ПОРТАЛОТ ohridsky.com
ДОНЕСУВА НАСЛОВ:
„МИТКО ЈАНЧЕВ НОВ ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА!“ –
БЕЈЛИ ПОДГОТВУВА ЗАМЕНА ЗА ЛОШИОТ ИГРАЧ!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Провладиниот портал, донесува како еклузивна вест, дека градоначалникот на Кавадарци, сопственикот на „Кожувчанка“, Бејли го подготвува за наследник на Мицковски, За мене ово не е изненадување, ако ги помните интервијута на г-дин Васко Ефтов со градоначалникот на Кавадарци г-дин Митко Јанчев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, либералотг-дин Христијан Мицковски. Како новинар аналитичар, веднаш ја забележав играта, знаев дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, либералот г-дин Христијан Мицковски треба да биде играчот, што ќе му го отвори патот на г-дин Митко Јанчев. Овие интервијуа беа пред локалните избори. Моите првични анализи се покажаа како точни со локалните избори, со изборот на г-дин Митко Јанчев за градоначалник на Кавадарци (еден од ретките на ВМРО ДПМНЕ) каде СДСМ мораше да го препупушти на ВМРО ДПМНЕ. Ако добро помнете, за време на изборите г-дин МИтко Јанчев, за време на изборите беше приведен на информативен разговор во полицијата. Но, место да се јави на неговиот лидер г-дин Никола Груевски, му се јави на г-дин Зоран Заев. Не случајно во емисијата г-дин Васко Ефтов го промивираше, дека на ВМРО ДПМНЕ им треба лидер, кој ќе може да ги финасисира како опозиција – премногу провидно. Еве во го целиот текст на порталот:
Митко Јанчев ќе биде новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заминува, дознава ОхридСкај од високи дипломатски извори. Како што дознаваме, откако на 2-ри Август на Илинденската вечера каде што присуствуваше владата, политичките партии и целиот дипломатски Кор, Митко Јанчев заминал од Крушево за Кавадарци, заедно со американскиот амбасадро Бејли и неколку други високи преставници на Националната безбедност на САД.
Американците биле тотално разочарани од погубната политика која ја води Христијан Мицковски како лидер на опозицијата и бараат, начин на негова смена, за што се разговарaло и со Митко Јанчев.
Помеѓу другото станало збор и за претстојниот референдум, кој ќе биде поддржан од голем дел на умереното крило на ВМРО ДПМНЕ, а според проценките на преставниците на Белата Куќа во Македонија, нивно очекување во најдобри ОПТИМИСТИЧКИ УСЛОВИ ИЗЛЕЗНОСТА БИ БИЛА ОКОЛУ 750.000 ДО 800.000 граѓани на РМ. Ваквата нивна проценка се должела на бројните неисполнети ветувања, осетливиот политички моментум во државата, како и на преголемата желба на Христијан Мицкоски да издејствува севкупна амнестија, нешто што ниту за Америка, а ниту за Европа би било прифатливо.
Американците бараат свој добар трезвен политички играч, кој зад себе има и личен приватен бизнис, но спремни биле да ја помогнат опозицијата и финасиски да ја консолидираат доколку Јанчев успее да го убеди членството за смена на Мицкоски и излезеност на референдум.
Како што дознава ОхридСкај, референдумот ќе помине и во законодавниот дом по секоја цена, зошто САД сака стабилен Балкан и стабилен коридор, а Јанчев ветил дека ќе биде кооперативен на овие полиња.
С.Денесовски
Се прашувам, да ли е направена сметка без крчмар, да ли членовите на ВМРО ДПМНЕ, повторно ќе дозволат Бејли да им именува лидер! Првиот чекор кон лидерската функција му ја отвори самиот лидер на ВМРО ДПМНЕ либералот г-дин Христијан Мицковски, поставувајќи за потпредседател на партијата!
Еве го линкот на кој се кажува, кои се новите потпредседатели на ВМРО ДПМНЕ, поставени од лидерот либералот г-дин Христијан МИцковски!
https://www.youtube.com/watch?v=R8ws6M__q-U
Споделете