ДРВАТА ГО ЗАМЕНУВААТ ТЕЛЕФОНОТ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
“Шумскиот телефон” се користи во планините на Северна Индија, каде што населението треба да помине долг пат по високите планински патеки за да стигне до блискиот град или село.
Во митологиите на многу народи има кажувања за начините на коишто можеме да комуницираме со дрвјата. Освен мисловниот разговор со нив, дрвјата во денешно време непречено ја играат улогата на телефон.
Изгледа дека тие се посредници помеѓу две лица кои се наоѓаат на големо растојание. Телепатското предавање на молба или желба се среќава често по местата каде што луѓето се толку сиромашни што немаат телефон или пак од некаква друга причина се лишени од него.
о книгата “Утрото на маѓосниците” Луј Повел и Жак Берже ја опишуваат следнава приказна:
“Нашиот пријател професорот Пауерс од катедрата по психологија во Утрехт, ги посети Антилските острови за да проучи еден чуден обичај на тукашното население. Ако некоја жена од селото сака да зборува со мажот си кој во моментот е на пат, таа се обраќа кон определено дрво и сопругот веднаш ги дознава нејзините желби.”
“Дрвениот телефон” не е реткост и продолжува да се користи во различни предели на Земјата. Тој си ја врши својата работа во планините на Северна Индија, каде што населението треба да помине долг пат по високите планински патеки за да стигне до блискиот град или село. Кон “Шумскиот телефон” секогаш се обраќаат жени. “Дрвјата не сакаат да комуницираат со мажите, бидејќи тие се убијци” – објаснува еден жител на местото. Меѓу другото, ако во планините се случил некаков престап, врачот веднаш дознава кој е извршителот – дрвјата му го соопштуваат неговото име.
Првиот научник кој решил експериментално да ја провери телепатијата на растенијата е К. Бакстер. Тој подоцна го создал полиграфот, или детекторот на лаги. Преку електродите ставени на лисјата тој открил дека растението реагира на “лоши” луѓе коишто некако го повредиле.
Еднаш неговиот асистент измачувал еден лист со запалка и растението веднаш запаѓало во “ужас” секогаш кога тој ќе се појавел пред него. Тоа реагирало на истиот начин и кога “злосторникот” отпатувал со колата надалеку и мисловно си преставил како го доближува огнот на запалката до лисјата. Електродите на полиграфот за миг реагирале на таа телепатска слика.
Експериментите повторени во многу лаборатории секогаш докажувале едно исто – растенијата одлично распознаваат кој ги сака, кој ги повредува, а кој е рамнодушен кон нив. Тие по којзнае кој пат ја потврдуваат вистината дека животните и растенијата на Земјата се единствен биосистем, еден разум кој предава информации, но проблемот е што ние не ги слушаме. Океанот од информации кој можеме да го осознаеме од браќата кои не ги признаваме – дрвјата и животните, е колосален, но ние сме рамнодушни кон тоа.
Ако беше поинаку никој не би се осмелил да ги сече дрвјата кај ќе стигне, затоа што му пречеле и намерно или пак од негрижа да подметнува пожари. Избликот на болка и безнадежност при масакрот на дрвјата, би го растревожил и сосема би го побркал.
Но сосема е можно информацијата од дрвјата да биде отчитана од човечката потсест и кога ќе се собере доволно негативна енергија, подоцна се преобразува во тешки болести и несреќи за оној што предизвикал болка и несреќа околу себе. На тој начин се потврдува вистината: “Кој вади нож, од нож ќе загине”.
Споделете