ЗОШТО РЕЛИГИЈАТА Е ПРОТИВ ЖЕНАТА?
ПО ТРАГИТЕ НА –
ИЗГУБЕНАТА СВЕТА ЖЕНСТВЕНОСТ
Пишува. Илија Бошков – Крајнички
Постоеле епохи кога луѓето не чуле за изгубениот рај на првите луѓе и за гревот на неговиот прв претставник од женскиот пол – Ева. И токму поради тоа тие епохи биле блаженство и спокој. Недостасувала безмилосната жестокост карактеристика на патријалхалниот живот, кој се развил пред неколку илјади години и станал религија на машката доминација над жената, проповедајќи страв од Бога и потчинување на жената на мажот.
Така започнала нова ера во духовниот и материјалниот живот на човештвото кое тргнало по стапките на потчинувањето и верата во крстот. Резулталтатот постигнат од овие усилби наметната од Црквата довел до речиси целосен заборав на старите времиња кога социјалната ролја и функција на жената била сосем поинаква. Во различните пројави на традиционалната обредност на паганските ритуали се назира мистериозната суштина на верата исповедана во чест на божественото женско начело. Оваа древна вера била распространета речиси во сите краишта на Римската империја, но и во другите древни цивилизации како Египет, Грција, Персија..
.
Иако постоела во различни култури под разни имиња, несомнено е дека тие ритуали и обреди се извршувале во чест на Големата Богиња Мајка, почитувана преку светиот акт на ритуален сексуален контакт – хиерогамијата чие значење го симболизирало чудото на создавањето преку магијата на љубовта. Женската сексуалност исто така го симболизира и плодородието но и она што според христинаството се сметало за сатанско – древниот рогат бог Дионисиј – Бафомет.
ГОЛЕМАТА БОГИЊА МАЈКА
Од древната човечка култура првичната идеја за божественото несомнено била идејата за Големата Богиња Мајка. Во Стара Европа се откриени огромни количини нејзини цртежи и статуи во периодот од 6.500 до 3.500 г. п.н.е. Во Западна Европа тие цртежи се појавуваат од 4.500 до 2.500 г. п.н.е. и ги има во помало количество. Во сознанието на човекот од епохата на матријархатот богињата е претставена како троединен лик – мајка, девица и старица.
Но бидејќи Старата Религија е култ на Месечината, тогаш на учениците им се објаснувало дека секоја од месечевите фази соодвествува на еден од ликовите на богињата: мајка, девица, старица, маѓосница.
И кога на небото се појавувал тенкиот месечев срп, тој ја симболизирал невината девица. Полната Месечина ја олицетворувал мајката, а намалувачката месечина – старицата. Темната (празна Месечина) ја претставува маѓосницата, понекогаш ја нарекуваат искусителка.
Ликот на мајката несомнено е еден од највпечатливите и најпостојани од сите ликови на богињата. Таа се јавува како најцелосното олицетворение на женскиот принцип. Мајката – тоа е таинствениот сад од кој произлегува с# живо во во светот. Нејзиниот главен атрибут е плодноста. Во најдревните времиња била позната и како мајка која не само што давала живот, туку и го земала назад. И бидејќи раѓањето и животот се поврзани со многу нишки со смртта и разурнувањето, ликот женската на утробата која дава живот на крајот се трансформира во лик сегледачко око на другиот свет. Така Постепено започнале да сметаат дека Богињата Мајка има власт над светлината и темнината. Пештерите како првите и најдревните симболи на Богињата Мајка се симбол на женската утроба и на гробот. Имало период во кој службите на Богињата биле исклучиво во пештерите. Во древните пагански времиеа мајката се прикажувала со огромно гради и крупно тело кои го симболизирале изобилството.
Во древната уметност било прифатено да се прикажува како Богињата го дои своето дете со маска на лицето. Тоа било маска на мечка или змеј. Децата исто така изгледале како мечиња или новородени змејчиња. Божествените деца се симбол на бујното расцутување во пролетно зеленило на обновувањето. Куриозитетно е дека според сите познати митови биле посвојувани или воспитувани од други жени. Истото се случило и со Дионисиј кој бил грабнат од Хера и воспитан од госрките нимфи. Богот на плодородието бил познат и како љубовник и како син на богињите. Во неолитот неговите симболи биле фалусот и габата. Обично бил прикажуван како рогат бог, прч или бик.
Ако се соберат сите докази натрупани за стотина години може да се заклучи дека пројавата на религиозната екстаза биле норма за живот во сите претхристијански цивилизации. Богињата мајка и нејзините свештеници биле живо отелотворение на единство на телото, разумот и духот. Тие цивилизации не го одвојувале телото, духот и материјата.
