

Потоа тие две фотографии завиткајте ги во свилена ткаенина и закопајте ги под младо дрво не постаро од три години, кое се наоѓа на патот каде што проаѓа тој во наредните три дена. Кога ќе го закопувате тоа погледнете во небо и избројте девет ѕвезди и таа ноќ веќе не гледајте во небо.

Како да знаете на колку години ќе се омажите

За тоа ви е потребна кристална чаша со вода која престојала една ноќ во време на полна месечина и бурмата на вашата баба по татко. Ако немате баба или ако таа нема бурма тогаш од тетка или стрина по таткова линија и тоа од женска личност и таа да не биде разведена.

Во време на полна месечина кога сонцето ќе зајде, а месечина ќе излезе, земете бел конец и протнете го низ бурмата. Чашата со вода ставете ја пред себе и придружувајте го конецот на врвот спуштете ја бурмата до дното на чашата и така конецот да биде затегнат. Потоа извадете ја бурмата над површината на водата и смирете ја раката и бурмата поставете ја точно на средината на чашата. Потоа смирено и тивко издишете и чекајте бурмата да почне да се помрднува самата. Кога ќе почне да удира по ѕидовите на чашата внимателно бројте ги ударите. Тоа означува на колку години ќе се омажите. По извесно време бурмата ќе се смири и потоа повторно спуштете ја на дното на чашата и с# заедно ставете на некое скришно место за да преноќат. Утредента можете да ја вратите бурмата. Ако бурмата не е помрдната тоа е лош предзнак. Повторувањето на ова може да го почекате барем дваесет и една недела.

“Хороскоп” ви пожелува многу среќа и ве упатува дека ова може да биде многу опасно и треба да бидете многу внимателни. Но, ако сепак се решите за нашите рецепти, многу е важно  потполно да верувате во тоа и да не му посакувате никакво зло на никого.

Пишете ни за вашите искуства.

Среќно !!!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20