МЕНТАЛНИ ВЛИЈАНИЈА,
ВАШИТЕ ДВА ДЕНА –
НА ПОЛНА И НА МЛАДА МЕСЕЧИНА!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Овен – Полната месечина ќе Ве стави во центарот на Вашите проблеми, а Ваши проблеми во овој момент претставуваат Вашите чувства. Ќе бидете потполно заљубени, а човекот којшто го сакате целосно ќе завладее со Вашите мисли. Таа апсолутна вљубеност ќе Ви повлијае, така што тешко ќе ги извршувате речиси сите семејни задолженија.
Младата месечина ќе предизвика речиси невидена криза во Вашите односи со луѓето коишто Ве опкружуваат – и воопшто со сите луѓе. Станувате жртва на вистински интелектуален експлозив и ќе имате тешкотии при контрола на своите мисли. Ќе Ви се чини дека не можете да се владеете себе си – можна е бессона ноќ.
Бик – Полната месечина ќе стави акцент на Вашата ризична ситуација, којашто можете да ја избегнете само ако дејствувате во соодветност со финансиските закони. Избегнувајте да извлекувате поволности коишто на другите би можеле да им донесат штета, зашто наскоро ќе ве сполетаат непријатни последици.
Младата месечина ќе Ви даде можност да ги анализирате уште еднаш Вашите финансиски работи и воопшто, целата Ваша финансиска ситуација. Бидете особено внимателни во сите зделки и трошоци. Откажете се од секоја блескава можност доколку таа од Вас бара да престанете да бидете чесни.
Близнаци – Полната месечина ќе Ве вовлече во криза во поглед на Вашите чувства и ќе Ве направи променливи и неделотворни. До бескрај ќе си поставувате прашања во врска со Вашиот партнер и за Вашите односи.
Младата месечина ќе Ве направи жртва на Вашите заблуди и прашања за коишто сепак немате одговор. Тоа може да Ве опустоши, зашто големата гордост ќе Ви ја изостри чувствителноста.
Рак – Полната месечина кај Вас ќе предизвика чувство на отстварени желби и совршена љубов. Ќе се запрашате можно ли е тие мечти да се реалност? А човекот којшто Ви е во мислите ќе биде восхитен од Вас.
Младата месечина ќе Ве потопи, ќе Ве потисне во ментална лутина во каква што не Вие барем досега не сте западнале. Таа ментална лутина ќе Ви предизвика на моменти заборав. Затоа пак Вашите умствени способности ќе се зголемат.
Лав – Полната месечина кај Вас ќе предизвикува вистинска дилема. Ќе се раскинувате помеѓу Вашите чувства, самовљубеноста и солидарноста. Ќе сакате на сите, насекаде, и за с# да се заблагодарувате, ќе бидете благородни и бидете предани кон определен идеал. Можно ли е да решите да ја жртвувате Вашата горда личност?
Младата месечина ќе Ве постави повторно пред дилема, но сега ќе биде неопходно да одлучите и да направите избор. Повеќе простор за дилеми нема. Во текот на тој ден буквално можат да изникнат многу планови и проекти коишто целосно ќе Ве нападнат.
Девица – Полната месечина ќе Ве потопи во проблеми од финансиска и социјална сфера, коишто ќе Ве атакуваат месецот. Можни се напрегнати ситуации тој ден во Вашето семејство, предизвикани од Вашата потреба од печалба.
Младата месечина ќе Ви донесе проблеми и ќе Ви наложи да се откажете од исполнувањето на некои функции, коишто се под нечие силно влијание.
Терезии – Полната месечина ќе Ве направи штедливи и внимателни како никогаш досега. Желбата и жедта за апсолутност, бистриот ум нема да Ве измамат. На крајот од денот ќе се радувате.
Младата месечина ќе го стимулира Вашиот мозок, којшто е целосно потчинет на Вашите убедувања. Ќе се стремите да ја утврдите својата независност, да ги закрепнете Вашите социјални врски и да заземете добри позиции за дејствување.
Скорпија – Полната месечина ќе Ви даде можност да ги подобрите приликите во секој поглед. Ќе добиете финансиска поткрепа и ќе добиете нов доток на финансиски средства, коишто целосно ќе ги користите само за себе.
Младата месечина ќе Ви ги засили сомнежите и ќе Ве потопи во морална криза. Ќе осознаете дека односите со човекот којшто го сакате и со луѓето од околината во целост зависат само и само од нив.
Стрелец – Полната месечина ќе Ви донесе расцут. Осознавајте ги средствата со коишто работите, како и Вашите особини, Вашите таленти, и ќе се чувствувате многу, многу позадоволно и посамоуверено.
Младата месечина ќе стави акцент на напрегнатоста во односите што засега ги имате воспоставено со некои членови на Вашето семејство. Но, ќе се вразумите, ќе се успокоите и ќе ги избегнете непријатностите. Вашата добра волја ќе Ви помогне во еден навистина многу непријатен момент.
Јарец – Полната месечина ќе ја стимулира Вашата способност за правилно дејствување и ќе Ве направи ефективниво секоја ситуација. Можно е да се фрлите врз некоја идеја којашто ќе ги зголеми Вашите заштеди. Резултатот ќе биде блескав.
Младата Месечина повоплна ви е за започнување нови работи, за промена работно место или фирмата. Поволна е за започнување на сопствен бизнис и за политички активности. Носи домација во работата воо днос на колегите.
Водолија – Полната Месечина ќе Ви создаде напрегнатост во односите со најблиски членови на семејството, а исто така и со пријателите. Таа напрегнатост ќе биде поврзана со пари. Ако споровите не Ве засегаат лично, подобро не влегувајте во нив и задржете ја дипломатичноста.
Младата месечина ќе ја изостри Вашата проникливост. Чувствата Ви расцветуваат, а сте исполнети и со прекрасни идеи. Може да стапите во контакт со луѓе или со човек кој ќе Ви предложи нешто ново и навистина убаво.
Риби – Полната месечина Ви носи новости и на социјален и на професионален план. Вести за зачувување на позициите. Ќе сретнете некоја личност кај која ќе почувствувате силно спротивставување, но сепак ќе се изборите и ќе успеете да ја зачувате сопствената слобода на дејствување.
Младата месечина предизвикува желба кај Вас да остварите нешто сосема ново во Вашиот живот. Имате потреба од обновување на чувствата и блискоста со некого – едноставно сакате да сретнете нов партнер или нови пријатели.
Споделете