ОБИД НА ПОРАНЕШЕН СОГРАЃАНИН,
ДА МЕ ДИСКРЕДИТИРА –
ПО ПАРТИЈСКА ЗАДАЧА!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
На еден мој постиран текст, од мојата веб страна – имаше обид од поранешен сограѓанин од Кочани, кој не е достоен и името да му го спомнам – зато го само блокирав, да не го нервираат моите текстови. Се обиде да ме исмее што порано сум работел како конобар во „Турист“ подоцна во „Кочанскополе“, прашувајќи од каде сум спаднал, од осоговските планини. За жал, не можам да те наречам поранешен сограѓанинин, со таков вакабулар во Кочани ги нарекуваат „ТЕШКИ ШОПЈА“! Точно е, работев како конобар, од тоа не се срамам. Но, работејќи како конобар вонредно студирав во Белград на Југословенскиот Институт за Новинарство, дипломирав како најдобар во класа!
Немав услови за редовно студирање, мајка ми покојна не можешеда ми го овозможи тоа – бев дете на разведени родители. Пишаниот збор и Божјот Благослов ме одвои од уличното училиште. За информација за поранешниот сограѓанинин, не сум од „спаднат од осоговските планини“ татко ми е Велешанец, мајка ми од Зрновци,каде и јас сум роден – горд сум и не се срамам од моето родно село Зрновци. Не си достоен да те наречам поранешен сограѓанин, ќе те наречам по кочански „ТЕЖОК ШОП“ – погледни што имаш остварено со твојата интилгенција – со недозреаните мозочни клетки.
Јас, на 23 години ја издадов првата книга поезија, на 5 години знаев да читам и пишувам, на 8 години ја објавив првата песна. Автор сум на 3 книги поезија, на единствената професинална книга за астроогија „АСТРОЛОШКИ БУКВАР„. Имав сопствен медиум „ХОРОСКОП“ кој излегуваше 18 години без дотации и реклами, од кои 12 години на два јазика. Водев емисии на Македонска, А1, Амазон, Зора, Орбис, настапи на ТВ НАША, Тера, ТВ Сител….. Во 1998 година „Македонска Телевизија“ сними документарна емисија за мене „МАКЕДОНСКИОТ НОСТРАДАМУС КРАЈНИЧКИ“ режисер беше г-дин Аљоша Симјановски!
Ао не бев конобар, немаше ово да го постигнам – морав да работам за да можам да учам, студирам.. да создавам од моето име БРЕНД КРАЈНИЧКИ!
Споделете