ТАЈНАТА НА МЕЛХИОРА

ДОВЕДЕНИОТ БРАТ НА СРЕБРОТО

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Се знае, дека традиционалниот метал на алхемичарите е златото. Имено него безуспешно се обидувале да го синтетизираатмајсторите на ретортата”.Разгледана е меѓутоа  тајната на друг популарен материјална новото сребромелхиора.

          Повеќето луѓе сметаат, дека  мелихиорот е легура од сребро со некаков друг метал. Новото сребро е меѓутоа, само   стабилно на корозија, соединение на  медитот со никелот. Или со други зборови  во мелхиорот нема ни грам сребро. По правило тој содржи 18 проценти никел,  80 проценти  бакар, плус различни  додатоци. Имено, таа легура  се користи  за производство на производи- садови, прибори за хранење  метални монети  и.т.н. Благодарение на своите високи експлотациони својства мелхиорот, наоѓа широка примена  во современото општество. Во минатите времиња, исто така тој метал  разбранувал  имагинација на алхемичарите не помалку од златото. Историјата на мелхиорот н¡ води назад во длабочините на времето и крие големи тајни.

Стариот Ли Лјан Ин се чувствувал лошо. Зглобовите го болеле, главата му бучела и можел да оди, единствено потпирајќи се на патерици. Тој поминал многу години во  манастирите на северна Кина, барајќи ја тајната на вишата хармонија. Друга пасија му била лејарството.

          Ли Лјан Ин ги изучувал сите рецепти на древните мајстори и во совршенството ја усвоил техниката на леењето на бронзата.

          Славата на неговото искуство стигнала до императорскиот дворец. Го повикале Ли Лјан Ин во Пекинг и го направиле главен леар на дворот. Многу години тој правел  фигури на жерави, слонови и желки од бронза, бакар и други метали. Особено му се воодушевувал на желките – симбол на долговечноста и  на жеравите-симбол на мудроста. Секогаш  Ли  Лјан Ин наоѓал  нешто ново, мешајќи ги природните и метални компоненти  во различни пропорции. Така установил, дека легурата од бронза, никел и цинк е особено добра, таа се леела лесно била пластична и ковка.

          Набрзо  после тоа, познатиот полководец и политичар Чужо-Гун, бивш  соработник на малолетниот император, посакал да воведе во државата една метална монета, но во Поднебесната  империја, остро се чувствувал дефицит од злато и од сребро. Затоа Чужо-Гун на придворските алхемичари им наредил да откријат “друг метал, што му е поблизок на среброто”  од други помалку ценети материјали. На тој, којшто ќе го пронајдел тој метал му била ветена голема награда. Ли Лјан Ин, отишол кај малолетниот император  и  му ја покажал својата легура. Чужо-Гун паѓа во восхит и организирал  да се започне производство на тој чудесен метел. Ли  Лјан Ин  и не ја добил ветената награда. Напротив  тој бил изгонет од императорскиот дворец  и нашол  засолниште  во полуразрушена селска куќа населена, само од ветеровите. Стариот леар повеќе не му бил потребен никому  и скоро умирал во мизерија и неизвесност. А славата од откритието на новата легура, којашто била наречена пакфонг, била присвоена од коварот Чужо-Гун.

Така во 8-от век пред новата ера  во Кина се појавиле многу монети  и украси од специјалната легура од бакар и од никел, наречена денес мелхиор. Евтина и здрава, таа го заменила  среброто, лесно се топела и ја примала неопходната форма. Технологијата  по леењето на пакфонгот во Поднебесната империја била чувана така грижливо, како и тајната на свилата.

