САМИ ДО СВОЕ ЧУДО –

ВОЛШЕБНОСТА НАЈАС СУМ!

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Како со концентрирани позитивни мисли својот живот да го направиме покреативен и посреќен? Правилата се едноставни, и вложените напори да ги научите и да ги спроведувате, изобилно ќе бидат наградени

          Многумина од нас се свесни дека во нашите глави речиси без прекин се одвива внатрешен дијалог. Разумот е зафатен со “разговор” со самиот себе си. Тој дава бесконечни објаснувања за животот, за светот, за нашите чувства и проблеми, за однесувањето на другите луѓе итн. Зборовите и претставите кои минуваат низ нашето размислување се многу важни.

          Овој тек на мислите воопшто не го забележуваме свесно, а начинот на кој ја осознаваме нашата стварност произлегува од тоа што “интимно себеси си раскажуваме”. Ова внатрешно коментирање влијае на нашите забележувања и нашиот систем на мислење, во краен случај, е одговорен за она што ни се случува и тоа што го доживуваме.

          Насочувајќи се кон афирмациите, ова брборење во својата глава, можеме да го замениме со позитивни идеи и мисли. Оваа ефикасна техника може за кусо време целосно да ги измени нашите ставови и очекувања во однос на животот, и со тоа да го измени од корен.

Афирмација на латински значи: потврдување, засилување, согласност, сигурност. Секоја афирмација е искажана решително и подразбира дека нешто веќе сега е така.

Афирмациите можат да се извршуваат молчешкум (во себе) или да се изговараат, да се пишуваат или пак дури и да се пејат. Ефикасните афирмации кои се практикуваат само 10 минути дневно, можат да ги изменат повеќегодишните навики и размислувања. И, се разбира сопствената стварност и свест ќе ги менуваш кон позитивно само доколку цврсто се насочиш кон позитивното и бираш најпозитивни и инспиративни зборови и мисли.

          Секој израз може да биде афирмација, било да е воопштен или прецизно дефиниран. Постојат неограничен број можни афирмации. Ќе наведеме неколку, за да може да се стекне претстава за нив:

СЕКОЈ ДЕН, ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД, МЕНЕ МИ Е СЕПОДОБРО!

СЕМИ Е ЛЕСНО И СЕВРШАМ БЕЗ МАКА!

ЈАС СУМ ГОСПОДАР НА СВОЈОТ ЖИВОТ!

–  ЈАС СУМ ЦЕЛОСЕН И СОВРШЕН!

СЕ САКАМ СЕБЕ СИ ТАКОВ КАКОВ ШТО СУМ!

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ САКАМ СЕБЕ СИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ МОЖАМ ДА ГИ САКАМ ДРУГИТЕ!

ДАВАМ И ПРИМАМ ЉУБОВ СО ОТВОРЕНО СРЦЕ!

МОЈОТ ОДНОС СО (се наведува името) СЕКОЈ ДЕН Е ПОДОБАР И МЕ ИСПОЛНУВА СЕПОВЕЌЕ!

ЈАС СУМ ОТВОРЕН КАНАЛ НИЗ КОЈ ТЕЧЕ ТВОРЕЧКА ЕНЕРГИЈА!

СО ДРУГИТЕ КОМУНИЦИРАМ ЈАСНО И ОТВОРЕНО!

СЕКОГАШ ГО ПРАВАМ ТОА ШТО ТРЕБА!

КОЛКУ ПОВЕЌЕ ИМАМ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ МОЖАМ ДА ДАДАМ!

КОЛКУ ПОВЕЌЕ ДАВАМ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАМ И ЗАТОА СУМ СРЕЌЕН!

УЖИВАМ ВО СЕШТО ПРАВАМ!

ЈАС СУМ СРЕЌЕН И БЛАЖЕН ШТО СУМ ЖИВ!

ЦЕЛОСНО СУМ ЗДРАВ И УБАВО ИЗГЛЕДАМ!

СЕВО МОЈОТ ЖИВОТ СЕ РАЗВИВА КОН ДОБРО!

ЈАС СУМ ПРЕКРАСЕН, ЈАС СУМ ЧУДЕСЕН, ЈАС СУМ БОЖЕСТВЕН!

          Во однос на афирмациите, треба да се поведе сметка за следните важни поединости:

  1. Афирмацијата секогаш се формулира во сегашно време, а не во иднина. Појди од тоа дека нешто што го посакуваш веќе сега постои. Не вели: “Ќе добијам одлично работно место!” туку: “Јас имам одлично работно место!”. Со тоа не се лажеш самиот себе си, туку прифаќаш дека сите работи постојат најпрво на мисловнодуховно ниво, пред појавата на објективната реалност.

  2. Афирмацијата треба да се формулира што е можно попоттикнувачки. Изрази го она што го сакаш, а не она што не го сакаш. Немој да велиш: “Веќе не сакам наутро да се успивам!” туку: “Секој утро станувам навреме полн со енергија”.