Идејата за “свет брак” се состои во ритуалното заедништво на богот – маж со богињата – жена. Обично древните култови и прикази на рогатиот бог биле како млад човек со фалус во ерекција или како старец со опуштени гениталии. Интересно е дека многу од тие прикази биле намерно погребани заедно со приказите на Големата Богиња. Може да се смета дека во древна Европа култот на Големата Богиња Мајка преживеал како култ кон Артемида односно Дијана – богињата на ловот и раѓањето.
ГОЛЕМАТА МАЈКА – ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Во христијанството Големата Богиња Мајка се перобразила Дева Марија, односно Пресвета Мајка Богородица.
Кај нашиот народ во релативно кус период се прославуваат два големи православни празници во чест на Големата Мајка, најпрво на 28 август Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, а три недели подоцна на 21 септеври: Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица.
Зошто најпрво се слави Нејзиното упокоение и успение на Небото, а потоа нејзиното раѓање – останува мистерија. Но најпрво да видиме како според црковното предание се случило раѓањето на Марија Дева.
Праведните Јоаким и Ана педесет години живееле во брак и биле неплодни. Живееле побожен живот: од сите свои приходи една третина задржувале за себе, втората ја давале на сиромаси, а третата ја жртвувале на храмот. Еднаш кога отишле во Ерусалим за во храмот да принесат дар, ги укорил првосвештеникот Исихар, велејќи му на Јоакима: “Ти, не си достоен од твоите раце да се прими дар, бидејќи си бездетен “. Така и другите луѓе кои имале деца, го туркале Јоакима зад себе како недостоен. Тоа многу ги ожалостило овие праведни души, та со голема тага се вратиле во својот дом и паднале во молитва кон Бога, врз нив да направи чудо, како некогаш над Аврама и Сара и да им подари чедо за утеха во староста.
Бог, семоќен и севидлив ги израдувал со радост што далеку ги надминала сите нивни очекувања и најубави соништа. Им испратил Свој ангел кој им го објавил раѓањето на “ќерка Преблагословена со која ќе се благословат сите народи на земјата и преку која ќе му дојде спасение на светот”. И веднаш Ана зачнала и по девет месеци ја родила Дева Марија.
Сето тоа се случило според Божја промисла и според пророштвата, зашто Јоаким бил од племето Давидово, а Ана од родот Аронов. И така, Марија по татко била од царски род, а по мајка од родот архиерејски, и со тоа се исполнило претскажаното дека од неа ќе се роди Цар и Првосвештеник.
Бог им дарувал не само ќерка, туку и Богомајка; ги озарил старците не само со привремена радост, туку и со вечна. Даруваната од Бога, ќерката на Јоаким и Ана е Благодатната Марија, благословена меѓу жените, храм на Духот Свет, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светињата Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на родот женски, источник на девството и чистотата…
Родена е во Назарет, а после 3 години одведена во храмот ерусалимски, од каде повторно се вратила во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на св. архангел Гаврил за раѓањето на Синот Божји, спасителот на светот, од нејзиното пречисто и девствено тело.
Свети Дионисиј Аеропагит, кој ја имат таа среќа да ја посети св. Богородица додека живееле во Ерусалим, ја опишува нејзината безмерна блаженост и блескањето однадвор и одвнатре и неописливата благопријатност која тој ја осетил во нејзиното присуство. Во своето воодушевивање тој вели дека кога на би го познавал единствениот вистински Бог, тој неа, света Дева Марија, би ја признал за Бог. Таков силен и необичен впечаток оставала Таа на луѓето уште за врема на својот телесен живот на земјата. Неспоредливо поголема сила и слава пак таа добива по нејзината телесна смрт, кога по волјата Божја е возвишена над Ангелските сили. Нејзината сила доаѓа од непрестајните молитви кон Бога за верниците, за сите оние кои & се обраќаат за помош.
Како што била сочувствителна кон распнатиот свој Син, така св, Пречиста е сочувствителна кон сите неволни, кои & се обраќаат нејзе за помош. Чудата на нејзината милост се многубројни и присутни преку целата земја, па и на овие наши простори.
Денот на нејзиното раѓање кај нас се слави и како Празник и на св. Богородица Калишка, во чест на чудата што се случувале во манастирот на св. Богородица, близу до струшкото селото Калиште. Тука св. Богомајка ја покажала својата сила и милост низ многубројните чудесни исцелувања. Многумина болни биле исцелувани чудотворно, а разбојниците кои намислувале да го ограбат и оскрнават манастирот, биле казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа чудотворна икона на св. Богородица, но не само тука, чудотворни икони и исцелителни води има и во други цркви и манастири во Македонија, а исто така и на многу места низ целиот православен свет.
Споделете