ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува : Илија Бошков – Крајнички

БИБЛИЈА ОД МЈ АГОЛ – АНАЛИЗА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува : Илија Бошков – Крајнички

БИБЛИЈАТА ОД МОЈ АГОЛ

ВО ПОТРАГА ПО БОГА

            Раѓењето ме дочека со лузни и болки, се прашував да не го згрешив, туѓите гревови ги земав на грб. Во потрагата по љубов пред мене се сторија многу патеки, вистинската љубов ме одведе на трнливите патеки, единствените кои водеа кон Творецот. Се прашував кој ме создал, со каква задача сум роден. Тргнав од препоставката дека Господ Бог не создал, се прашував кој го создал него. Се обидов преку психологијата, особено преку Фројд, Јунг, Никола Рот и други, уште во основното училиште да ја одгонетнам тајната на постанокот со тоа и мојата задача или улога која ми дадена со раѓањето. Не можев, ниту сега можам да се помирам со тврдењето дека постои смрт. Во мојата потрага по Творецот осознав дека смртта не постои, постои смрт на материјалните работи, на телото, но не и на духот кој се враќа кон изворот, во вид на енергија, енергија на Создадетелот. Во потрагата по Творецот ја запознав астрологијата која ми помогна да ги тргнам уздите, да ги симнам очилата кои ми беа наметнати, со уверување дека без нив ќе бидам слеп. Преку дарбата што ја имав за пишување, особено за поезија, подарена од Творецот, со помош на песните мојата душа или дух патуваше кон Творецот, осознавајќи за грев, покајание, молитвата и казната. Простувањето не можев да го проголтам, сметав дека луѓето го измислиле надевајќи се да ќе можат да поминат не казнети за оно што го сториле – што не е реално. Секогаш сметав дека во универзумот, во творештвото на Создадетелот за се постои одредена цена, цена која секој мора да ја плати. Во тие патувања на духот кон Творецот, кон изворот, студирајќи ја Библијата, поточно Стариот и Новиот Завет, Тората, Талмудот, Куранот, Будизмот и се што можеше да ме доближи до изворот, осознав дека секој има своја патека кон Творецот, одењето по познати патеки те одалечува од него. Во тој период, многупати ќе се разбудев од сонот или пак несвесно ќе го земав перото, под Божје вдахновение ги забележував мудростите кои доаѓаа како одговор на многу прашања кои ме измачуваа. Една од тие мудрости, мудроста Само слободата на умот те води кон Творецот” ми помогна полесно да си ја најдам мојата патека кон Творецот.

Слободата на умот ми помогна да ја осознам, Библијата ја погледнав и од друг агол, без страв што ќе помислат другите, јаболкото на сознанието што го загриза Адам го каснав и јас. Вкусот на јаболкото на сознанието е толку сладок и без разлика на цената која ја платив, која веројатно и понатаму ќе ја доплаќам, ни би пристанал повторно да бидам слеп, сожвакано повеќе не можам да јадам. Не ме е страв поради моето осознавање ако бидам пеплосан, некои ако ме наречат Луцифер или неговото дете, за мене постои еден Бог, Создател, Творецот на се што постои.

Создателот не е личност, не е предмет, не можеш со прст да го покажеш, Создателот е се околу нас, се што гледаме и не гледаме, ние сме дел од него, од неговото Творештво. Јас, Создателот го чувствувам како единствен татко, дел сум од него, тој е во мене, во се околу мене – ако не постоеше ќе ме немаше и мене.

Многупати се прашував дали е Исус погрешно разбран. Сметам дека тој не рекол дека е единствен Божји син, единствено Божје Творештво, мислам дека Исус кажал дека единствен Татко ни е Создателот, Творецот на се што постои, на кого и самиот се моли пред духот да му се врати кон Изворот, кон Таткото, Создателот на се што постои.

Во овој дел на книгата не би се задржал околу моето размислување за Исус тоа ќе го направам во дел од книгата каде ќе го разгледувам Новиот Завет од мојот агол.

            Во потрага по Творецот, кинејќи ги уздите, тргајќи ги очилата кои ми беа наметнати, Библијата ја видов од сите агли. Во оваа книга ќе се обидам да ви го протолкувам моето гледање на Библијата, без желба да ви го наметнам мислењето или да ве насочам кон мојата патека, секој од вас треба да си ја пронајде својата патека.

Тука би ги цитирал зборовите на Исус Јас, не дојдов да ги сменам Божјите закони, јас дојдов да ги утврдам”.

Јас, велам Библијата е света книга која Создателот на универзумот ни ја подари, преку други цивилизации од уневрзумот.

Преку Библијата, ако се добро протолкува, ако се навлезе меѓу редовите се чита историјата на земјата, настаните што се случувале но и што не очекува.

Библијата кажува до каде можеме да одиме, кои ни се крајните граници, но и какви се казните што не очекуваат.

Сето ово согледувајќи го ќе се обидам преку оваа книга да ви ја долавам и другата страна од Библијата, да го разгледаме подарокот од Создадетелот, подоракот кој го добивме преку други цивилзаци, преку вонземјаните.    

