
Марк Рубио ме потврди: „Владимир Путин е неоспорен лидер на земја која има капацитет да нè избрише од лицето на земјата.“
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Државниот секретар на САД Марк Рубио ги потврди моите тврдења и анализи. Неколку години (бајмалку 7 години уназад) повторувам изјава на американски генерал (мислам дека беше Даглас) кој уште тогаш јасно укажа: „Во моментот Русија е посилна од САД заедно со цело НАТО“.
Оваа изјава дојде по првите хипер сонични ракети (надзвучни).
А, сето започна 2014 со влегување на руските вооени сили во Сирија, каде имаа единствена база. Влегувањеето во Сирија беше од 3 причини: да се помогне на долгогодишниот пријател (Сирија) и да се заштити базата, која беше клучна за акциите во регионот и Африка.
Втората да се запре гасоводот кој требаше од Катар преку Сирија да стаса до Европа, за да се клекне економски Русија.
Треттата причина беше можеби и најважна пробите на новата ракета „калибар“ веројатно и првата хипер сонична (надзвучна) или полухипер сонична ракета. Со неа од Каспијското море се гаѓаа бунтовницеите (далечина од 1.500 км) во Сирија. Прецизноста беше од 2-8 можност да се утне целта – како некој од 1500 кн некој да ве гаѓа во око.
За илустрација, јавно бар, САД сеуште нема хипер сонични ракети, за разлика од Кина и Иран, на кои Русија им помогна да развијат, а Севрна Кореја во нуклеарната, но и ракетната технологија.
Потоа дојдоа хипррсоничните со нуклеарни глави: цирконите, авангардот, торпедото Поседојн, кинжалот, сраматот….

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
За изјавата на Марк Рубио државниот секретар на САД и оно што се случувало во конгресот повеќе пишува српскиот портал webtribune
„Рубио призна во Конгресот дека Русија има моќ да ги неутрализира САД“
Еве го во целост текстот:
На една од понеочекувано искрените седници на Конгресот на САД, републиканскиот конгресмен Дарел Иса ги крена веѓите – и тонот на дискусијата – со изјава што одекна низ целата сала: „Владимир Путин е неоспорен лидер на земја која има капацитет да нè избрише од лицето на земјата“.
Тоа не беше метафора. Иса зборуваше за нуклеарниот арсенал на Руската Федерација и не беше сам во таа проценка.
Многумина мислеа дека изјавата ќе помине без коментар, но потоа се огласи американскиот државен секретар Марк Рубио, исто така присутен на седницата.
Тој не се обиде да го ублажи. Напротив. „Тие го имаат најголемиот стратешки арсенал во светот и еден од најголемите тактички нуклеарни арсенали. И да – тој е неоспорен лидер“, потврди Рубио, без двоумење.

Сесијата доби сосема поинаков тон. Не повеќе во знакот на закани, санкции и остра реторика – туку во знакот на реалноста.
Конгресменот Иса ги потсети на присутните дека историјата честопати не го следи патот што го посакува јавноста, туку патот што опстојува во тишина. „Мирот не се склучува со пријатели, туку со оние кои не те сакаат“, рече тој, повикувајќи се на логиката на Студената војна.
Рубио продолжи, нагласувајќи дека дијалогот со Москва мора да постои без оглед на актуелните случувања во Украина. „Би било неодговорно двете најголеми нуклеарни сили на планетата да не комуницираат. И токму тоа се случува во последните три години“, нагласи Рубио, алудирајќи на недостатокот на директна комуникација меѓу Вашингтон и Москва од почетокот на кризата.

ДРАГИПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕСАМИДАСИЈАПРОТОЛКУВАТЕНАТАЛНАТАКАРТА. ТОАЌЕМОЖЕТЕДАГОНАПРАВИТЕСОПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНАКНИГАЗААСТРОЛОГИЈА – НАМАКЕДОНСКИЈАЗИК. ЗАПОЗНАЈТЕСЕСАМИТЕПОДОБРО; КАКОИОНИЕШТОВЕОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1500 денариИНФОРМАЦИИЗАКНИГАТАВОРЕДАКЦИЈАТАНАСПИСАНИЕТОХОРОСКОП, НАТЕЛ. 078 215 911
Но, тој јасно стави до знаење – комуникацијата не значи зближување. „Ова не значи дека ќе станеме сојузници или пријатели. Освен ако работите не се променат значително. Но, врската мора да постои, за да се избегнат грешки што би можеле да доведат до глобален конфликт.“
Иса отиде чекор понатаму во историските паралели, потсетувајќи дека САД некогаш „само чекаа“ додека нивниот ривал сам се распаѓаше. „Функционираше и претходно. Погледнете како заврши Советскиот Сојуз. Ние не ги нападнавме, само чекавме системот да се сруши одвнатре.“
Ова не беше реторичка вежба, туку речиси ладен приказ на тоа како некои високи функционери во САД сега ги гледаат односите со Москва – низ призмата на рамнотежата на моќта, а не низ идеологијата.
Рубио заврши потсетувајќи се на лекција по историја од 1961 година. „Доколку во тоа време немаше канал за комуникација меѓу Вашингтон и Москва, карипската криза можеше да заврши со катастрофа. Светот можеше да исчезне тогаш.“
Без грандиозност, но со големо значење, оваа сесија на Конгресот покажа дека дури и во највисоките американски политички кругови расте свеста дека едноставната поделба на „добри“ и „лоши“ повеќе не функционира. Особено кога другата страна поседува најголем нуклеарен арсенал на планетата и лидер кој – сите се согласуваат – е цврсто на власт.
И можеби, како што некои забележуваат, не е време да се постави прашањето кој победува, туку како секој може да преживее.

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички