ФРЕНОЛОГИЈА И ФИЗИОНОМИЈА
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
За разлика од повеќето други состави покажани во оваа книга, физиономијата (проучување на ликот на луѓето, за да може да се прочита нивниот карактер) и френологијата (проучување на испакнатините и длабините на черепот) денес се потполно запоставени, и покрај приказните, што се однесуваат барем на физиономијата, која што е долга како и приказната за другите методи на гатање.
Проучувањето на цртите и карактерот на лицето и испакнатините на главата, се разбира никогаш не се користело за да се предвидат идните настани. Сепак, се тврдело дека тие можат јасно да го претстават карактерот на својот сопственик, во некоја мера тие се прорекнувачки и го покажуват доцнежниот развој на карактерот (исто како што и гледањето во дланка не посочува само на карактерот, туку и на идните промени на темпераментот).
ФРЕНОЛОГИЈА
Тоа било во 1796 година кога д-р. Франц Јозеф Гал (Франз Јосепх Галл 1758-1828), анатомичар на мозокот и физиолог кој работел во Виена,го развил својот познат состав за френологијата, а кој се темели на теоријата дека секоја умствена способност е локализирана, и дека големината на подрачјето на кое се наоѓа центарот на одредени способности има забележително влијание на обликувањето на човековиот череп. Проучувајќи ги така, испакнатините на нејзината површина, френологот можел да ја процени личноста и способностите на таа личност – и до одредена мерка да го прорекне текот на неговиот или нејзиниот иден емоционален живот, а таа оценка се темели на разбирање на психата.
Едно време, други позначајни откритија го подржувале Галовиот поглед: Пјер Флоуренс (Пиерре Флоуренс 1794-1867)вршел испитување на животни и потврдил дека одредени делови на мозокот се навистина важни за одредени функции (иако, тој ја одредил нивната локализација малку попрецизно отколку Гал); Пол Брока (Паул Броца 1824-1880)бил првиот кој го открил центарот за говор во левата целебрална половина на мозокот, а Фритц (Фритсцх) и Хитзиг (Хитзиг)различните делови на мозокот електрично ги стимулирале и успеале да локализираат одредени центри. Во Британија Џорџ Комб (Георге Цомбе) направил многу за популаризирање на Галовите идеи.
Иако, 20 -тиот век бил сведок на речиси целосно пропаѓање на Галовата теорија, френологијата с# уште, целосно не се изгубила од светот на физиолошката психологија, иако денес со неа се занимаваат главно “чудаци”.
На крајот на краиштата, додека емоциите и умствените способности на фетусот се формираат, неговиот череп е мек и се витка; замислата дека на нејзиното конечно обликување делумно може да влијае обликот на мозокот, кој се наоѓа под неа, и не би требало да биде претерано неприфатена.
Модерната неврологија ги поставила во однос функцијата на умот и специфичните делови на мозокот. Единствено оние кои веруваат дека научниците знаат за сите првични фази на човечкиот живот, можат целосно да ја отфрлат френологијата.
ФИЗИОНОМИЈА
Првиот модерен прирачник за физиономија сигурно бил “Де Хумана Психиогномиа”, којшто го напишал Жан Батист де ла Порта (Гиамбатиста делла Порта 1535 -1615), и конечно е издаден на италијански во Падова, 1672 година. Во овој дел тој цитира многу поранешни авторитети, кои на пример тврделе дека Питагорејците околу 500 г.пр. н. е. инсистирале на тоа, дека никој на кој физичкиот изглед не покажува способност за учење, не би требало да се прими за ученик. Верувањето кое го застапувале Платон и Аристотел било дека: природата создала тело, во размер со особините на душата.
Од најраните времиња постоела цврста врска помеѓу физиономијата и астрологијата: цртите на челото на пример, се придружувале на шест познати планети и Месечината, за нив се говорело дека влијаат на ликот на личноста, зависно од силината и длабочината на цртата што се надгледува. Многу столетија астролозите го земале предвид и “значење на телото”и се говорело дека со проучување на картите добриот астролог може точно да каже каде на телото на клиентот се наоѓа младеж или повеќе младежи – навистина, некои би го извеле тој трик за да би докажале колку можат да бидат конкретни!