      МОЈСЕЈ БОЖЈИТЕ ЗАКОНИ ОД ВОНЗЕМЈАНИТЕ ГИ ДОБИ

            Мојсеј е една од најзагатливите личности во Библијата. Се раѓа во времето кога израелскиот народ бил под египестско ропство. Во тоа време машките деца што се раѓале имало наредба од египетскиот цар да се убијат, а женските да се сочуваат. Но бабиците не ја почитувале многу оваа наредба и правеле се да се зачуваат машките деца. За самото Мојсиево раѓање има легенда дека се родил многу убав, мајка му го криела три месеца и кога повеќе неможеше да го крие зела кошниче од трски: го облепила со смола и катран: и, откако го ставила детето во него, го однела во трската кај реката. А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него. Фараоновата ќерка, пак, се симнала до реката, за да се капе, а и нејзините слугинки оделе покрај реката. И таа го забележала кошничето во трската, па испратила една од слугинките свои, да го донесе. А кога го отворила, видела дете; и тогаш детето заплакало. Таа се смилила над него и рекла Ово е еврејско дете.””

Тогаш сестрата негова и  рекла на Фараоновата ќерка: Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето. Фараоновата ќерка и рекла: Оди!” И девојчето отишло и ја викнало мајката на детето. Кога мајката на детето дошла Фараоновата ќерка и рекла: Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ќе ти платам.”

Кога Мојсеј пораснал го одвеле кај Фараоновата ќерката и таа го посини, и му ставила име Мојсеј, велејќи, оти од вода те извадив.”

МОЈСЕЈ УБИВА И БЕГА ОД ЕГИПЕТ

            Кога Мојсеј израснал отишол кај своите браќа, синовите Изреалови, и ја видел маката нивна, забележал како еден египетски војник тепа и мачи евреин. Кога помислил дека никој не го гледа, Мојсеј го убил војникот. Но многу брзо се разбрало, разбрал и самиот Фараон така што Мојсеј морал да избега од Египет и да се насели во земјата Медијамска. Тука се оженил и му се изродиле синови. По некое време фараонот умрел, а маките на еврејскиот народ уште повеќе се зголемиле, не се трпело повеќе египетското ропство. Тогаш се смилувал Господ над синовите Израелови.

ПРВАТА СРЕДБА СО ВОНЗЕМЈАНИ

            Мојсеј го пасел стадото на Јотора, тестот свој, свештеникот Мадијамски. Терајќи го  стадото така преку пустињата, дошол до планината Божји Хорив  и му се јавил Ангел Божји во огнен пламен во капина. И видел тој капината гори со оган, и не изгорува.” И Мојсеј рекол: “Да појдам да го видам ово чудо, зашто капината не изгорува.”

            А кога го видел Господ дека тој доаѓа да види, извикал Господ од капината и рекол: Мојсеј, Мојсеј!” А тој одговорил: Еве ме Господи!” И тој рекол: Не приоѓај ваму. Собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.” И му рекол: Јас сум Бог на таткото твој, Бог Аврамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.” А Мојсеј го свртел лицето свое, зашто се плашел да погледне во Бога.

            Тука започнува енигмата, за мене првото мешање на вонземјаните во историјата човечка на земјата. Загриженоста за опстанокот на човечкиот род и изборот на Изреалскиот народ зборува за избор кој треба да ја одбележи човечката историја на Земјата. Самиот избор на Мојсеј прв да ги пренесе законите не бил случаен. Мојсеј уживал голем углед, богобојазлив човек бил, но и силна личност со огромна енергија, имал силна харизма на која тешко можело да се одолее, уште со самото негово раѓање. Воедно бил многу интилигентна личност, за негово време многу писмен, па од овие причини изборот бил непогрешлив.

Подоцна чудата што настапуваат, спасувањето на израелскиот народ од египетското ропство, поминувањето преку Црвеното Море уште повеќе ме уверуваат дека се работи за надчовечки работи, работи што тогашната цивилизација не можела да си ги приушти.

Волшебниот стап што го добил бил со огромна енергија и веројатно диригиран од самите вонземјани.

Подоцна со  добивањето и на самите заповеди Божји на камени плочи, а ни во еден момент не му успеало да и се приближи на капината што постојано гори, Мојсеј ги шири законите и се издига во една од најзначаните личности во човечката историја.

Најинтересно е што секоја средба Мојсеј што ја имал со Бога (јас мислам дека тоа биле Вонземјаните) никогаш не била блиска за да може лично да го види и да оствари личен контакт. Секогаш тоа било на иста дистанца, на Мојсеј никогаш не му било дозволено да се приближи, а глетката била постојана и при следната нивна средба во пустината Синајска.

На Мојсеј му се дава голема власт, израелците поставуваат судии. Тогаш кога е се подготвено повторно Мојсеј се повикува и се подготвува да му се дадат законите по кои треба израелскиот народ да се владее. И што тогаш се случува: Мојсеј му вели на Бога дека народот нема да му верува а Бог му одговара на Мојсеја: Еве, Јас, ќе дојдам кај тебе во столб облачен, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува за секогаш.”

