ДУХОВНИТЕ РАСИ МЕЃУ НАС

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Кога се прашуваме зошто сме толку осамени и толку често неразбрани, тешко ќе претпоставиме дека одговорот е многу лесен. Сами сме затоа што не секогаш среќаваме сродни души. А тоа е така затоа што луѓето припаѓаат на различни духовни раси.

Чистата и силна душа го преминува прагот на смртта необременета од стравови. А што ја очекува после тоа? Според универзалниот принцип, сличностите меѓусебно се привлекуваат, т.е. бесмртниот дух ќе навлезе во световите слични на неговата вибрација. Со други заборови, во следниот живот ќе бидеме таму каде кармата ќе н# одведе. Ќе се населиме во тело или пространство кое самите ќе ги избереме привлечени од оние од кои треба да ги научиме кармичките лекции.

Преминот зависи од сегашниот живот во човечкиот свет. Кога се прашуваме зошто сме толку осамени и толку често неразбрани, тешко ќе претпоставиме деке одговорот е многу лесен. Сами сме затоа што не секогаш среќаваме сродни души. А тоа е така затоа што луѓето припаѓаат на различни духовни раси.

Источните учења наведуваат шест раси, меѓу кои нема ништо заедничко.

ЗЕМНИ БОГОВИ

Тоа се највозвишените. Ги привлекува уметноста и сетилните сензации. Тие се привлечни, талентирани, харизматични. Избираат професии како: писатели, уметници, поети, музичари, актери. Парите, кариерата и власта не ги привлекуваат, материјалното им е туѓо… Имаат силна енергија и екстрасензорни способности. Се чувствуваат еднакво добро во различни услови. За нив видливото е само глина од која ја вајаат реалноста. Ја бараат светлината во секое нешто и ја создаваат таму каде што не ја наоѓаат. Боговите не сакаат да критикуваат и да судат, интригите им се туѓи. Тие се над нивото на логичките созданија и ги претпочитаат ирационалните приоди, невообичаените интуитивни решенија, широките погледи. Не се стремат кон раководни позиции, тешко го поднесуваат секој обид за власт и насилство. Имаат сочувство и љубов, ги разбираат сите и им помагаат на сите.

Земните богови го ценат повеќе внатрешниот свет, затоа понекогаш се самоизолираат, а често запаѓаат во заблуди и неосновани стравови. Едни стануваат познати личности, други – бегаат од славата. Страдањето им е познато, иако го прифаќаат само како лекција. Обичните луѓе ги изолираат од своите друштва, им завидуваат без да разберат зошто, се стремат да ги понижат – и физички и емоционално.

Боговите на земјата претпочитаат светли тонови. Најсакани бои им се белата, златната, нежно виолетовата и розовата. Кога се во конфликт, често се облекуваат во црно. За нив надворешниот изглед не е цел сама за себе, не &   придаваат значење на облеката, не се трудат да изгледаат забележително и да привлекуваат внимание. Приодот им е спокоен, зрачат со достоинство и предизвикуваат респект.

ДЕМОНИ

Се нарекуваат Асури – демонски суштества. Борбата, политиката, ризикот, спортот, дисциплината и логиката се нивната природа. Тие се енергични, егоцентрични, нарцистични. Индивидуалисти се до крајност, не се потчинуваат на туѓа волја. За себеси се врвна инстанца, друга вистина освен нивната – не постои. Во човечките заедници заземаат врвни места. Тие се политичари, офицери, полицајци, шпиони, разузнавачи. Надворешноста им е погруба од онаа на боговите. Сакаат црна и сребрено сива боја.

ОБИЧНИ ЛУЃЕ

Обичниот човечки свет е под нивото на Асурите. Најважна карактеристика им е да се приврзат силно кон други суштества, кон предмети, пари, власт. Често развиваат мании и психози на тема приврзаност. Основен приоритет им се објектите на нивните чувства – љубовници, блиски, материјални придобивки. Ја избегнуваат осаменоста, која пак не ги плаши боговите и демоните.

Овие луѓе немаат потреба да реализираат какви и да било творечки планови. Главното за нив е високиот стандард на живот, материјалното удобство. Често се обидуваат да ги имитираат боговите, но немаат ниту сопствен вкус, ниту неопходни квалитети. Ете зошто стануваат робови на масовни движења или модни тенденции.

ЛУЃЕ ЖИВОТНИ

Тие се едно ниво под обичните луѓе. Во нив доминираат инстинктите. Не се привлечни. Страдаат од мании за самоодржување, развиваат хипохондрии. Многу се зависни и загрозени од надворешни фактори – луѓето од нивното опкружување, времето, парите, материјалната сигурност. За разлика од нив, боговите и асурите се многу понезависни.

Животните се рамнодушни кон туѓото мислење, непогрешливо ја препознаваат физичката закана. Наклонети се кон интриги, лицемерие, остри конфликти, критичност кон другите. До ова ниво често паѓаат боговите – жртви на стравови и мрзеливост. Сознанието за боговите кои се оддаваат на страдање се буди токму тука, меѓу луѓето-животни.

ГЛАДНИ ДУХОВИ

Една скала подолу се Претите – гладните или талкачки духови. Тие се силно приврзани кон материјалното, поседуваат постојана жед за задоволства и постојано се незадоволни. За нив духовните искуства се недостапни и несакани. Не поседуваат сочувство и не ги разбираат туѓите слабости. Повеќето од нив се енергетски вампири и постојано се во потрага по донатори меѓу блиските и пријателите. Надворешноста често им е одбивна и груба. Приодот им е тежок, често имаат садистички сексуални склоности

.

АДСКИ СУШТЕСТВА

На најнизок степен на свест се адските суштества. Ќе ги препознаете по моќниот низок глас со метални нотки и негативното зрачење. Подготвени се на с# за да предизвикаат страдање, се насладуваат на насилството, ја обожуваат туѓата болка, а понекогаш и сопствената. Сакаат да убиваат – независно што и во какви и да е околности. Перверзијата е нивната втора природа. Првата е насилството.

И покрај тоа што ова се само општи типови, лесно е да забележите кон кој тип припаѓаат луѓето околу Вас. Можеби токму тука е одговорот зошто едни луѓе необјасниво н# привлекуваат, а со други сме во постојана војна.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20