ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Пригожин е жив! Руски експерт: Пригожен сето ова го режираше – сега е во илегала….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се насмеав кога го читав текстот webtribune кој излезе со наслов: „Руски експерт: Пригожин сето ова го режираше – отиде во елегала“.
Не се насмејав на текстот или насловот, моите анализи зборуваат дека е добра режирана комедија, јадица која требаше многу да ја голтнат, особено Западот – тоа се и случи.
Но, за моите анализи по текстот што го донесува порталот webtribune :
„Според најлогичното толкување на авионската несреќа на Евгениј Пригожин, се претпоставува дека станува збор за инсценирање на неговата смрт, и повлекување на раководството на приватната воена компанија „Вагнер“ под земјата.
Ова го изјави Петар Скоробогатов, главен уредник на политичкиот оддел и заменик-главен уредник на руското списание „Експерт“, во интервју за израелскиот новинар Александар Валдман.
„Единствената верзија која не се соочува со сериозни проблеми од гледна точка на анализа на достапните податоци е инсценирање од големи размери, со можно учество на руските тајни служби. Да, звучи некако како теорија на заговор, но се вклопува во стилот на Пригожин, кој веќе организираше слични работи во Африка.
Второ, приватната воена компанија „Вагнер“ се здоби со премногу сериозна популарност во јавноста, што не е карактеристично за нивниот профил. Ако е во интерес на Русија и на самиот Пригожин „Вагнер“ да продолжи со своите активности, тогаш подобро е тој да оди во илегала, да ги чува во тајност информациите за Пригожин и да продолжи со својата работа.
Убеден сум дека ќе продолжат да се појавуваат фотографии кои покажуваат дека Пригогина е виден овде или таму, во различни градови и делови од светот“, рече Скоробогатов.
Воениот аналитичар Јуриј Баранчик се согласи со него, истакнувајќи дека истрагата намерно се одложува – сè уште не е можно да се изврши ДНК анализа на телото, бидејќи роднините на жртвите не се во Русија.
„Моите први сомнежи се појавија по приказната за „турбо кулерот“. Тогаш беше кажано дека „црната кутија“ најверојатно нема да биде пронајдена. Наводно, војниците на „Вагнер“ успеале да ја преземат и брзо отишле на местото на несреќата да ја бараат.
Ако не ја пронајдат, а се чини дека се упатуваат кон тоа, тогаш испаѓа дека ја однеле луѓето од „Вагнер“. „Не би бил изненаден ако Пригожин сега е некаде на некој луксузен одмор и се смее со чаша виски“, напиша тој на својот канал Телеграм.
Баранчик нагласи дека колку подолго трае оваа неизвесност, толку е поголема веројатноста сето тоа да е инсценирано.
„Ова одговара и на верзијата дека Пригожин доби два месеци да ги среди работите, а потоа да се повлече од Русија. Па, тој сега се „пензионираше“. Тој ги исполни своите договори“, заклучи експертот.
Овај текст на српскиот портал webtribune излезе на 26. 08. 2023 година, два дена „по авионската несреќа“. Си реков има некој што мисли со своја глава.
Имам еден пријател кој е женет за русинка и живее во Русија, инаку од Република Македонија е. Му се јавив на телеграм, ме интересираа првите реакции во руските медиуми.
Доволно ми беше кога ми кажа дека Евегениј Пригожин предходниот ден стасал од Африка и веднаш утрото тргнал за Сант. Петезбург со руски бизнисмени.
Веднаш во себе насмеав, се присетив на поговорка на моите соселани „Од магаре да се симнеш, треба да седнеш да се одмориш“ , а камоли од Африка вечерта да се вратиш, веднаш утрото да тргнеш на нов пат.
Во првата информација рекоа дека на „списокот на патниците“ бил Евгениј Пригожин. Интересно во потрагата, по несреќата телото не не му го нашле, но му го нашле мобилниот.
Си насмеав, се гледа дека културен е Евгениј Пригожин, им го оставил мобилниот преку кој можат да го побарат, ако им затреба за нешто.
Авионската комедија или траги комедија се случи на 24 август околу 18 часот и 20 минути.
До денес нема прогласено ден на жалот во Русија, ниту еден од роднините на „загинатите“ не се појави во медуимите – „заборавија за 4 дена и да ги погребат“.
Интересно е што 2 авиона тргнале за Сант. Петрзбург, другиот кој го следел авионот што еклоподирал, веднаш се вратил во Москава.
Како аналитчар за мене, ова зборува дека од авионот што го следел првиот што екплодирал. од првиот е активиран екплозивот во вториот авион – тоа не може ниту еден сателит да забележи. По завршената работа се вратил во Москва.
Од сега мои текстови можете да следете и на Телеграм Krajnichki horoskop
t.me/krajnichki
Силидно се насмеав кога дојдов до информација, двата мала авиони биле изнајмени од БРАЗИЛСКА КОМПАНИЈА – значи не се работи за приватни авиони на Евгениј Пригожин.
Не знам, колку ви е познато но „приватната војска“ Вагнер е една од ретките, можеби единствена што поседува своја авиација, тенкови…
Поред толку руски авио компании Евгениј Пригожин одлучил да изнајми два авиона од бразилска авио компанија – добро одиграно.
Добра комедија е – јадица која ја прифати САД и колективниот Запад е „побуната на Вагнер“ , во која главна врска на Евгениј Пригожин и Владимир Путин беше претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
Интересно е што во „побуната на Вагнер“ истите отидоа во Ростов (случајно таму живее и мојот пријате), во Ростов е командата за војните операции во Украина.
Народот во Ростов „Вагнер“ ги причека со сета почит како херои, многумина сакаа да се сликаат со нив. Војните власти во Ростов не се побунија.
Потоа почнува вториот дел на комедијата „ВАГНЕР ТРГНУВА НА МОСКВА – НЕ СМЕЕ РУСКАТА ВОЈСКА ДА ГИ ЗАПРЕ, 20.000 ВАГНЕРОВЦИ ТРГНАА ДА ЈА ОСВОЈАТ ВЛАСТА ВО МОСКВА“, повеќе од комично.
За време на побуната Евгениј Пригожин им ѕвони на многу генерали и олигарси, да види кој ја подржува „побуната“ промената на власта, а за сето време комуницира со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, а Александар Лукашенко на рускиот претседател Владимир Путин.
Потоа Путин направи чистка, особено во војниот врв. Не е исклучено некои од олигарсите да биле во авионот што екплодираше и се запали.
Од бебедносни прични потоа Вагнер заминува во Белорусија, потоа Евгениј Пригожин заминува во Африка.
Секој добар аналитичар знае дека претседателот на Руската Федрација Владимир Путин се знае со Евгениј Пригожин, од времето кога рускиот претседател Владимир Путин бил заминик градоначалнк на Сант. Петрзбург. Одел во неговиот угостелски обкект, затоа Евгениј Пригожин го нарекоа „куварот на Путин“! Истиот подоцна и во Кремељ праќаше и храна.
По „побуната на Вагнер“, по чистката на војниот врв во Руската Федрација, која беше потребна за офанзивата што престои во Украина – безбедноста на Евгениј Пригожжин беше загрозена…
Остатокот на анализата обидете се да ја дотолкувате сами…
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ на контакт тел 078 215 911
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО; КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денари ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА СПИСАНИЕТО ХОРОСКОП, НА ТЕЛ. 078 215 911