МОЈСЕЈ ГИ ПРИМА ДЕСЕТТЕ СВЕТИ ЗАПОВЕДИ ОД ВОНЗЕМЈАНИТЕ

            И му рече Господ на Мојсеја: Слези од гората при народот и објасни им и очисти го денес и утре, и нека ги исперат облеките свои; и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на гората Синајска пред сиот народ, а ќе поставиш граници за сиот народ од сите страни и ќе им кажеш: Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножијето нејзино; секој, кој ќе допре до гората, ќе биде предаден на смрт. Никаква рака да не допре до неа, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добитокот ќе е или човек, жив да не остане. А кога трубата ќе затруби отегнато, кога облакот ќе се крене од планината, тогаш ќе можат да се качат на гората.”

            И Мојсеј слезе од гората кај народот; и го очисти народот, и тие ги испраа облеките свои. И му рече на народот: “Бидете готови и за три дни не приближувајте се до жените!” А третиот ден, пред осамнувањето, загрме и молњи засветкаа, и настана густ облак над гората Синајска, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше утаборен. Тогаш Мојсеј го извади народот од таборот, за да го пресретне Бога, и застана во подножјето на гората. А гората Синајска целата беше во дим, зашто Господ беше слегол над неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка, и се уплаши сиот народ; и гласот на трубата стануваше се’ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно. И Господ слезе на гората Синајска, на врвот од гората . Мојсеј се искачи. Тогаш Бог му рече, велејќи: Слези и кажи му на народот да не навалува за да Го види Господ, та да не изгинат мнозина од нив; а свештениците, кои му пристапуваат на Господа Бога, нека се осветат, за да не ги погуби Господ.” И Мојсеј му вети дека народот нема да се качи бидејќи изрично ги опемена, дека неговата волја ќе биде почитувана.

            Кога добро ќе се погледа и подлабоко навлезе во овој пасус од Библијата се доаѓа до голема неверојатност но вистинитост. Се доаѓа до кристално, јасна слика, дека станува збор за вонземјани и за вселенски брод. Се повторува слика кога Господ не дозволува де се види, а  се јавува од далечина од капина што гори а не согорува (од вселенскиот брод што зрачи).

Појавата пред народ, кој пред тоа е подготвен и на истиот не му се дозволува да пријде блиску, туку се се случува од далеку, овојпат од височина со светкавици и грмотевици. Сето ова зборува дека се работи за вселенски брод кој работел на ракетен погон, така да издигнувајќи се од тлото ослободувал голема енергија низ светкање и грмење. Сето ово почнува со многу силна труба и силно трубење несфатливо за народот. А за сето тоа треба голема енергија, но за бродот неосетна енергија.

Кратко кажано се создава еден мал спектакал за народот, кој останува без зборови, но воедно и исплашен од силата што ја гледа пред себе. Кога Бог му вели на Мојсеј секој што ќе се приближи или сака да се искачи на планината да биде каменуван и стрелан, без разлика да ли е животно или човек, преставува уште една потврда дека се работи за вонземјани кои се плашат дека ќе бидат откриени или видени со што нивната мисија на земјата би пропаднала.

АДАМ И ЕВА БЕА ВОНЗЕМЈАНИ

            Во пасусот каде се опишува појавата на Бога кога целата Синајска гора била во дим, а Господ слегнат над неа во оган, кога голем дим се кревал како од печка зборува за огромната енергија и за издувните гасови кои биле пропратени со пламен. Ово зборува дека можеби бродот што ги посетил изреалците  бил голем но и од цивилизација која не толку брзо се пуштила во потрага во вселената барајќи нова планета за да се насели.

Потоа ако се добро проучи создавањето на светот и населувањето на земјата со Адам и Ева, па првиот потоп, јас доаѓам до сознание дека првите луѓе на земјата дојдоа од вселената, создавајќи  нови цивилизации кои на крајот сами се уништувале.

АДАМ И ЕВА БЕА ВОНЗЕМЈАНИ, ОСУДЕНИЦИ, КАКО ПРВИТЕ ДОСЕЛЕНИЦИ ВО АВСТРАЛИЈА

И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: Од секое секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умриш.”

            Во предходните пасуси се обидов да ги изнесам моите согледувања за Библијата, најчитаната книга, книга која преставува и душевна храна на човекот, но и патоказ и најголем закон по кој треба човекот да се однесува.

Многу работи во Библијата за мене се противречни затоа се обидувам да го дадам своето мислење. По многу работи, доволно необјаснети, дојдов до заклучок дека сепак Библијата е подарок од вонземјаните на човекот и дека истите имаат голема улога врз настаните на земјата, многупати забразувајќи ја и самата еволуција. Како што веќе спомнав кога го започнав толкувањето на моите размислувања, започнав од самиот Мојсеј, од добивањето на десетте Божји закони, кои за мене преставуваат кристална јасна слика дека се работи за вонземјани, за нивна голема грижа за земјата.

Ќе се обидам да го протолкувам делот од Библијата кој зборува како е населена земјата и за првите луѓе на земјата. Ако добро се погледнат пасусите во Библијата кои зборуваат за Адам и Ева, а притоа слободно да се размислува, без да се голта сожваканото се добива сосема друга слика.