  3. Правилото гласи вака: колку е покуса и поедноставна афирмацијата, толку е поефикасна. Афирмацијата треба да биде јасна изјава која овозможува појава на интензивно чувство. Колку чувството е посилно, толку посилно ќе биде втисната афирмацијата. Афирмациите кои се долги, разлеани и шпекулативни ја губат својата сила.

          4. Секогаш бирај афирмации за кои ќе почувствуваш дека се вистински за тебе Она што е добро за еден човек, не значи дека е добро за друг. Афирмациите мораат да бидат инспиративни, ослободувачки и полни со поддршка. Ако афирмацијата со која работиш нема такви одлики, обиди се да ја прилагодиш и да ја смениш

.

Нормално дека секоја нова афирмација, дури и ако е вистинска за тебе, најпрво ти создава отпор. Тоа особено се случува ако таа афирмација треба да доведе до битни промени во твојата свест. Тоа е вообичаен почетен отпор на твоето “јас” во однос на промената и развојот. Но, не се откажувај.

  1. Кога ја извршуваш афирмацијата, интензивно труди се да создадеш атмосфера на увереност. Верувај твојата афирмација е вистинита! Одвреме – навреме исфрли ги своите сомневања и вклучи ја својата емоционална и интелектуална енергија во афирмацијата.

Афирмациите не треба да бидат механички, туку треба да претставуваат обид да создадеш чувство дека навистина располагаш со сила да го постигнеш она што го сакаш. Од тоа зависи колку некоја афирмација ќе биде ефикасна.

  1. Афирмациите често се многу ефикасни и инспиративни ако се однесуваат на духовните извори. Доколку веруваш во Бога, споменувањето на Името Божје на твојата афирмација & дава дополнителна духовна енергија. Можеш да кажеш: “Божествената Љубов”, “Светлината во Мене” или “Универзалната Интелигенција” – во зависност од тоа кој израз ти се чини најприкладен:

          –БОЖЕСТВЕНАТА ЉУБОВ ДЕЛУВА СЕГА НИЗ МЕНЕ!

          –СВЕТЛИНАТА ВО МЕНЕ ПРАВИ ЧУДА ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

          – “МОЕТО ПОВИСОКО “ЈАС” МЕ ВОДИ ВО СЕ’ ШТО ПРАВАМ!

          –УНИВЕРЗАЛНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ПРЕКУ МЕНЕ СЕ ПОКАЖУВА НА СВЕТОТ!”

          –БОГ Е СЕГДЕ КАЈ ШТО СУМ ЈАС!”

          Како и кога да се изведуваат афирмациите?

          Секогаш кога си опуштен или додека се опушташ, повторувај ја афирмацијата повеќе пати, било во себе, било полугласно, било гласно. Можеш да ги шепотиш, да ги изговараш кратко пред спиење или веднаш по будењето – тивко или гласно. Афирмациите можеш да ги кажуваш кога возиш автомобил или велосипед, кога работиш дома, едноставно додекаш вршиш каква било рутинска дејност.

          Изговарај ја афримацијата гласно додека се набљудуваш себеси во огледало. Оваа метода е посебно ефикасна при афирмациите кои што треба да ти ја засилат самодовербата и да ти ја зголемат љубовта кон себе. Гледај се директно в очи и зборувај си сбе си дека си убав, љубезен, вреден. Не се грижи ако додека го правиш тоа се чувствуваш непријатно. По извесно време ќе ја совладаш таа пречка и нема да ти биде тешко да се гледаш. Можеби ќе утврдиш дека преку оваа вежба во тебе настануваат некои нови пријатни чувства.

Своите афирмации можеш да ги снимиш на касета, на цеде или во МП3 плеерот и аудиоснимката да биде пуштена додека си во сон (нека ти помогне некој близок), додека возиш и слично. Афирмациите формулирај ги во прво лице еднина (така е најефикасно), но можеш и во второ или трето лице и тоа секогаш со твоето име: На пример:

          “Јас, Петар, секогаш сум опуштен и добро се чувствувам!”

          “Ти, Петре, секогаш си целосно опуштен и добро се чувствуваш!”

          “Петар секогаш е целосно опуштен и добро се чувствува!”

          Името Петар е земено случајно – при извршувањето на афирмациите секој треба да го изговара своето име.

          На лентата можеш да снимиш и некоја изјава во неколку реченици, со која дефинираш каков би сакал да бидеш или да ја прикажеш ситуацијата која целосно им одговара на твоите желби.

Афирмациите можеш и да ги пишуваш, особено доколку додека ги извршуваш се појавуваат сомневања, отпор или негативни мисли.

          Избери определена афирмација и напиши ја 10 или 20 пати. Сконцентрирано размислувај за смислата на зборовите додека ги пишуваш. Тоа е една од најефикасните техники кои досега се пронајдени.

          Афирмациите можеш да ги напишеш било со рака било на компјутер па да ги испечатиш. Малечките ливчиња можеш да ги носиш со себе или да ги поставиш на различни места во твојот дом или на работното место. Погодни места се: фрижидерот, телефонот, огледалото, компјутерот, покрај креветот итн.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20