Иако, сериозните прорекувачи, како и научниците сега поголемиот дел од физиономијата го отфрлаат, нејзината популарност е разбирлива, бидејќи навистина ние го проценуваме карактерот на луѓето по нивниот изглед, иако често и грешиме во тоа исклучително тешко го отфрламе тој заклучок. Една тешкотија, во пробата за споредување на лицата е таа дека сме склони кон тоа што, с# присетуваме само во груби црти: како што тоа го прави полицијата кога сведокот настојува да го опише криминалецот, ние во својата меморија го потхрануваме само стенографскиот опис на лицето, кој зависи од нашето сеќавање на неговите видливи црти. Често, тешко можеме да препознаеме некој најблизок пријател, ако ги прекрие своите очи, уста и нос. Поблиско проучување на човечкото лице значи да се внимава на секоја поединечна црта, како и целосно. Може ли некогаш да се каже, дека е спорно, ако сето тоа сме го зеле предвид, дека една карактеристика на лицето ја означува интелигенцијата, а друга глупавоста – иако, дури и еден модерен човек помислил дека тоа е можно: Пруст бил тој, што рекол дека “ Ако окото е често орган низ кој свети интелигенцијата, носот е всушност тој кој најдобро ја открива глупавоста”.
Физиономија: како да ја применувате
Џон Каспер Лаватер – (Јохн Цаспар Лаватер) останува најпознат коментатор на физиономијата, па следните толкувања главно се темелат на неговите проучувања. Најцелосен превод на неговото дело опфаќа преку 500 страници (Есеи за физиономијата, 1840) Еве неколку од неговите заклучоци.
ЧЕЛО
Лаватер верувал дека пропорциите на челото покажуваат “склоност, степен на моќ, мисли и сензибилитет” на личноста. Градбата на кожата и брчките на неа одразуваат страсти и моментно душевно расположение, додека коските под челото посочуваат на “примена на моќта”.
Идеалното чело би требало да има чиста кожа, а исто така би требало да биде соодветно со останатите делови од лицето, т.е. тоа би изнесувало една третина од должината на лицето. На врвот би требало да биде округло, без брчки, ако личноста е опуштена, но би требало да се појават кога е замислена.
Долго: сразмерно, личноста е интелигентна, но помалку активна.
Кратко: цврста и решителна личност.
Накривено: сразмерно, личноста е нежна.
Потполно испакнато: недостаток на интелигенција, но ако е малку накривено на местото каде што ја достигнува линијата на косата, оваа личност има “способност за ладно, длабоко размислување”.
Косо: духовитост и проникливост.
Истурено: незрелост и слабост.
Убаво свиткано во лак:(претежно кај жените) промисленост и јасност.
Мало, набрано, кратко, сјајно: слабост и недостаток на фантазија и емоции.
Џумковидни испакнатини: енергичност, непоколебливост и страст.
Поделено на два лака:јасно и здраво разбирање.
Изразени брчки: грижливост и сила.
Водорамни или испрекинати брчки: невнимателност и мртвило.
Изразени брчки помеѓу веѓите: интелигенција посебно кај мажите, (Лаватер вели – “Ако се наоѓа кај жените, тешко е да биде дискретна и разбрана”)
Без брчки: Личности кои се “ладни, злобни, сомнителни, темни, себични, склони кон осудувања, замислени, подли и ретко простуваат”.
Коси црти: сомнителен ум.
Паралелни црти: многу интелигентни, мудри, рационални луѓе.
ОЧИ
Лаватер верувал дека сините очи “општо повеќе означуваат слабост, мекост и попуштање” отколку кафените и црните очи. Од друга страна пак луѓето со сини очи се мирни и со весел темперамент. Многу јасно сини очи, обично посочуваат на луѓе кои се сомнителни и склони кон љубомората. Кафените очи оддаваат наметлив карактер, додека зелените очи покажуваат ревност и храброст.
Ситни, црни, со искри, очи покажуваат на итрина.
