ВО ГОЛЕМИОТ СВЕТ НА МИСЛАТА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Постојат повеќе сведоштва за животот на различни луѓе од нивното раѓањепа до смртта. Но има една приказна за патот на човекот од смрттадо повторното раѓање. Таа е раскажана од самиот патник.

          …Да, Огнениот свет – тоа е вистинската татковина на човекот, тоа е неговата земја каде што тој си е “дома”. Тука тој се враќа по патувањето во во земниот свет, во “долината на солзите”, каде што оди како на училиште, за да се учи да собира искуства. Тука самиот човек – неговиот бесмртен дел – преживува, необременет од никого, свој сопствен живот, во целосна соодветност со знаењето и самосознанието до кое успеал да стигне.

          Мисловниот или Огнениот свет се еден голем свет на мислата: првиот е свет на конкретна мисла, а вториот – на апстрактна “огнена” мисла. Ете зошто Мисловниот свет може да се смета за нижа сфера на Огнениот свет. Во вишата сфера подлежи на преобразба целото надлично мислење, т.е. мислите кои се однесуваат на вишата, апстрактна област.

          Вишата сфера на Огнениот свет е место на пребивање на бесмрниот човек. Таа е составена од од три подраздели и човекот останува во едњ или во друг од нив, сообразно со нивото на својата еволуција. На првото, најниско ниво, пребива огромно мнозинство од 60 милијарда души, кои го прават мнозинството од нашето човештво. Тоа неразвиено мнозинство се воздига само до нижата сфера на Огнениот свет, и тоа за миг, откако сите временски обвивки се соблечени.

За еден миг таквата душа се разбудува за сознателност, молневит спомен го осветлува целото нејзино минато и таа ги гледа сите причини за него. Тој изблик на предвидување ја осветлува нејзината иднина и таа ги гледа сите последици кои ќе настапат во нејзината блиска иднина. Тоа е сето кое мнозинството од луѓето се способни да го искусат во таа област на Огнениот свет.

          Но има души, кои за време на своето земско постоење со мислата и благороден живот го подготвиле она семе, чија што жетва се прибира токму во таа област на Огнениот свет. Тука тие започнуваат да го искусуваат вистинскиот живот на човекот, достојното постоење на самата душа, непритеснета од обвивки кои се својствени за нижите светови. Тука човек го разбира сопственото минато и ги разбира причините кои тој сам ги создал, го одбележува нивното заемно дејство и последиците кои проистекуваат од нив и како да гледа нешто од нивните влијанија врз животот што му претстои.

          Во следната, втора област на Огнениот свет се наоѓаат сразмерно најголем број души со висока еволуција, кои се појавуваат за време на нивното престојување на Земјата со вродена култура и природна префинетост. Тоа се душите кои за време на своето земно постоење ја посветиле целата своја енергија на вишиот умствен и карактерен живот, за нив веќе нема обвивка, која го сокрива минатото, нивното помнење е совршено и непрекинато. Во третата највисока област се наоѓа бесмртното Јас на Учителите и посветените (Адептите) и нивните најблиски ученици.

ШТО Е ТОА ЈАС?

          Јас доживеав неколку умирања, соблекувајќи ги од себе, во определени интервали од време, една по друга сите свои временски обвивки: физичкото и етерното тело, потоа телото на чувствата и на крајот телото на мислата. И сега останав сам со себеси, без да имам повеќе што да отфрлам, значи неумирачки, значи бесмртен, вечен… Што е тоа бесмртно вечно Јас?

          Тоа е троделно. Највисокиот дел – тоа се частица од божественото, искра на духот – Огнот, Зракот на Апсолутот: на Исток таа се нарекува Атма. Тоа божествено јадро е затворено во Будхи – духовната душа, духовниот разум, “телото на блаженството”, тоа, кое се нарекува “срце”, способноста за прозорливост, способноста да проникнуваш во суштината на нештата преку моментно озарување – интуиција или чувство.