            Во прва книга на Мојсеј Битие” се зборува за постанокот на земјата, кај што се вели дека Господ Бог земјата ја создаде за шест дена, а седмиот земал да почине од работата, затоа седмиот ден и денеска се зима како ден за почивка. Во самото создавање на земјата човекот не учествувал, поточно Господ Бог земјата ја создава со целосен изглед, со разни животни и растенија, но без човек кој би живеал на неа воедно би ја обработувал и би ги користел плодовите што земјата ги дава. За ово зборува и следниот пасус од Библијата И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпичина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги направи и создаде. Ете така настана небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата, но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. Потоа рече Бог: Да создадам човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар на рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата. И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.

            Читајќи го овој пасус кога Бог се именува како Ние”, Нашиот образ” се добива впечаток дека Господ Бог не е сам, туку дека постојат повеќе Богови, а тој е врховен Бог. Тоа помалку ми личи на одлука на вонземјаните земјата да ја населат со слични на себе. По пронајдок на земјата, како нова планета, која им ги овозможува сите услови за продолжеток на својата цивилизација. Тие донесуваат одлука да ја населат земјата, но со преставници кои можат да послужат за опит како опитни животни,; зајаци, глувци итн”, но овој пат со свои преставници кои го извалкале нивниот ред и не ги почитувале законите.

Ово може да се согледа и од следниот пасус:

            И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази. И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умриш“

            Од овој пасус може да се наслути дека градината Едемска преставува Рајот за кој подоцна човекот ќе сонува да се врати.

Со самите забрани кои му се наметнуваат на човекот, поточно на Адам, а подоцна и на Ева, Боговите или Бог (за мене вонземјаните), сакаат да го испитаат својот пронајдок, колку е подготвен да ги слуша, и во која мера може да и послужи како нивна земена или зачувување на нивната раса.

И што се случува? ИМ се наметнуваат на Адам и Ева закони и правила кои треба да се почитуваат, но со заканување ако ги прекршат веднаш ќе станат смртни и ќе бидат изгонети од Едемската градина или од самиот Рај.

Ово зборува дека вечноста или вечниот живот бил составен дел на Адам и Ева.

И тогаш доаѓа првиот Грев.

            И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш. И рече Господ Бог: Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него! Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот. И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече; Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот! Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе и се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело. И беа обајцата голи, Адам и жена му , и не им беше срам.”

            Пред да поминам на описот на првиот грев би сакал да прокементирам и овој пасус од Библијата кој за мене е многу јасен. Си помислувам дека првите луѓе биле создадени како роботи, создадени од земја, а покасно им е внесен живот или дух. Самата материја на создавање земјата е малку контрадикторна бидејќи земјата е составен дел од самата планета а првите почетоци на Адам и Ева не се на земјата туку во Едомската градина, престојувалиштето на Бога или Боговите (јас мислам дека е тоа место каде престојува многу високо развиена цивилизација која го досегнала делот вечноста и дошла до големо совршенство), зборува дека првите луѓе биле роботи, но совршени роботи на кои можело да и се вдахне животот. Вонземјаните успеале да создадат робови покасно од крв и месо, слични на себе и да ги спуштат на земјата како опитни зајчиња. Тврдиот сон на Адам зборува за анестезија која се користи при операциите кои се изведуваат и денес. Можноста од дел на телото (од реброто на Адам) да се создаде нов човек (Ева) зборува за големите дострели на вознземјаните, за клонирање на луѓе. Во спротивно на Бога не би му требало дел од Адам (Адамовото Ребро) за да ја создаде Ева бидејќи Бог е Семоќен, од ништо го создаде уневерзумот. Ова уште еднаш потврдува за високите технички и научни дострели на вонземјаните. Со самото клонирање на нови луѓе, кои ќе личат на нив, но создаедени како опитни зајчиња и сеуште доволно несовршени како нив, вонземјаните успеваат да ја зачуваат нивната цивилизација. 

ПРВИОТ ГРЕВ

            Но змијата беше полукава од сите ѕверовии полски, што ги создаде Господ Бог; па и рече на жената: Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво од рајот? А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот; – само од родот на оно дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете! Тогаш змијата и рече на жената: Не вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло. И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси. Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во прикверчерината; и се сокрија Адам и жена му. Но Госспод Бог го повика Адама и му рече: Адаме, каде си? А тој одговори : Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол и се сокрив. И Господ рече: кој ти кажа дека си гол? Да не си јадел од оноа дрво, од кое ти забранив да јадеш? Адам, пак, рече: Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев. Тогаш Господ Бог и рече на жената: Зошто го направи тоа? Жената одговори: Змијата ме измами, и јас јадев. На змијата, пак, и рече Господ Бог: Зашто си го направила тоа, проклета да си меѓу животните и сите ѕверови полски: помешечки ќе се влечиш и прав ќе јадиш се до крајот на својот живот!

            И овој пасус за мене е полн со контрадикторности. Прво, се знаее дека во рајот нема ноќ туку е вечен ден така да никој не спие, бидејќи спиењето е време кое е потребно за одмор на еден организам за да може следниот ден да продолжи со секојдневните активности. Второ Господ Бог влегува и го бара Адам повикувајќи го, тоа ми зборува за следното, дека како опитни зајци Адам и Ева несакајќи дошли до сознание за себе и избегале од опитното место, криеќи се (во овој случај мислам дека рајот е совршена лаборторија на вонземјаните, каде се создадени услови кои владеат на земјата, за да можат Адам и Ева да се привикнат на услови кои се слични на земјата).