Лак над веѓите: ако е совршено округло, открива доброта и нежност, а понекогаш и плашливост.
Совршено водорамен капак: означува досетлива, прониклива, способна личност.
Широки отворени очи: откриваат храброст и непромисленост.
Долги, остри, водорамни агли: знак на гениј, посебно ако се дебели.
Големи, отворени, проѕирни: брзо расудување, елегантност и вкус, раздразливост, гордост и “најдива љубов кон спротивниот пол”.
Длабоки, воспалени, ситни, матно–сини очи: под коскениот дел на челото означуваат горделива, сомнителна, злобна личност, без срце.
ВЕЃИ
Лаватер рекол дека општо е прифатено дека “јасните, густи веѓи кои имаат облик на кров и го засенуваат окото, а дивите и раскошно густи, се секогаш знак на здраво, мажествено зрело разбирање; понекогаш гениј со оригиналност, а никогаш непостојани, етерични, со вљубена нежност и духовитост”.
Водорамни: разбирање, ладно срце и способност за изработка на планови.
Правилно свиткани: кај мажите оддаваат одреден степен на женственост.
Водорамни и правилно свиткани: одлична рамнотежа.
Диви непослушни: див и збунет ум, освен ако влакната се посебно меки, што означува ограниченост.
Цврсти, убаво обликувани: “мажевно, зрело разбирање, длабока мудрост, исправна и непогрешлива моќ на забележување”.
Споени веѓи над носот: ги сметаме за отворени, искрени личности, но можат да означуваат и “немирно срце”.
Слаби, кратки веѓи: ретки влакна, посебно ако се во комбинација со долги трепки, посочува на слаба телесна конституција, но и висок степен на ограниченост.
Аглести, цврсти и густи: вжештеност и креативност.
Блиску до очите: длабочина на карактерот и цврстина.
БРАДА
Истурена: позитивна личност.
Вовлечена: негативна личност.
Со дупче: некој ладен ум.
Шилеста: знак на интелигенција и острина на умот.
Мека, дебелка или двојна: личност која ужива во храна, но е мудра и дискретна.
Долга, ковчеста, широка, набиена: ја наоѓаме само кај грубите злобни горделиви и насилни луѓе.
(Десно)”Дух на истакнување – (Лево) “Слика на крвожедност
желба за мудрост – брутално крутост, бесчувствителност, фалење донесува брчки на без ниедна црта на човечност”.
лицето.
Лице на строг човек склон кон
осудување, од кој не може да
се очекува милост, чиишто про-
дорни очи ќе допрат до човеч-
ките мисли, но тој самиот малку
ќе зборува. Неговите веѓи посочу-
ваат на длабок и оригинален
мислител.
“Истенчена сензибилност и вонреден
вкус произлегува од цртите на ова лице, означувајќи го писателот кој до небо би ја изнел убавината на природата или радоста на пријател- ството, што покажуваат усните или
веѓите. Науката нема да одговара…”
НОС
Убав нос, како што изјавил Лаватер, секогаш е знак на добра особина (карактер).
Неговата должина треба да биде еднаква на должината на челото. Мора да биде малку накривен (налегнат) на врвот, каде малку треба да биде поширок; неговиот завршеток не би смеел да биде ни тврд ни меснат, ни многу шилест ниту пак силно округлест. На местото каде се спојува со лакот на очните коски, би морал да биде широк барем пола инч(1,25 см), ноздрите на врвот треба да се шилести, а на дното заоблени.
Мал нос: неговиот сопственик е подобар во размислување, отколку во делување, подобар во слушање отколку во говорење.
Свиткан во лак блиску до челото: личност родена да заповедува.
Правилен: добро урамнотежена личност, луѓе кои имаат широк нос, на некој начин често се исклучителни.
Мали ноздри: плашливост.
Широки ноздри: чувствителна личност, но “лесно може да се претвори во ограничена”.
Врвот на носот да е свртен нагоре: некој кој е наклонет кон задоволствата – доброчудна и надарена, можеби љубоморна.
Свиткан надолу: неомилена, зајадлива, злобна личност.