          Соединувањето на Атма и Будхи образува “зрно на духот” – божествена вечна монада. Тоа огнено зрно на духот е неуништливо и непроменливо, ненарушливо и вечно. Тоа е еднакво кај сите луѓе, тоа е неосознаена основа на секој човек.

          Околу зрното на духот се натрупува и расте сознанието на човекот – Манас или “мислител”. Тоа е вишиот разум, умот на асптрактното мислење, “умот на идеите”, самосознанието. Тој соодветствува на логиката на огнената синтеза, озарена од светлината на интуицијата.

Тоа е непропадлива ризница на сите резултати од животните искуства и преживувања, достојни за сочувување. Во неа се чуваат еднаш придобиените умствени и карактерни квалитети – инаку тие не би можеле да раснат. Атма, Будхи и Манас заедно го образуваат бесмртното Јас на човекот.

          Тој Вечен човек, индивидуализирано божествено Јас е дејствувачко лице во телата, во кои е облечен. Неговото присуство дава чувство за Јас еднакво на телото и на душата. Бидејќи самосознателно, тоа Јас често лажливо се поистоветува со онаа од обвивките кои дејствува најенергично.

          На пример кај чувствениот човек неговото Јас се слева со физичкото тело и со природата на желбите (финото тело): од тоа тој ги извлекува своите радости и се разгледува себеси и тие тела како едно цело, зашто целиот негов живот е во нив. За научникот целото негово Јас се определува од разумот, зашто од неговата дејсност произлегуваат сите радости на научникот, во него е сосредоточен целиот негов живот. И само малкумина умеат да се воздигнат до апстрактните височини на духовната филозофија и да го почувствуваат вечниот Човек како свое вистинско Јас.

          Влијанието и дејствувањето на Вишето Јас врз неговите тела се нарекува “совест”, кога станува прашање за карактерност и “изблици на интуиција”, кога тие го просветлуваат интелектот. Ако последните се толку постојани, што стануваат нешто вообичаено, нивната севкупност се нерекува “гениј”. И секој од нас го носи во себеси тој всленески трезор, тој Оган, единствен и непроменлив за целата Вселена!

          Тој Вечен Човек нема непосредни пројави во нижите светови. Затоа тој има потреба од проводници – тела, соодветни на световите во кои тој се пројавува. Севкупноста на минливите обвивки преку кои човекот дејствува во Мисловниот, Емиционалниот и Физичкиот свет, на Исток се нарекува “личност”. Тие се создаваат за секое земно отелотворување.

          А вишата триада Атма – Будхи – Манас, тоа е бесмртното дрво кое откинува од себе личности (слично на лисјата во пролетта, летото и есента на земниот живот) се нарекува “индивидуалност”. Таа живее вечно – се облекува во тела и ги соблекува така, како што човекот од себе ја соблекува старата и ја облекува новата облека. Таа е вечен собирач на достигнувањата на мноштвото отелотворувања.

          Процесот на излегување од физичкото отелотворување, наречен смрт, не преставува никаква разлика за индивидуалноста. Отфрлајќи ги сите тела, Вечниот Човек останува сам со себеси. И тогаш тој повторно е во својот дом, иако всушност не го напуштил своето престојувалиште. Тој само сосредоточувал дел од свеста и волјата со помош на проводници од нижата материја.

          Човекот живее и ја пројавува својата дејност во три света: во физичкиот со постапките, во финиот со желбите, во мисловниот со мислите. За секој од тие светови човекот поседува тело или проводник на сознанието од материјата на тој свет и за комуникација со него. Човекот ги користи тие проводници за поголем или помал рок од време, а кога ќе престане да има потреба од нив, тој ги отфрла од себеси.

          Тоа, кое ние го нарекуваме живот и смрт, за индивидуалноста е само времено насочување на дел од нејзината свест кон пониските светови, а потоа враќање на свеста кон повисоките светови. Смртта е само промена која го ослободува човекот од најтешката од сите вериги, смртта е само раѓање за поширок живот, враќање по кусо прогонување на Земјата во вистинското престојувалиште на човекот – премин од темнината кон слободата на небесниот простор. Смртта е “најголемата од земните илузии” смрт нема, има само промена на условите на живот.

