КАКО ГО НОСИТЕ ТОВАРОТ НА ГОДИНИТЕ?
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Некои тешко го поднесуваат стареењето, сметајќи се излишни. Други пак, дури со искуството што го донесуваат годините, стекнуваат сигурност и самодоверба. Во која група спаѓате вие? Погледнете, според знаците на Зодијакот.
Овен
Овој Марсов знак навистина тешко го поднесува стареењето и тешко се помирува со ограничувањата, што доаѓаат со годините. Овенот е хиперактивен, брз, енергичен и инвентивен. Иако и во староста останува натпросечно витален, тешко си признава и себеси и на другите, дека некои работи веќе не може да ги прави, како некогаш.
Бик
Како поминува времето, овие хедонисти на Зодијакот ги менуваат своите навики одрекнувајќи се од некои задоволства, но и заменувајќи ги со други! За нив годините не се препрека за ништо, туку со искуството и стекнатото знаење ја збогатуваат својата личност и добиваат нов шарм. Исто така, ја збогатуваат и својата фигура со дополнителна килажа.
Близнаци
Близнаците се знак, кој што многу тешко го поднесува доаѓањето на староста. Најголемите деца на Зодијакот, долго стојат пред огледалото испитувајќи ја својата кожа, со страв броејќи ги новите брчки, што другите можеби и не ги забележуваат. Иако свежиот изглед го задржуваат многу долго, се чувствуваат бедно, кога покрај нив ќе протрча млада, здрава и полетна личност… налик на нив во минатите времиња. Настојувајќи да го задржат младешкиот шарм, во староста се однесуваат непримерно за својата возраст.
Рак
Повеќето Ракови стареењето го доживуваат, како ново искуство и период во кој некои нивни досега скриени способности ќе дојдат до израз. Тие се изразито чувствителни и ранливи, но со текот на годините ќе научат да ги контролираат емоциите и да се штитат од туѓите лоши влијанија. Главен проблем, што може да ги мачи ќе биде дебелината и тажните чувства за младоста.
Лав
Вистинските Лавови се многу суетни, мразат да бидат беспомошни и зависни од другите. Токму зависноста, за нив е симбол на старост, па разбирлив е нивниот страв од одминатите години. Многу им е важно во текот на животот да ги осигураат материјалните резерви и дури тогаш годините ќе ги доживуваат, само како ново, различно искуство, а не како нешто тажно и мачно.
Девица
Припадниците на овој знак веќе на појавата на првите брчки почнуваат да создаваат паника и настојуваат по секоја цена да ја елиминираат секоја предавничка трага од стареењето. Под заштита на владетелот Меркур (како и Близнаците), тие личности ќе настојуваат по секоја цена да го задржат младешкиот изглед и здравиот организам. Но, многу Девици знаат да кажат, дека за нив животот почнува после триесеттата. Дури во средно доба тие научуваат да ја контролираат чувствителноста, која ги следи во младоста
Терезија
Терезиите се познати по тоа што многу внимаваат на својот изглед и по правило доста добро ги носат годините. Тие не го губат шармот со текот на времето, напротив: многумина ќе се согласат, дека терезиите во зрелото доба зрачат со нешто посебно и неодоливо. Хармоничниоит љубовен живот е основен предуслов за нивната среќа, без разлика на годините. Сепак, тие самите знаат да бидат многу несреќни при погледот во календарот.
Скорпија
Доколку успее да го победи својот цинизам, песимизам и злопамтење, Скорпијата во деновите на старост ќе се посвети на некое сериозно истражување или ќе открие нови, животни интереси. Во спротивно, ќе станат неподносливи, вистински мизантропи и циници со кои животот воопшто не е удобен. Типичната Скорпија посебно ја погодува опаѓањето на половата моќ.
Стрелец
Стрелецот спаѓа меѓу малубројните, кои годините воошто не ги забележуваат. Тој оптимист и ветрушка се облекува, како тинејџер и во поодминати години тврди, дека брчките се последица на смеењето, а килажата ја оправдува со здравата и обилна исхрана. Склони се и кога ќе остарат да ги прават истите грешки, како и во младоста, и ништо не им пречи. Нивната енергија и оптимизам изгледаат непресушни.
Јарец
Типичниот Јарец е како виното, колку е постар, толку е подобар! Тоа е единствен знак на којшто староста и брчките сосем добро им одговараат, како да е тоа онаа алка, што недостасувала во нивниот целокупен шарм и особеност. Јарците најчесто се посериозни и попесимистични во младоста, отколку во староста. Тогаш си дозволуваат понекој ризик и авантура од коишто во помладите години внимателно се чувале.
Водолија
Водолиите се еднакво непредвидливи и во младоста и во староста, во сите годишни и животни времиња. Во зрелите и старите години доживуваат пресвртница, кога ќе сфатат, дека во младоста се занесувале со невозможни идеали. Тогаш стануваат потрезвени и почнуваат да одат во чекор со времето. Она нешто, што не се менува кај нив е неограниченоста и желбата за максимална слобода
Риби
Рибите се личности со променлив карактер, на коишто расположението им варира од депресија до еуфорија. Оние кои се посклони кон песимизам, тешко ја доживуваат староста, а годините силно ќе им се одразат на надворешноста и на здравјето. Поведрите типови Риби (“веселите”), годините скоро и не ги забележуваат. И понатаму ги прават истите грешки, особено во љубовниот живот, кои со годините не го губат интензитетот. Емоциите се нивен еликсир на младоста!
ТОП – ЛИСТА
Секој знак на себеси својствен начин го изразува незабележливиот тек на времето. Некои никому не ја откриваат својата старост, на другите забот на времето одвај се забележува, а на трети времето, како да им тече наназад. Еве неколку примери:
Ги кријат годините:
1. Близнаци
2. Терезија
3. Девица
Добро ги носат годините:
1. Стрелец
2. Овен
3. Лав
Им се гледаат годините:
1. Рак
2. Риби
3. Скорпија
Колку се постари, толку се помлади:
1. Јарец
2. Водолија
3. Бик
ПОДЕТАЛНО ШТО ВЕ ВАС ОЧЕКУВА
МОЖЕТЕ ДА СЕ ЈАВЕТЕ
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2,000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НАд 20-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911