Свиткан како лак во горниот дел: сигурно ќе биде забележителна развратноста кај оваа личност.
Набран: Означува некој кој е навистина добар.
УСНИ
Ако устата е широка како и очите, тоа покажува на глупавост. Истакната долна усна, исто така е знак на глупавост и грубост, како и лакомост. Неразмерот помеѓу горната и долната усна открива лекоумност.
Цврсти усни: цврст карактер
Млитави, лабави: слаб карактер.
Убаво обликувани, големи: личност која сака задоволство, но никогаш не може да се види ни, кај мажот ни, кај жената злобната особина.
Тенки: Многу грижи околу редот и надворешноста, може да означува депресија, па дури и злоба.
Полни: Личност која силно е оддадена на негрижа и несериозност.
Нежна горна усна која ја покрива долната: “добра” личност.
ЗАБИ:
Мали, кратки заби: посебно ако ја промениле бојата, откриваат слаб карактер.
Долги заби: “сигурен знак на слабост и малодушност”
Бели, чисти, убаво распоредени: видливи, но не испакнати, добра и искрена личност.
Горно забно месо: ако се гледа кога личноста говори, е знак на ладен темперамент.
ФРЕНОЛОГИЈА: како да ја применувате
Черепот, Гал го поделил на три главни подрачја, и нив ги поделил понатаму на други големи и мали делчиња, мали или големи по големина и значење, а го означувале (тврдел) степенот до кој поединецот поседува емоционални и умствени карактеристики со кои владеат способностите што лежат под черепот на тие места. Неговата теорија, подоцна ја разработил Јохан Каспар Спурзеим (Јоханн Каспар Спурзхеим) кој бил негов помошник, од 1776-1832 на американските психолози и френолози. Конечно прифатената “френолошката глава” содржела 42 дела: интелектуалните способности наводно се наоѓале во предниот дел на черепот, инстинктите во средниот дел, а моралните способности во горниот дел.
“Читањето” на главата станува лесно, само со многу вежбање: во почетокот ќе бидат забележани големи “испакнатини”, кои френолозите ги нарекле “способности” или органи; но искуството овозможува споредување на повеќе мали “испакнатини”. Главата со густа, бујна коса не е многу од корист, па што повеќе релативно ќелави пријатели некој може да собере, така подобро ќе напредува.
Испакнатини
-
Јазик. Испакнато око или испакнатини под окото откриваат дарба за говор.
-
Разместување. Мали испакнатини од страна на носот, како последица на тоа изгледа дека очите се доста одалечени, означуваат остро забележување на обликот и разместувањето; целосна отсутност на вакви џумки значи дека не знаете да цртате.
-
Пропорција. Испакнатините кои се наоѓаат точно над (2) одава чувство на визуелна пропорција.
-
Тежина. Добро проценување на тежината; ако тука се наоѓа голема испакнатост, таа означува љубов кон висините.
-
Боја. Љубов и добро оценување на вредноста на бојата; Непостоење на испакнатина: нераспознавање на бои.
-
Планирање. Открива добра способност за планирање, уредување; Непостоење на испакнатини значи неуредност и недостаток на идеи.
-
Математика. Последна испакнатина во оваа низа далеку од линијата на очи упатува за дарбата за математика; Непостоење на испакнатина во најдобар случај открива неспособност, а најлошо непознавање на бројки.
-
Забележување. Ако испакнатината е веднаш над, а помеѓу очите добро развиена , покажува одлична моќ на забележување.
-
Место. Испакнатина за место (се наоѓа над (8), од двете страни на тој отсек) – открива љубов кон патување, кон нови и непознати места; Ако е силно изразена насочува кон истражување.
-
Приказни. Љубов кон минатото и способност тоа да се запамети; Ако е многу истакната – присутна е склоност на преголема обработка, факт е дека здодева на луѓето.
-
Анализа. Добра моќ на анализа и способност за собирање на аргументи.
-
Проценување. Особено луѓе; Одлична вештина на проценување други; Ако е преголема, голема критичност; Ако ја нема неспособност за расудување.
-
Сочувствителност. Сочувствителна особина; Човекољубива и љубена; Ако е преголема, оваа личност лесно може да се измами.