Самата потрага на Бога по Адам зборува за можно нивно бегство од лаборторијата (од рајот). Но, по нивното фаќање доаѓа и до испитување како можело да дојде до тоа и кој им помогнал во сето тоа. Сето ово личи на класично испитување што се врши и денес од истражните органи, каде и денеска се бара соучесникот за било кој престап, кој исто така сноси одговорност како и сторителите за направениот престап. Ово се случува и со иследувањето од страната на Господ Бог, кога ги казнува трите престапника (Адам, Ева и змијата), со соодветни казни, за секого посебна, како што се прави и во денешните човечки судови (во случајот на Адам и Ева тоа беше судот на вонземјаните).

Стравот дека Адам и Ева осознувајќи за себе ќе достигнат до поголемо совршенство и со тоа да го загрозат нивното владеење, вонземјаните донесуваат одлука Адам и Ева, заедно со змијата да се испратат на земјата, од каде ќе можат полесно да се контролираат и кога ќе досегнат одреден стадијум повторно да се вратат во почетниот (на ово укажува и првиот потоп, предизвикан со вавилонската кула).

ПРЕСУДАТА  Е  ДОНЕСЕНА,  АДАМ И ЕВА  ЗАМИНУВААТ  НА ИЗДРЖУВАЊЕ  НА  КАЗНАТА  –  ВОНЗЕМЈАНИТЕ  СО  НИВ  ЈА НАСЕЛУВААТ  ЗЕМЈАТА.

            По сторениот грев веденаш доаѓа пресудата, со која се казнуваат змијата, жената (Ева) и Адам.

            На змијата , пак и рече Господ Бог: Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш, прав ќе јадеш се до крајот на својот живот! И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата. А на жената и рече: Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар! Па потоа му рече на Адама; Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него-затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот; трње и трскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зошто си земја и во земја ќе се вратиш. И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи.

            Овој пасус од Библијата за мене преставува голема контрадикторност. Бог го создава Адам по сопствен лик и му вдахнува свет дух (бесмртност и живот) и го праќа по казна на земјата. Одеднаш вдахнатиот дух станува смртен (се работи за светиот дух Раух), а Адам го губи божанското во себе, по пресудата треба да се врати во земјата и да стане повторно земја.

По сето ово може да се заклучи дека Адам сепак не може да умре, човекот не умира бидејќи во себе го носи светиот дух (душата) кој се враќа кон изворот или кон Бога.

Сето ово укажува на паралелен свет. Опитите што се вршат со првите луѓе на земјата (со Адам и Ева) е само излегување од лаборторијата на вонземјаните и населување на новата планета. Понатаму кога ќе се погледне пасусот што следува се добива многу јасна слика дека Адам и Ева се вонземјани, или во најмала рака создадени од воинземјаните во нивните опити.

            А Господ Бог им направи на Адама и на жената негова облека од кожа, и ги облече со нив. И рече Господ Бог: Ете Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло;но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата од која беше земен. Откако, пак го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем хервијум и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат кон дрвото на животот.

            Овој пасус, можеби и најсно ги опишува вонземјаните. Бог повторно се именува во и множина Нас” а крајот на пасусот само ја надополнува сликата за вонземјаните, за нивната одбрана, за одбраната на нивната територија (Едем) со огнено оружје (што ќе му е на Господ оружје и стражари).

Сето ово зборува дека станува збор за вонземјани, за донесување пресуда, Адам и Ева да се преселат на земјата. Пред тоа истите се опремуваат и со нив се населува земјата.

Адам и Ева понатаму и целото човештво заедно со земјата на вонземјаните им служат за нови опити, постојано контролирајќи го нивниот напредок.

Од овој пасус се гледа дека вонземјаните (во Библијата се наречени Господ Бог) се внимателни, со извесена доза на страв (Господ Бог не би требало да се плаши – бидејќи тој е почеток и крај) и се штитат со огнено оружје. Понатаму се контролира целото човештво, целата негова еволуција.

Вонземјаните се јавуваат како судии и на човечкиот род, на синовите на Адам и Ева.

            Потоа Адам ја позна жената своја Ева, која зачна и го роди Каина, и рече: Придобив човек од Господа! Го роди уште и брат му Авела. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец. По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни; а Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови; а на Каина и неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу, и лицето му потемне. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: Зашто се огорчи? Зашто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? Ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го! И му рече Каин на ссвојот брат Авела: Да појдеме во поле! А кога беа во полето, Каин скокна на Авела, братот свој и го уби. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: Каде е братот твој Авел? А тој му одговори: Не знам, зар сум јас чувар на братот мој? А Господ рече Што направи? Чуј! Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене. Затоа да си проклет од земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти ја дава својата сила; ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!А Каин му рече на господа: Казната моја е толку голема, што не може да се носи. Ете, денес ме  истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам изгнаник и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, ќе ме убие.А Господ Бог му рече: Тоа нема да се случи;оти, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни! И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие  никој, кој ќе го сретне.И си отиде Каин од пред лицето на Господа, и се насели како изгнаник во земјата Наит, источно од Едем.И ја позна Каин жената своја, а таа забремени и го роди Еноха. Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син Енох.

