Лавров призна: Немам доволно медицинско знаеење, да ги коментирам изјавите на: Бајден, Зеленски, Фон Дер Лајн..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Српскиот портал webtribune.rs излезе со наслов: Лавров: Немам доволно професионално знаење во медицината за да ги коментирам изјавите на Зеленски и Бајден
Еве го текстот во целост:
Рускиот дипломат одби да ги коментира изјавите на американскиот и украинскиот претседател за способноста на Русија да користи нуклеарно оружје
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјавите на претседателите на САД и Украина за нуклеарната закана од Русија ги нарече „бурен поток на свеста“ на кој нема да придава големо значење.
„Тешко ми е да коментирам што зборува претседателот на Соединетите Американски Држави во последно време. Не би придавал преголема важност на непромислените изјави кои немаат основа“, рече министерот.
Во исто време, тој истакна дека неговиот недостаток на медицинско образование не му дозволува да го анализира турбулентниот тек на свеста на Зеленски.
„Урсула фон дер Лајен има медицинско образование. „Не можам да носам одговорност за менталната состојба на луѓето кои секојдневно ја докажуваат својата несоодветност“, заклучи шефот на руската дипломатија.
Мислев да го анализирам овој текст и изјавата на министерот за надворешни работи на Руската Федерррација СЕргеј Лавров. Но, забележав дека неговата изјава доволно зборува – дека анализа не е потребна!…
Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно изјави дека постои реална закана Русија да користи тактичко нуклеарно оружје. А Зеленски во интервју за Би-Би-Си рече дека светот ќе најде начин да го одземе „животот“ на рускиот лидер Владимир Путин доколку тој не престане да се заканува со нуклеарно оружје.