          Во текот на 13-от век изработките  се нашле во Европа и станале објект на сеопшто внимание. Кинеското сребро, како што тука го нарекувале новиот метал, станало особено популарно среде европската елита. Производите произведени од пакфонг, произведени во Кина, коштале неколку пати поскапо од накитите изработени од вистинско сребро. Најпознатите  алхемичари на стариот континент – Алберт Велики , Парацелзиус и Роџер Бејџн се обидувале да ја разгатнат тајната на “кинеското сребро “, но сите обиди им останале залудни. Сепак тие успеале да установат, дека компонентите на пакфонгот се: бакарот, никелот, но не можеле да добијат таква легура  во индустриски услови.  Затоа и во истражувањето  во таа област,  биле замразени за речиси 300 години.

Одвај во крајот на 18-от век, германските хемичари, повторно се обиделе да ја разоткријат тајната на “кинеското сребро”. Тогаш успешно.  Саксонските инжињери најпосле, успеале да  создадат експериментални  примери од пакфонг. Добиената легура ја нарекле”нојзилбер” т.е. ново сребро. На изглед германското сребро, како и кинеското  било всушност, како вистинско. Се појавиле и негови разновидности “аргентан- нојзилбер” со висока содржина на цинк, и нашол широка примена во механиката.  Истовремено правеле обиди за создавање на легура од  бакар и никал без било какви примеси. Но, во научно-истражувачжкиот процес се  вмешала голема политика. После Наполеоновите војни,  техничката документација  за производство на нојзилбер била однесена, како трофеј во Франција. Во текот на 1812 година во Лион,  двајца инжињери-хемичари Мајо и Шоре,  добиле легура од бакар и од  никел без, какви и да е примеси. Французитте ја нарекле “мајшор”-по почетните слогови од фамилиите на двајцата откривачи. Под тоа име, новата легура ја започнала и победоносната прошетка низ Европа. Тоа, меѓутоа, веднаш предизвикало протестирање на германските научници. Тие се сметале себе си за вистински откривачи на”новото сребро”-пронајфок, што, всушност веднаш бил украдено од Французите.

          Во знак на протест цела Германија “мајшорт” започнал да се нарекува “мелхиор”. Така се нарекувал еден од  човек, коишто се јавил во времето на новородениот Христос во Витлеем. Според преданието, тој се одликувал со голема мудрост и умеел да создава нови метали т.е. бил  првиот алхемичар во светот. “Фонетската војна” не продолжила долго, Германците историски доминирале долго во металургијата, па така и  името “мелхиор”, наместо француското “мајшор”. Во текот на 1825 година германскиот доктор Ее Гејтнер, којшто се занимавал и со предприемништво  открил своја фабрика во Саксонија  и таа станала првиот масовен производител на вилушки, лажици и чинии од мелхиор. Освен прибор од мелхиор, започнале да се прават и џебни часовници, разна бижутерија и.т.н.

          Во текотт на 30-те години на 19-от век, мелхиорот станал најпопуларен метал во Европа. Во споредба со нојзилбера, тој се одликувал  со едноставноста на обработката, со своја поголема стабилност  на корозоја и оксидација, а надворешно бил попривлечен. При тоа мелхиорот можел да биде  покриен со танок слој сребро  или да се украси со сребрен орнамент. Предметите со сребрени украси се нарекувале “аплике”.

          Во дореволуционерна Русија производите од мелхиор биле популарни помеѓу небогатите слоеви од населението- службениците, ситните чиновници, интелегенцијата, занаечиите. Аристократите; дворјанството, традиционално претпочитале вистинско сребро, однесувајќи се кон мелхиорот,  како  кон извозен фалсификат, нешто неквалитетно и ефтино.

          Меѓу другото самото именување  “мелхиор” во Русија, навлегло постепено. Често предметите, изработени од бакар-никелова легура се нарекувани “полско сребро”, “германски карт( количество на благороден метал, злато од 14 карати)”, “сребровит”,”силверовит”. Но, кон средината на 20-от век името мелхиор станало употребливо и денес  е најраспространето и најпопуларно. Зборот “нојзилбер” преминал кон специјални термини, што се користат во металургијата. Кинеското “пакфонг” повторно се употребува во историската литература.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20