ГОСПОД СОЗДАВА НОВИ ЛУЃЕ

            Ако внимателно се погледне пасусот кој го цитирав, во кој се работи за Каин и неговиот грев – братоубиството и казната што потоа следуваше, се доаѓа до следните сознанија: Во почетокот човекот не живеал на Земјата, а Земјата имала повеќе опитни станици. Главната лабораторија во која се создададени Адам и Ева се нарекува Едем (рајска градина), додека нивниот син Каин, по сторениот грев, го селат спротивно од пределите или опитните станици кои ним им биле доделени.

            И му стави Господ Бог знак на Каина од пред лицето на Господа, и се насели како изгнаник во земјата Наит, источно од Едем. И ја позна Каин жената своја, а таа забремени и го роди Еноха. Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син Енох.

            Овој пасус од библијата укажува дека тогаш на Земјата веќе постоеле повеќе држави (области, а можно е повеќе опитни подрачија на вонземјаните).

Веднаш се гледа дека тука Каин не е сам, тука ја среќава и својата жена која му го раѓа синот Енох. Ова зборува дека Господ повторно создава луѓе, поточно и на Каин (веројатно порано и на Авел) му подарува жена, за да може да го продолжи својот род. Но, овојпат Библијата не потврдува дека е подарок од Бога жената на Каин. Па затоа доаѓам до заклучок дека таа била пред тоа создадена. Ова укажува на можност дека врз еволуцијата на Земјата учествувале повеќе цивилизации на вонземјани.

Самото среќавање на Каин и жена му, а се случува во друга земја (Наит) зборува и за можност на спојување на две цивилизации. До овој заклкучок доаѓам од цитатот кој вели дека Каин во земјата Наит соѕида град и го нарече Енох, по својот син.

Самото ѕидање на град зборува дека Каин и жена му во земјата Наит не биле сами. Каин сам не можел да го соѕида градот, а и ако се зема дека тој е само втора генерација на земјата (тако му Адам и мајка му Ева се прва) веднаш се доаѓа во голема контрадикторност.

Ако добро се погледне голку години и векови му треба на човештвото за да дојде до одредени сознанија или откритија, самосталното ѕидање на Енох од страна на Каин е неможно. Понатаму самото оплодување или продожувње на лозата е исто така неможно, единствено ако неколку генерации на луѓе, веројатно и раси не биле директно создадени од Бога.

            Селењето на Каин во други области или во други земји, а таму среќавање на други луѓе (ја среќава и жената своја таму) дава јасна слика за учество на повеќе цивилизации (вонземјани) во населувањето на Земјата (тука може да се најде одговорот и за повеќето раси на луѓе на Земјата).

Повеќето раси на луѓе на Земјата зборува дека Господ Бог во почеток создал повеќе луѓе (не биле само Адам и Ева). Јас ова го толкувам со следното: дека Господ Бог, како што е наречен во Библијата, се всушност вонземјаните (многупати се спомнува и во множина Нас”) а разните раси на луѓе се и разни цивилизациии дојдени од вселената. Ова ми зборува дека земјата била полигон или една голема лабораторија за зачувување на цивилизациите (расите) од страна на вонземјаните.

Исто како што денесе се случува со интересните сфери на големите сили и  тогаш Земјата била поделена меѓу неколку големи цивилизации, за разноразни опити.

Ова, пак, зборува дека човекот постојано бил контролиран, следен, и со него било управувано. За ова, пак доказ може да се најде понатаму во Библијата која зборува за редоследот на раѓањето, на лозата која продолжува. Веднаш се забележува дека првите луѓе имале и подолг век на живеење.

            Ова е родословот на Адама. Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човек – во денот кога беа создадени. Адам поживеа двесте и триесет години, кога му се роди син поред подобието свое и според образот свој, и му даде име Сит. А откако го роди Сита, Адам поживе уште седумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. И сите денови, што ги поживе Адам, изнесува девестотини и триесет години; потоа тој умре. Сит, пак, поживе двесте и пет години и му се роди Енос. По раѓањето на Еноса, Сит живееше уште седумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; така поживе Сит вкупно деветстотини и дванаесет години; и умре. Енос пак живееше сто и дваесет години, кога му се роди Каинан. А откако го роди Каинана, Енос живееше уште седумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; и така сите денови на Еносовиот живот изнесуваа девестотини и пет години; потоа тој умре.

            Редоследот на раѓањето продолжува, но давајќи податоци само за првородените синови. Ова кажува дека владеел патријахартот и самото спомнување на првородените синови кажува за нивната благословеност од Бога, бидејќи првите биле дарувани на Бога како Божји слуги.

Оваа традиција продолжува и понатаму кај човекот, првиот син останува главен наследник, а кај човечките господари (цареви, кралеви, владетели) стануваат претстолонаследници до ден денешен.

            Интересно е дека освен  првиот син на Каин понатаму неговиот родослов или продолжување на лозата не се споменува. Потомците на Авел и Каин ги нема никаде. Ова може да укаже дека библијата е подарок од една цивилизација на вонземјани за нивната раса, дека неколку цивилизаци вонземјани создаваат свои луѓе (ова го докажуваат и разните раси на луѓе) на кои им ги пренесуваат свои верувања (ова го докажуваат разните религии).

