ШТО Е ПСИХИЧКИ АТАК?

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Неговите форми се толку разнообразни, што речиси е невозможно да му се даде точна дефиниција. Сепак, да се обидеме да дадеме некои насоки во тој правец. Психичкиот атак се раѓа во просторите на Невидливото. Може да биде предизвикан од невидливи, но и од потполно спознатливи суштества, кои живеат во “месо и крв” во нашиот земски свет. Може да биде предизвикан од наполно нормални земни луѓе, коишто меѓутоа имаат навика да си мислат непријатни нешта, и без да сакаат, им придодаваат дополнителна сила со своите негативни емоции

.

Но, атакот може да биде предизвикан и од некој што решил да следи одредена негативна окултна традиција, на пример сатанист. За жал многу често оние што решиле на некаков начин да го реализираат своето негативно однесување кон други луѓе, воопшто и не помислуваат дека сличните дејства неминовно потпаѓаат под ударите  на Законот за трикратноста…

Како и да е… Психичкиот атак може да почне и сосема случајно, но и потполно свесно. Во вториот случај виновникот може да биде аматер, но апсолутен професионалец.

Во секој случај, атакот се напојува од некаква негативна енергија. Најчесто психичкиот атак се појавува во Светот на Формата, и тоа под доста разнообразни видови, вклучувајќи и како чудни и упорни состојби од типот на непријатните звуци или миризби.  Психичкиот атак може да се реализира и како болест, “несреќа”, или дури и спонтан немир. Некои душевни заболувања исто така можат да бидат последица на психички атак . Атакот би можел да се појави и како нетипична емоционалност, која небаре целосно ја обзела својата жртва – на пример настапи на необјаснива раздразливост, коишто можат не само да ги загрозат взаемните односи со околината, туку и да им создадат и доста проблеми.

Една традиционална форма на психички атак е инвазијата на разни ситни и здодевни штетници – лебарки, глувци и друго. Тој може да се изрази и како мистериозен пожар или, како поплава, но обично со ограничен опсег на дејство.

Во таков случај се поставува прашањето: Значи ли тоа дека треба да ја сметаме за психички атак секоја непријатност што ќе ни се случи? И има ли воопшто разлика помеѓу нив?

Психичкиот атак е невообичаен: тој доаѓа одненадеж и околу него е обвиена некоја чудна атмосфера – барем за оние што умеат да забележуваат такви нешта. Обично причината и последиците од лична природа се јасни.  Истото важи и за некои од божем необјаснивите несреќи или пехови – ако ги подложиме на поопсежна анализа, ако се подразмислиме за нивните резултати, се разбира, и да не пропуштиме консултација со некое соодветно гатачко средство.

Психичкиот атак не спаѓа во ниту една од познатите кармички ситуации – тој просто доаѓа однадвор во нашиот живот. Независно од својата форма, психичкиот атак црпи сила не од нешто друго, туку од тоа што се чуствуваме ранливи и се плашиме. Во некои општества буквално секој човек, само ако е убеден во реалноста на психичкиот атак (независно од тоа дали го нарекува “вуду” “обеја” или нешто слично) може сосема реално да се разболи, дури и да умре, особено кога атакот ќе се здружи со неговиот страв или чувството на ранливост.

Методи на психичка самозаштита

Овие умеења се корисни не само при судир со психички атак, туку и во случаите на  непожелно влијание или заповедништво.

*Ако сте на средба и  разговарате со луѓе чие влијание го сметате за разурнувачко и неопределиво, замислете си дека тие луѓе од Вас се одделени со тенка стаклена преграда. Вие можете да ги видите и слушнете, но нивниот магнетизам не може да допре до Вас. Визуелизирајте си ја таа преграда додека не стане апсолутно вистинска за Вас.

*Ако имате работа со човек којшто ја исцрпува Вашата животна сила, тогаш преплетете ги Вашите прсти и поставете ги споените раце на плексусот, а притоа лактите силно притискајте ги кон себе. Нозете нека Ви се допираат. На тој начин Вие влегувате во контакт со сите животни точки на Вашето тело и тоа станува еден затворен систем. Додека сте во таква положба, никаков магнетизам не може да истече од Вас.  Човекот за кој станува збор веројатно ќе се жали дека немате сочуство за него, без разлика колку љубезно ќе му зборувате.

*Ако некој се обиде да изврши  влијание врз Вас, такашто втренчено Ве гледа во очи, не обидувајте се да му одговорите на истиот начин, зашто така ќе дојде до еден истоштувачки двобој кој може да заврши неповолно за Вас. Погледнете го сосредоточено меѓу очите. А, ако тој/таа е еден обичен/на никаквец,  Вие веднаш ќе отстварите надмоќ.  Ако меѓутоа Вашиот противник поседува знаења за силата на умот, Вие можеби и нема да успеете да му подејствувате, но ниту тој нема да Ви повлијае и  и резултатот е еднаков и за двајцата. Не се обидувајте  да му возвратите, едноставно продолжете да го гледате меѓу очите и чекајте и тој (таа) да се откаже. Нема да чекате долго.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20