ХИТЛЕР И АСТРОЛОЗИТЕ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Елизабет Ебертин продолжила да го издава алманахот до 1937 година, потоа била подложена на притисок од Гестапо, била принудена да го прекине издавањето. Некои од тогашните предскажувања се многу блиски до вистината, за да се пријатни за режимот и нацистите , се плашеле дека такви публикации, како астролошките би можеле да предизвикаат несакано политичко влијание. Покрај тоа Елизабет Ебертин продолжува со приватна работа дури до ноември 1944 година , кога загинува за време на бомбандирањето. Според син и Рајнхолд, истакнат современ германски астролог, мајка му ја видела бомбата во својот хороскоп, која ја погубува. Но, одлучува дека нема право да бега, да неги исплаши соседите. Тие се чувствуваат спокојни што таа е со нив и викаат- ДОДЕКА ЕБЕРТИН Е ТУКА НЕМА НИШТО ДА НИ СЕ СЛУЧИ.
По втората светска војна астрологијата доживува вистински бум. Денес низ цел свет постојат институти, кои ја изучуваат сериозно, а во 1960 година хардвардскиот универзитет прима дисертации по астрологија за добивање на високо образование по хуманитарни науки. Американската федерација на астролозите и британскиот факултет за астролошки испитувања имаат илјадници членови , кои полагаат испити по тој предмет и се придржуваат кон строг кодекс. Интересот кон астрологијата никогаш не бил толку голем. Но, можеме ли, денес навистина да се потпреме на хороскопите.
Од успешната кариера на Карл Рајтер, се гледа дека многумина продолжуваат да веруваат на хороскопот. На 75 години Рајтер е доајен на американските астролози, не само по возраст, туку и со статус. Со право може да се каже дека ја наследил Еванџелин Адамс, со која се запознава како четиринаесет годишен. Како пријателка на семејството таа составува негов хороскоп и му открива дека ке стане добар астролог. Момчето со сите сили се труди да стане астролог. Помнуваат 25 години , додека накрај се утврдува како најдобар астролог, заминува да живее во Холивуд, каде што негови клиенти се филмски ѕвезди како Тајрон Паур, Сузан Хедер, Марлене Дитрих и Роналд Колман.
Веројатно станал милионер од многубројните рубрики во весниците и списанијата, од секојдневните астролошки прогнози, од книгите, како астрологијата може да помогне во бизнисот и финансиите, во бракот и семејните односи .
До 1039-та година, кога станува професионален астролог, Рајтер е адвокат, работи и на проекти кои ги засегнуваат граѓанските права. Во времето на депресијата започнува да ја применува астрологијата, за да и помага на невработените. Заклучил дека со хороскопот може да ги насочува луѓето кон професии кои им одговараат најмногу. Тоа многумина ги натерало да побараат работа за која тешко би се досетиле.
Друг астролог кој докажува дека во современиот живот има место за астрологијата е астрологот Катина Теодосиу. Таа се прославува најмногу со бизнис хороскопите .Таа е консултант на повеќе од 50-тина фирми во САД и Европа, така што дава совети при склучување на деловни зделки, кадровска политика и инвестиции. Многу фирми биле основани во ден и час во кои им ги препорачала Катина Тееодоси.
Катина Тееодосиу е заслужна за астрологијата да се наметне во епохата на компјутерите. По нарачка на една њујоршка фирма таа составува компјутерска програма која прави компјутерски хороскопи за продажба. Проектот покажува одличен успех. Теодосиу работи на него, една година и три месеции, го снадбува компјутерот со 40 000 астролошки информации.
Астролозите не се истомисленици во за компјутерските хороскопи, но малкумина би и се спротивставиле на Катина за некомпетентност.
Астрологијата секогаш имала критичари -и денес многумина би се обиделе да ја отфрлат како смешна демодирана мешавина на доктрини на кои се потпираат само суеверни и лековерни. Сериозните астролози први признаваат дека нивното творештво е нејасно, содржи некои нејасни предпоставки, кои тешко може да бидат докажани. И покрај тоа тие се убедени дека астрологијата се заснова на вистина и може да игра улога, да им помага на луѓето за да разберат каде им е вистинското место во Вселената. Денес некои традиционални научници подготвени се да ја споделат нивната гледна точка. Дури и луѓето кои биле скептични за астрологијата , сега доставуваат докази за тоа дека таа е стара наука, која се заснова на факти.
Споделете