За стварањето на разните религии и верувањето во повеќе богови кое е опишано во Библијата веројатно е потикнат од многуте цивилизации на вонземјани кои барале свое место на Земјата пренесувајќи им на своето творештво (својата раса) сопствени верувања. Понатаму како што опишува Библијата сите раси се обединуваат и почнуват да говорат еден јазик.

Ако ова добро се погледне веднаш се добива и денешната слика ( во светот англискиот јазик станува доминатен и забрзано се учи, во сите комуникации е присутен) се гледа дека се се повторува, дека повторно човекот ја гради вавилонската кула, се осмелува да лета во вселената, да стане дел од боговите, своите творци (вонземјаните).

СЕ ГРАДИ НОВА ВАВИЛОНСКА КУЛА

            А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. И рече Господ Бог: Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, затоа што се тие тело: ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.”

Овој пасус од Библијата ако внимателно се погледне се забелужува и одговорот кој го бара човекот со самото раѓање, одговорот за смртта. Читајќи го овој пасус од Библијата дојдов до сознание дека човекот не умира, туку умира неговото тело. Тука јасно Бог зборува дека во телото на човекот почива неговиот дух, а по смртта на телото (бидејќи е тоа материјално и подложно на смртта) духот повторно се враќа кон својот извор, кон Создателот.

По читањето на овој пасус многупати се прашував: Ако е Божјот дух животот што го живееме, тогаш и ние сме дел од Бога, Божји синови, со можност да станеме Богови”.

Овие зборови на Бога ги споредив со тврдењата на Исус дека е син Божји, што произлегува дека е точно – сите сме Божји деца, но колкава ќе биде нашата  награда, зависи од нашиот труд.

Веднаш го забележувам и следното: Кога е во прашање враќањето на духот кон Бога можеби тука се работи за едно големо совршенство на вонземјаните, да патуваат и да се материјализираат во што сакаат,  дека нивната техника е многу силна. Можеби нивното материјализирање во човек претставува игра или забава, помоќна од игрите што ги играме ние. Ова ми зборува дека животот е синџир кој не се прекинува, туку се менува само состојбата.

Исто така, поимот Божји синови во овој пасус, нивното женење со обични смртници ми зборува дека твоерештвото на Создателот е големо, но науката е техниката на вонземјаните е до толка мера усовршена што можат по сопствена мера да создадат или да метријализират луѓе, или па истите да се материјализират и да се множат. Самото земање или женење на Божјите синови со земјани укажува на појава која и денесе е присутна, мистериозно исчезнување на луѓе како и појавата на неиндификувани летала.

Кога сето ќе се сумира се гледа дека земјата постојано е контролирана од уневрзумот, од царството кое јас го нарекувам Создател, се се одвива по определени закони, се е кодирано.

            А, имаше во тоа време џинови на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат: тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што беше создал човек на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од Земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” Но, Ное најде милост пред очите на Господа Бога.

            Во овој пасус од Библијата се гледа дека и Господ прави грешки (Господ е безгрешен, затоа ова по кој знае кој пат ме наведува дека се работи за вонземјани), затоа се одлучува да ја поправи својата грешка и да уништи се што сторил на земјата. И што се случува Господ го прави ПРВИОТ ГРЕВ”.  Самата негова наредба НЕ УБИВАЈ тој самиот не ја почитува, прави еден од најголемите гревови ЧЕДОМОРСТВО. Го избира Ное, веројатно поради неговата голема верност кон Бога. Тука повторно се гледа дека се работи за вонземјани, а тоа може да се види и со казната со која се казнети луѓето – доаѓа потоп на Земјата, веројатно предизвикан од судир на земјата со некое небесно тело.

Согледувајќи дека на Земјата им се заканува голема опасност вонземјаните се одлучуваат сепак да спасат дел од нивното творештво. За таа цел го избираат Ное и заедно со него од секој вид на животни и растенија по еден примерок и ги спасуваат со своите вселенски абродови.

Ова јасно се гледа од пасусот кога Ное гради ковчег за да се спаси, себе си, животните, растенијата, плодовите што беа создадени на Земјата. Тука се доаѓа до голема контрадикторност. Никаде не се кажува од што е создаден ковчегот, бидејќи морал да биде многу голем, а во тоа време техника да се направи такво нешто немало (се сомневам дека и денеска би можел да се направи).

Затоа сметам дека вонземјаните во своите вселенски бродиви спасуваат дел од своето творештво, а Ное најверојатно е име или личност која била избрана за операцијата спасување на творештвото или лабораторијата Земја.

Опитот наречен потоп” најверојатно бил генарално чистење на лабораторијата, на земјата, обид повторно да дојде до целосна контрола на земјата.

            Влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух; и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог.

И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор.

            Читајќи го овај пасус дојдов повторно до заклучок дека се работи за вонземјани. На Господ не би му требало ковчег за да го спасува своето творештво, бидејќи тој е семоќен.

Со податокот дека тој лично ја затворил вратата на ковчегот се гледа дека се работи за старешина на вонземјаните кој со своето лично присуство, веројатно и ветување дека ќе биде се во ред и дека истите ќе бидат повторно вратени на земјата ја започнал експедицијата за спасување на луѓето.

Ова се потврдува и  во следниот пасус.