СЕ ПОДГОТВУВАМ ПОВТОРНО ДА СЕ РОДАМ

          Кога заврши рокот на мојот престој во Огнениот свет, за мене, како и за секој Мислител дојде моментот на јасновидство. За еден миг јас го видов своето минато и причините, создадени во тоа минато кои ќе дејствуваат во мојата иднина и општите црти на моето следно отелотворување се разоткрија пред мене без обвивка. Секој кој пристапува кон нов земен живот, има искра на просветление, кога разбира каков товар те тера да преземеш едно или друго искуство – така се обусловуваат задачите на земниот живот.

          Што те тера да се вратиш на земјата? Космичкиот закон: како што гладот го тера гладниот кон храна, така законот за отелотворување го насочува готовиот дух кон рокот на отелотворувањето. Настапува моментот кога тој остро започнува да го чувствува магнетното привлекување кон земното отелотворување, бидејќи само Земјата е местото каде трансмутираат нашите енергии и се добива обновување и натрупување на нови.

          Високиот дух не се противи на природната смена на битието, тој се радува на можноста да усовршува една нова страна од својот живот! Тој помага да најде тешки задачи, за да го искуси преку нив обновеното сознание. Високиот дух се стреми кон тежок пат.

          Не е лесно да дојдеш од вишиот свет до земните сфери. Тоа нуркање може да се спореди со работата на нуркачите. Како што нуркачот треба да облече тежок костум, за да се спротистави на притисокот на океанот, така оној кој доаѓа на Земјата, треба да се облече во тешко физичко тело.

          Искусниот пливач од високо се фрла во длабоките води, враќајќи се на површината, тој чувствува смелост и радост. Така и сознателниот дух се потопува во материјата на физичкото тело, за потоа пак да се воздигне во високите сфери. Опитот го прави радосно тоа искуство.

          И ете, кога ми заврши рокот на пребивање во Огнениот свет, јас се спуштив во Мисловниот свет. Јас одвоив извесен дел од енергијата во вибрација, кои кон мене ја привлекоа материјата на Мисловниот свет – и ме облекоа со неа. Од неа со помош на Вишите природи јас изградив тело на мислата за започнување на нова глава од вечната приказа на мојот живот.

          Кога беше изградено телото на мислата, јас заедно со тоа тело се спуштив во Финиот свет. Моите енергии, насочени кон надвор, ја собраа околу мене, исто така, материјата на Финиот свет. Од таа метерија беше изградено моето фино тело – телото на желбите.

          Потоа јас го изградив етерното тело од етерната материја на Физичкиот свет. Етерното тело е точна копија на идното физичко тело или поточно негов оригинал, бидејќи постои порано од физичкото. Последново во утробниот стадиум точно го копира.

          Кога сите тие обвивки беа создадени, настапи моментот за моето физичко раѓање. Високо развиениот човек кој живее со вишото сознание, сам го избира семејството во кое треба да се роди. Кај неразвиени луѓе тоа прашање се решава од Господарите на Крамата. Тие го определуваат семејството и условите во кои таков човек треба да се роди, раководени од желбите и стремежите кои човекот ги пројавил во изминатиот живот, поинаку кажано, од последиците кои тој ги создал.

          Физичкото тело му се дава на секој човек од неговите родители, при што тие можат да му ја дадат само физичката наследност – карактерните особиности на расата и нацијата, во кои човек повторно се раѓа. Тоа е единствената наследност која човек ја добива од родителите – с# останато во новиот живот тој донесува сам. Умствените и карактерните квалитети не се предаваат од родителите на децата.

          Така генијалноста не е наследна – не се предава од татко на син. Наместо да биде завршеток на постепено усовршуваното семејство, генијот се појавува совршено ненадејно. Ако има потомство, тој му ги предава само телесните квалитети, а не духовните – детето на генијот често се раѓа глупаво, а обичните родидетли му даваат живот на генијот.

(крај)

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20