ДА ЛИ ВМРО ДПМНЕ Е ИСПОСТАВА НА СДСМ?!

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Во многу мои текстови кажав, веднаш по наместениот конгрес на ВМРОДПМНЕ во Валандаво, на кој по наредба на „калето“ е инсталиран либералот г-дин Христијан Мицковски за лидер на партијата. Ова моја потврда дојде веднаш, особено кога народот излезе на протести против разговорите за промена на вековното и уставното име Македонија. Лидрот на ВМРО ДПМНЕ либералот либералот г-дин Христијан Мицковски, за време на протестите го повиока членство и подржувачите да не ги подржат протестите, да не излегуваат. Веднаш по застанувањето на чело на ВМРО ДПМНЕ, ИК на ВМРО ДПМННЕ станаа неговите реформатори. За бојкотот на референдум или за излегување ќе се „изјаснил“ до 10-ти септември. По се изгледа, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има проблем со помнењето – тој се изјасни за референдумот веднаш по распишувањето, јавно на тв „ЈАС НА РЕФЕРНДУМОТ ЌЕ ГЛАСАМ ПРОТИВ“! Досега во потполност ја исполнува задачата која му дадена од „калето“ од амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли. Задачата е да му го чува грбот, не наметливо да му дава поддршка на премиерот г-дин Зоран Заев, кој исто одработува за „калето“. Во моментов македонскиот народ е обезглавен, тоа го користат нови, мали партии, да најдат место под сонцето.

Останав без текст, кога го видов текстот на порталот http://expres.mk/ кој постираше текст со наслов „Русија ни ја мати водата со Бугарија, смета функционер на ВМРО-ДПМНЕ!“ Ова изјава  на заменик на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ  (веројатно од групата рефеорматори) г-дин Петар Богојески. Понатаму во текстот порталот кажува, дека „Заменикот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богоjески, во анализа за бугарската агенција БГНЕС ја обвини Русија за поткопување на односите меѓу Македонија и Бугарија.“ понатаму порталот ја пренесува изјавата каде заменик секретарот на ВМРО ДПМНЕ ја обвинува Русија дека ја мати водата за „добросестки односи со Бугарија“, како и за МПЦ со БПЦ, дека тоа гоправи Руската православна црвка преку БПЦ. Еве што вели реформаторот, заменик на генралниот секретар на ВМРО ДПМНЕ г-дин Петар Богојески „Во таа смисла, клучна улога одигра руското директно мешање во односите помеѓу македонската држава и Црква и бугарската држава и Црква. Сè започна со таа несреќна одлука на Синодот на БПЦ да ги замрзне односите со МПЦ под влијание на истиот центар на моќта. Денес сме сведоци дека политичари од Бугарија, кои се подложни под источното влијание, инсистираат да произведат проблем таму каде што го нема, со една цел – да ја исполнат задачата на своите наредбодавци и да ја спречат Македонија да влезе во НАТО преку нарушување на добрососедските односи помеѓу нашите две земји. Наместо да се практикува Договорот на дело, се враќа реторика од минатото, која никогаш не ни донела ништо добро, ниту во Македонија, ниту во Бугарија.“

Слична изјава имаше потресеадателот на владата и потпреседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шеќеринска, кога за време на преговорите со Грција изјави „Ставовите на Грција и Русија се совпаѓаат: ДА ЗА ЕУ НЕ ЗА НАТО“!

       Не беше случајно и „селското визитарење“ на лидерот на ВМРО ДПМНЕ либералот г-дин Христијан Мицковски за 2-ри август, место членството и подржувачите да ги однесе на Мечкин Камен, да го подржат говорот на председателот на Република Македонија г-дин Ѓоре Иванов!

       Еве го линкот со целосниот текст „на анти македонските бисери“ на заменикот на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ г-дин Петар Богојески: http://expres.mk/rusija-ni-ja-mati-vodata-so-bugarija-smeta-funkcioner-na-vmro-dpmne/

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20