-
Почитување. Почитување на општеството и неговите правила, а можеби и религијата; Ако е премногу развиена, подреденост.
-
Самодопаѓање. Големината е пропорционална, можна е замисленост и дрскост, но и непоколебливост.
-
Самопочитување. Ако оваа испакнатина е истакната, нагласува решотелност на поединецот да биде успешен; Голема џумка може да означува замисленост и дрскост, но ако ја нема, тоа посочува на недостаток на самодоверба и наклоност.
-
Слава. По нешто наликува на 16. Оваа испакнатина посочува на желбата за слава, популарност и на решителноста да се оствари; Ако е голема, може да покажува преголем степен на вообразеност.
-
Чесност. Свест за морални вредности и увереност за сопствена чесност; Ако е нагласена, личноста е неспособна да го види гледиштето на другите.
-
Тежнеење. Оптимизам и амбиции кои гледаат на напред; Решителност да се биде среќен; Ако ја нема тоа е знак за песимизам.
-
Духовност. Знак на душевни и религиозни способности.
-
Театар. За оваа испакнатина се вели дека е вообичаена кај артистите; Инаку означува надареност за однесување и драматизација.
-
Човечност. Означува способност човекот да биде пријатен во кое било друштво.
-
Мисла. Упатува на интелектуализам и рационална мисла; Непостоење на ваква испакнатина би значело неспособност за проценка.
-
Време. Истенчена свесност за минување на времето, паметење на датуми, чувство за ритам.
-
Смеење. Знак на духовитост, хумор, уживање во добра забава; Голема испакнатина на смеење може да означува личност која сака да прави неумесни шеги; Непостоење посочува на недостаток на хумор, неспособност во уживањето.
-
Смисол за уметност. Испакнатината за смисол за уметност, било на творецот или на личноста која ја цени уметноста; Знак за поет; Ако ја нема – вулгарност.
-
Големина. Личноста која ја има оваа испакнатина ги цени големите предмети, широко гестикулирање и она возвишеното во човековото остварување.
-
Внимателност. Карактеристика на внимателност – која што одбегнува ризик; Ако е развиена испакнатината, нерешителен човек, до таа мера никогаш да не се определи.
-
Концентрација. Способност за непрекинато концентрирање на некоја работа; Развиена – склон да биде ситничар и постојано да се повторува.
-
Пријателство. Способност за стекнување пријатели, љубов кон пријателите и потреба од нивното друштво; Друштвеност. Непостоење – неспособност за стекнување на пријатели.
-
Дом. Љубов кон домот како физичко место; Исто така патриот.
-
Родителство. Родителска љубов кон децата и обратно; Исто така и љубов кон животните; Ако оваа испакнатина премногу е испакната – означува претерана посесивност.
-
Љубов. Знак на чесна, постојана и верна љубов.
-
Секс. Еротска љубов во секој облик; Што е повеќе испакната тоа е понагласена.
-
Пресметливост. Означува степен на храброст и борбеност на некоја природа; Ако џумката е голема, огнен темперамент и срамежливост, до степен на физичка борба.
-
Жестокост. Ова испакнување посочува на силна, издржлива особина, ефикасна па дури и немилосрдна; Голема џумка упатува на тоа дека личноста е склона кон одмаздување, можеби и суровост.
-
Тајност. Во најдобар случај обѕирност и доверба; Ако е голема испакнатината на ова место можна е замисленост и тајно вплеткување во нешто.
-
Стекнување. Љубов кон власт и богатство, како и желба да се дојде до нив.
-
Механика. Механички способности, техника на дизајнирање.
-
Планирање. Оваа испакнатина посочува на способност за детално планирање, да учествува во спроведување на плановите.
-
Апетит. Знак на физички апетит; Изразено испакнување значи гурман, а премногу развиено – лакомост.
-
Виталност. Знак на виталната личност, количество на енергија и општото здравје; Но, ако е премногу развиена може да означува хипохондрија.
Од книгата на Деркер и Јулија Паркер “Како да се предвиди иднината”
Споделете