            Натопувањето на Земјата потраја четиресет дена и четириесет ноќи; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата. И се засили водата на земјата толку многу , што ги покри сите високи планини, какви што имаше под целото небо; петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе;  јов 22,16; 1 Петр. 3, 6. … А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена.    

            Ова е уште една потврда дека се работи за вселенски брод кој за време на поплавите и елементарните непогоди кои биле предизвикани веројатно со судир на некое небесно тело летал цело време над Земјата, над нејзината површина. Интересно е што Земјата била покриена во целост со вода – дури и највисоките планински врвови биле длабоко под вода. Тука се прашувам колку е можно сето тоа? Бидејќи имало преголема количина на вода рамнотежата на Земјата и нејзиното движење веројатно било нарушено. По завршувањето на потопот и по повлекувањето на водата Ное со својот ковчег се спушта на земјиното тло и излегуваат од него продолжувајќи го својот живот, поточно човечката еволуција.

Пак доаѓаме до голема контрадикторност во самото издигнување на ковчегот над површината на водата и неговото спуштање.

            Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец на Ноевиот живот ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот и ја виде земјата сува. А на дваесет и седмиот дена од вториот месец целата земја беше сува. Тогаш му рече Господ Бог на Ноја: “Излези од ковчегот, ти и жената твоја, а со тебе и синовите твои, и жените на синовите твои; сите животни што се со тебе од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата, извади ги со себе, нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат по земјата!”

            Еве уште една контрадикторност. Како што видовме во минатиот пасус од Библијата каде што се зборува дека Господ Бог од надвор го затворил ковчегот на Ное пред самиот потоп. Но, во овој пасус се зборува дека Ное сам го отворил ковчегот од внатре. Се прашувам на кој начин го направил тоа и доаѓам до заклучок дека се работи сепак за вселенски брод, дека Ноевиот ковчег претставува вселенски брод, современ, со висока техника. Се доаѓа до заклучок дека за време на престојот во ковчегот (во вселенскиот брод) Ное успеал да совлада дел од техниката од бродот. Понатаму, се гледа дека се е прецизно опишано до последниот ден, месец, а тоа е невозможно ако се работи за еден обичен ковчег, бидејќи затворени во него со затемнето небо не може да се определи кога е ден, а кога ноќ.

СЕ ГРАДИ НОВА ВАВИЛОНСКА КУЛА

            По излегувањето од бродот, по повторното населување на Земјата повторно учествуваат повеќе цивилизации на вонземјани. Луѓето на Земјата почнаа да зборуваат на ист јазик, да имаат еден говор.

            И си рекоа меѓу себе: “Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!” И имаа тули наместо камен и смола земјена наместо вар. Потоа рекоа: Сега да соѕидаме град и кула висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата Земја!” Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. И рече Господ: Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, но еве што почнале да прават; и нема да се откажат да го направат тоа, што го наумиле. Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се рабираат еден со друг што зборуваат!” И така Господ ги растури оттаму по целата Земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата. Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму го растури Господ по целата земја.

            Кристално јасна слика, повторно Господ е во множина што укажува дека се работи за исплашени вонземјани, дека човекот ќе може многу брзо да ги достигне, а можеби и да ги надмине. Плашејќи се од ова вонземјаните одлучуваат да го спречат човекот во својата еволуција со што повторно го расселуваат по целата Земја и успеваат да му го измешаат говорот, така меѓусебните комуникациите на човекот се отежнуваат.

Со ова вонземјаните успеваат на момент да ја запрат човечката еволуција, но колку успеваат во тоа покажуваат понатамошните настани.

Можеби ова зборува за повторување на човечката историја. Ова ми го потврдува и денешницата кога полека, но сигурно англискиот јазик станува се помасовен јазик со кој се комуницира низ целиот свет. Зар ова не е факт дека историјата се повторува, дека повторно се гради нова Вавилонска кула.

Заедничката експедиција на Американците и Русите во вселената ги потврдува моите размислувања за новата кула.

Самото спуштање на Господ на земјата повторно потврдува дека се работи за вонземјани (Господ Бог нема потреба да се спушта или качува за да види што се случува на земјата – тој е семоќен и гледа се). Самото рушење на кулата и растурање на луѓето исто така не е потребно на Бога – Бог е недопирлив и семоќен.

Припишувањето на стравот кај Бога ја руши сликата за неговата сила и моќ, затоа веднаш се забележува дека се работни за смртни суштества, моќни, но не и најмоќни, потчно се дава опис за една од цивилизациите на вонземјаните.

Стравот дека обиденети луѓе можат да го нарушат нивното владение, да ја достигнат нивната цивилизација, ги доведува вонземјаните во страв, страв од сопствениот опстанок и тогаш тие се решаваат да го запрат напредувањењето на човекот на земјата, помешувајќи го повторно нивните јазици и рушејќи ја кулата која почнале да ѕидаат.

Тука кулата е симболот на знаеењето до каде човекот достигнал. Кулата преставува и височина до каде човекот достигнал, кулата зборува за дострелите на човекот надвор од земјата. Веројатно зборува и за вселенските летови кој човекот почнал да ги прави барајќи нови цивилизации и нов простор каде би можел да се насели (истото се случува и денес – зар историјата не се повторува).    

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20