КАКО ДА ГО ПОЛЕЕМЕ –
ЦВЕЌЕТО НА СРЕЌАТА
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
За да нурнеме во енергијата на среќниот живот потребно е само малку – да го примиме бранот на радоста и …да си купиме цвеќе.
Ви предлагаме една навистина волшебна техника, заснована на елементи од древните духовни пракси и постигнувањата на современата психологија. Неколку прости ритуали ќе ни помогнат да ги пренасочиме нашите мисли од лоши во позитивни и да се напоиме со брановите на радоста од околните и од вселената.
-
чекор
ДА ДОЗВОЛИМЕ ЧУДОТО ДА СЕ СЛУЧИ
Постојат два волшебни збора “дозволувам” и “забранувам”. Преку енергетиката на овие два збора може да се случи нешто убаво и да се отстранат пречките.
ВЕЖБА
Наутро веднаш откако ќе се разбудите, треба јасно да ја искажете, на глас или во мислите, следната фраза: Денес ќе се случат три чуда! Чкрапнете со прстите на двете раце и при тоа уверено кажете: Дозволувам! Потоа втор пат чкрапнете со прстите и речете:
Забранувам пречки!
Така почнуваме да се подготвуваме себеси и Вселената за волшебното взаемодејство. Вечерта ги запишуваме во специјално тефтерче чудата коишто ќе се случат преку денот. Обидете се да се сетите на сите мали нешта коишто Ве натерале да се израдувате и насмееете: можеби Ви се јавил стар пријател по телефон, сте сретнале човек за којшто сте се потсетиле, детето добило добра оценка, сонцето се покажало зад облаците веднаш штом сте излегле од дома… Сето ова може да изгледа како чудо. Чудо е и тоа што утрината сте ја кажале волшебната фраза, затоа што порано сте го започнувале денот сосема поразлично.
ЧЕКОР2
ДА СОЗДАДЕМЕ ОКОЛУ СЕБЕ ПОЛЕ НА СРЕЌА
Одиме во цвеќарница и избираме најубави темјанушки, се разбира во саксија. Дома саксијата ја ставаме во собата каде што престојуваме најмногу. За да може таа темјанушка да стане нашата волшебна помошничка, треба да ја поливаме на специјален начин: секое утре и вечер во текот на 21 ден капнуваме во земјата точно по 21 капка со пипета (ако сметате дека е нужно, потоа може да ги полите и како вообичено). Полевајќи со пипетата треба да кажете на глас или во мислите: “Јас сум тој којшто го полива цвеќето на среќата”. Со тоа ново име може да се наречете себеси по неколку пати на ден, особено кога сте во некоја ситуација којашто предизвикува негативни мисли. Целта на овој ритуал е да ја неутрализира енергијата на сите разочарувања коишто Ви се случиле во личниот живот. Цвеќето исто така чисти од енергијата на околниот простор, ослободувајќи во него место за позитивни, среќни случки. На истиот начин можете да ја поливате темјанушката за создавање нови односи или за да ги подобрите односите со партнерот.
ЧЕКОР 3
ДА ЈА ПОВИКАМЕ ЕНЕРГИЈАТА НА УСПЕХОТ
Кога ќе видиме носител на машка енергија (може да е бебе од машки пол, бизнисмен во луксузна кола, шоумен којшто се насмевнува од екранот или старец просјак), треба да кажеме на глас или во мислите: Јас го сакам овој маж…И овој го сакам … и овој! Ако сретнете група војници, кажете го истото: И овој, а и овој! О, јас ги сакам сите!
Така во мислите ја поздравуваме машката енергија во секој сретнат маж во текот на една седмица. Во следната седмица кажуваме нешто поразлично: Овој маж ме сака! И овој, и овој… Во третата седмица велиме: овој маж ме сака и јас го сакам него!
Сите овие ритуали го менуваат нивото на вибрациите коишто излегуваат од нас, ни ги насочуваат мислите во позитивна насока и најважното: & даваат на вселената до знаење дека имаме намера да & испратиме радосна енергија со нашите емоции.
Во случајот на некои желби резултатот доаѓа брзо, уште при крајот на триседмичниот рок. А оние коишто сакаат да ја пробијат густата енергија на долгата осаменост, треба да одгледаат не една, туку неколку темјанушки и периодично да ги повторуваат останатите ритуали. Оти за да се материјализира во во пространството желбата требе време исто колку и за цветањето.
Честопати не го постигнуваме посакуваното затоа што ни недостигаат трпение и последователност. Обидете се да & ги покажете на вселената зрелоста на своите намери и готовноста да станете волшебничка, авторка на сопствената среќа.
Споделете